Видео: Порше Кајен вози 330 километри на час

Доработеното Порше Кајен Турбо со скоро 1.000 коњски сили, ја ослободи целата своја сила на една делница на автопат во Германија.

Порше Кајен Турбо е вистински ѕвер меѓу „SUV“ моделите, со фабрички 550 коњски сили и максимална брзина од 286 км/ч. Тоа сепак не ја спречи германската тјунерска фирма „HGP Turbo “, да го модификува овој автомобил и да извлече нов максимум од него.

Кајен Турбо со модификациите доби дополнителна сила, па сега неговиот 4.0 литарски „V8“ твин турбо бензински мотор испорачува дури 962 коњски сили, а максималната брзина е околу 330 км/ч.

Овој ѕвер ја ослободи својата сила на една делница на автопат во Германија, погледнете како тоа изгледа (вистинскиот тест е на околу 11 минута од снимката):

Нов извештај за мониторингот на јавните набавки

Честите поништувања на тендерите  ја отвораат дилемата дали така се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите од институциите, велат од Центарот.

Најниската цена при јавните набавки и натаму е проблем број еден за фирмите, покрај обемната документација и задоцнетите плаќања за фирмите, покажува шестмесечниот извештајот од мониторингот на јавните набавки од Центарот за граѓански комуникации.

Честите поништувања на тендерите ја отвораат дилемата дали така се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите од институциите, велат од Центарот.

Извештајот покажува дека најниската цена е користена како критериум за избор на најповолна понуда во 97% од тендерите, а електронската аукција е применета во дури 94% од тендерите, што е во спротивност со европските трендови и го намалува квалитетот на производите.

-Поентата на јавните набавки кога се користат државни пари, наши пари, е да се купи најдоброто. Ниту најевтиното, ниту најскапото. Имаме набавки каде што квалитетот е многу битен - храна во градинки, храна во болници и други материјали којшто се за животот и здравјето, а повторно се оди со најниска цена, а се занемарува квалитетот, вели Герман Филков од ЦКГ.

Особено загрижувачки според анализата е што дури половина од фирмите сметаат дека има корупција во јавните набавки.

-Едно посериозно прашање во анкетата од фирмите е дека 48 проценти од фирмите сметаат дека во јавните набавки секогаш или често има корупција, односно дека мораат нешто да дадат, некаква услуга, парична, или врска да фатат за да се добие тендерот, објаснува Филков.

Нетранспарентоста во јавните набавки и натаму останува проблем, особено во договорите во „четири очи“ меѓу јавните институции и некои фирми, вели Филков.Во 2019 година, во директни преговори и без објавување оглас, склучени се 368 договори, во вкупна вредност од 40 милиони евра. Во однос на лани намален е бројот на договори, но вредноста е зголемена за 21 %.

Дирекција за заштита и спасување: Граѓаните да не се движат покрај реките и речните брегови

 Поради нестабилното време проследено со локален пороен дожд, грмежи и град, предизвикано од циклонска активност, Дирекцијата за заштита и спасовање апелира граѓаните да не се движат покрај реките и речните брегови во земјата.

– Согласно Законот за заштита и спасување и најавата на УХМР за нестабилно време проследено со локален пороен дожд, грмежи и град, предизвикано од циклонска активност, Дирекцијата за заштита и спасување ја следи ситуацијата и навремено ги извести сите подрачни одделенија за заштита и спасување како и единиците на локалната самоуправа за превземање на мерки во своите надлежности. Дирекцијата за заштита и спасување АПЕЛИРА до граѓаните да не се движат покрај реките и речните брегови низ земјата, се вели во соопштението Дирекцијата.

Утрово, УХМР информираше дека и покрај најавените поројни врнежи во наредните денови, нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, но, предупреди дека е можно слевање вода во градските урбани средини.

– Почнувајќи од денешните попладневни часови, па во наредните неколку дена, како резултат на циклонска активност, ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, град и ветер. На поедини места од државата се најавуваат локални поројни врнежи од дожд (на поедини места над 30 литри на метар квадратен, при што нема опасност од излевање на поголемите реки во земјата, наведува УХМР.

Според Управата, на одредени места врнежите се очекува да бидат поинтензивни, да паднат за кратко време и да бидат во форма на невреме придружувани со силен ветер.

– Поради тоа, можна е појава на слевање вода во градските урбани средини поради неможноста за нејзино одведување. Исто така, при краткотрајни интензивни врнежи можно е локално брзо зголемување на водостојот на помалите реки и суводолиците и нивно локално излевање. При такви околности, предупредуваме на внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците низ земјава, информираше УХМР. /МИА

Шест починати, 88 новозаболени, 113 оздравени во последното деноноќие

Од 1507 тестирања, 88 лица се позитивни на коронавирусот во изминатово деноноќие, односно 5,38%, покажува најновиот здравствен билтен. 

Сепак, битката со Ковид-19 ја загубија шест хоспитализирани лица, од 56 до 91 годишна возраст, но податоците велат дека и денеска се регистрираат повеќе излекувани, вкупно 113, од новозаразени лица.

Министерот за здравство, Венко Филипче, пак, преку фејсбук статус, резимирајќи го извештајот на Институтот за јавно здравје за изминатата недела, сподели дека се забележани позитивни трендови при справувањето со епидемијата во земјава, особено за стапката на Р0 факторот, односно факторот за преносливост, кој е под единицата и сега изнесува 0,9, што значи дека едно заболено лице, во моментов, заразува најмногу уште едно.

Според извештајот, за периодот од 20 до 26 јули годинава, новозаболени биле 956 лица, што претставува вкупно 9,99% од спроведените тестирања, додека пак од друга страна, за неделата од 27 јули до втори август, новите Ковид-19 позитивни случаи се 912 или 9,39% од направените тестови.

Енормен раст се регистрира во графата на оздравени, па така бројката на излекувани од 654 кон крајот на јули, порасна на 1.032 оздравени до втори август.

Сепак, непосакуван е трендот кај хоспитализираните – девет повеќе за една недела, но пак, за министерот Филипче, од друга страна, дава надеж фактот за минималниот пад на смртни случаи – три помалку за споредбениот период.

Инаку, според параметрите на СЗО, покрај Скопје, Штип и Куманово, кои остануваат во 4-тата критична фаза за локална трансмисија на Ковид-19, овојпат наместо Тетово, во неславната група се приклучија гостиварчани.

притисни ентер