Видео: Понекогаш треба да ризикувате за да направите добра снимка или фотографија од Ферари

Доколку сакате да направите добра видео снимка или фотографија од Ферари во возење, некогаш морате и да ризикувате.

Во време кога влогерите и инфлуенсерите често привлекуваат повеќе внимание од некои професионални ТВ емисии, исклучително е важно видеата или фотографиите да бидат ефективни.

Иако не знаеме кој го организирал снимањето на ова Ферари „F12 Berlinetta“ на некој од американските автопати, со сигурност тоа видео и фотографии ќе завршат на социјалните мрежи.

Да нема забуни, и професионалците користат техника за снимање од багажник, но тоа обично го прават со поголеми возила и адекватна безбедносна опрема.

Тоа што привлекува внимание во овој случај е дека станува збор за лимузина „Chevrolet Cruze“ со полуотворен багажник од кој излегува човек до камера во рацете, кој некако успеал да се стисне во багажникот на седанот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

*Vin Diesel has entered the chat* (Submitted by @nictaymcc)

A post shared by Tank Sinatra (@influencersinthewild) on

притисни ентер