Видео: „PlayStation 5“ со водено ладење, изгледа како вселенски брод - Канал 5

Видео: „PlayStation 5“ со водено ладење, изгледа како вселенски брод

Еден виатнамски модер решил од оваа конзола да направи вистински ѕвер.

Видео: „PlayStation 5“ со водено ладење, изгледа како вселенски брод

Тој решил да ја расклопи „PlayStation 5“ конзолата, да ја редизајнира и да и вгради водено ладење.

Тоа секако има свои предности, воденото ладење е потивко од стандардното воздушно ладење а и поефикасно се справува со температурите, а да не заборавиме и дека може да изгледа феноменално.

Инаку, креаторот на ова модификација најавува дека ќе продоли со работата на нејзе. Ќе има уште многу варијации во дизајнот, а тој планира и да заработува од продажба на модифицирани конзоли.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес.

Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – село Житоше во општина Крушево и кај селото бојане во општина Сарај..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во Припор

Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.

МОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во Припор

Во подрачниот објект на основното училиште „Круме Кепески“ во Припор, општина Кисела Вода, денес во употреба беше пуштена новоизградена спортска сала, за која преку повикот на Владата за реализација на капитални инфраструктурни проекти во општините, минатата година беа одвоени речиси 20 милиони денари. Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.

На отворањето, во присуство на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, честитајќи за успешно завршената инвестиција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека Владата има стратегија за поквалитетно образование, а еден од приоритетите е забрзана модернизација на образовната инфраструктура.

“Ќе потсетам дека за две години реализиравме инвестициски циклус од над 70 милиони евра во 90 инфраструктурни проекти во образованието. Овој проект е еден од нив, а дополнително тука во Кисела Вода во моментов градиме спортска сала во склоп на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и ги обновуваме спортските сали во рамки на централниот објект на „Круме Кепески“ и во рамки на ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево“, рече Јаневска.

Информираше дека наскоро започнува реализацијата на три нови проекти.

„За да се воведе концептот на едносменска ефективна настава на целата територија на Кисела Вода, ќе го помогнеме проширувањето на капацитетите на три основни училишта. Едното е централниот објект на „Круме Кепески“, другото е „Кузман Шапкарев“ во Драчево и третото е „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Во сите три училишта ќе доградиме по 6 училници. Активностите во првото започнуваат кон крајот на оваа година, во другите две на пролет следната година“, додаде министерката.

Упати пораката новата спортска сала да се користи интензивно, но и одговорно, за како што рече - да биде место за создавање спомени, спорт, постигнување успеси и за рекреација на сегашните, но и на многу нови генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ - одговорност за труењето во Гостивар и тепањето млади

Поминаа повеќе од пет недели од здравствената катастрофа во Гостивар а досега нема никој одговорен од власта.

Штерјова: Савески да постапи по кривичните пријави од СДСМ - одговорност за труењето во Гостивар и тепањето млади

Цел град отруен од загадена вода, 5.000 граѓани завршија во болница, а одговорност сè уште нема.

Функционери и политичари држат здравица, пијат вода пред камери а цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии.

Срам и брука. А одговорност нула!

Доколку јавниот обвинител Ненад Савески се врати од екскурзија прашуваме дали постапи по кривичните пријави поднесени од СДСМ?

Дали утврди кој ќе одговара за здравствената катастрофа во Гостивар?

Ги повика ли на распит Клековски, Андоновска, Мицкоски, Тошковски?

Кој ќе одговара за изјавите дека водата е исправна да се користи како „техничка“ а потоа дека има многу различни бактерии?

Зошто досега ниту еднаш не беше објавен јавен документ за анализата на водата во Гостивар?

Повеќе од еден месец граѓаните слушаа различни и контрадикторни изјави од власта.

Мицкоски велеше дека водата е исправна за техничка употреба, Ангелов и Клековски потврдија дека има бактерии, а Тошковски правеше хиперхлорирање.

Официјален извештај и целосна анализа за водата пред јавноста немаше.

За катастрофата во Гостивар мора да има политичка и кривична одоговорност.

Исто и за нападот врз младите активисти во Ново Село.

Поминаа денови од нападот, а јавноста сè уште нема одговор кој ќе одговара. Поднесените кривични пријави на СДСМ се за сериозни кривични дела.

Не може Обвинителството да молчи.

5 тони дрога поминаа преку граница и за тоа никој не одговараше.

Филмски заплени на 100 тони марихуана, најави и јавни обинувања и на крај ништо.

Бараме итно Обвинителството да постапи по кривичните пријави кои ги поднесе СДСМ.

Итна постапка од обвинителот Савевски, доколку се вратил од екскурзијата, да утврди кој и врз основа на кои анализи денеска потпишал дека водата е безбедна.

СДСМ нема да дозволи овие случаи да бидат ставени во фиока.

За труењето во Гостивар мора да има одговорност.

За нападот врз младите мора да има одговорност.

За злоупотребата на полициски документи мора да има одговорност.

Граѓаните не бараат здравици бараат одговорност!

Прес-конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер