Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
1Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
3Светски ден на ерадикација на карциномот на грло на матка: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
ЖивотВидео: Политичар фатен на дело, на седница на парламентот гледа порно!! Бразилскиот политичар Жоао Родригез малку се „заиграл“ и очигледно заборавил дека е опкружен со камери, една од нив го снимила додека гледа порнич на мобилен за време на една расправа во бразилскиот парламент. Пратеникот во бразилскиот парламент најверојатно сакајќи да заборави на досадната расправа одлучил да погледне нешто многу позабавно и поинтересно. Пратеникот од Социјалдемократската партија толку многу бил задоволен од порничот , што експлицитните снимки одлучил да им ги покаже и на своите блиски колеги политичари, кои веднаш го прифатиле предизвикот. Во исто време инаку на седницата траело гласањето на изборните реформи , закони кои за парламентарците дефинитивно не биле многу интересни. Откако видеото од пратеникот кој гледа порнич на седница се појави на интернет, пратеникот Жоао Родригез одлучи да им се извини на Бразилците преку Фејсбук, и објасни дека спорното видео го добил по пат на групна порака од „ Vatsapu". Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со КинаМексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс. Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC). #SheinbaumLiderMundial 🚨 LLEGA LA NUEVA ERA MEXICO-CHINA Nuestra PresidentA @Claudiashein y toda la delegación Mexicana fueron recibidas en la Sala de Honor por el Presidente de China, Xi Jinping y su gabinete, en la que acordaron una nueva era de cooperación para impulsar el Desarrollo y el Comercio entre ambos países... — La Catrina Norteña (@catrina_nortena) November 17, 2026 Кинески предлози за соработка Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување. Reunión con el presidente Xi Jinping y su gabinete. Hablamos de una nueva era de cooperación para el desarrollo en las relaciones México-China. https://t.co/ucrYYb7BSe — Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) November 17, 2026 Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБорците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар. Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили. Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари. Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов. Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер. Full footage of Merab Dvalishvili and Usman Nurmagomedov brawling just dropped DAAAAMN 🤯 (via @RedCorner_MMA) https://t.co/fQhGhUH6Ws — Happy Punch (@HappyPunch) November 11, 2026 Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУапсен раководител во ДЗС - барал мито за да издаде позитивно мислење500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари.500 евра поткуп за позитивно мислење за изградба на објект. Ваква пријава добил директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, од граѓанин кој му се пожалил дека советник за урбанистичко планирање од ДЗС, му побарал пари за издавање на потребното мислење. Ангелов вели дека веднаш го упатил лицето случајот да го пријави во МВР. По пријавата следувала полициска акција и апсење на вработениот, кој сега е осомничен за кривично дело примање поткуп. -Пред неколку дена добив повик од граѓанин кој ми се пожали дека од страна на лице вработено во ДЗС како Советник за урбанистичко планирање му биле побарани 500 евра за да добие позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засегнатото лице го упатив случајот веднаш да го пријави во Одделот за организиран криминал на МВР. Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на безмалку сите вработени во ДЗС кои чесно, совесно и пожртвувано ги извршуваат своите работни обврски,- – Стојанче Ангелов, директор на ДЗС. Од МВР информираат дека лицето било лишено од слобода во координација со Обвинителството. По целосно документирање на случајот најавија соодветна кривична пријава. Од ОЈО велат дека јавнообвинителска одлука ќе биде донесена утре. -Се постапува за обезбедување докази. Лицето е задржано по насоки на јавен обвинител, а во текот на утрешниот ден ќе биде донесена јавнообвинителска одлука,- – ОЈО Скопје. Ангелов ја поздрави акцијата и ги повика граѓаните кои се соочуваат со незаконско постапување од страна на вработени во Дирекцијата, случаите веднаш да ги пријават во надлежните институции. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32