Видео: Паника во авион, патничка сака да ги убие патниците

Валери Курбело е уапсена од страна на полицијата по летото за Сакраменто поради смртни закани кон патниците во авионот, пренесува „ЦБС Њуз“.

24 годишната Валери за време на летото во тоалетот запалила цигара кога авионот летал некаде меѓу Портланд и Сакраменто. Според авиокомпанијата „ Soutvest Erlajnsa“ патничката Валери се обидела да го расипе детекторот за чад.

Откако стјуардесите ја предупредиле дека пушењето во авионот е забрането и ја замолиле да се врати на своето место , Курбело ја извлекла маската за кислород над седиштето и почнала ирационална до вреска.

Еден од патниците го снимил целиот инцидент, во видеото може да се слушне како Валери ги собира своите работи и вика.
-Јас имам свое одредиште . Се колнам ако не слетаме ќе ве убијам сите во овој авион, вика Валери.

Стјуардесата потоа се обидува да ја смири нервозната патничка,но Валери ја турнува девојката, по што дел од екипажот морал физички да ја совлада нервозаната патничка.

Веднаш по слетувањето Валери е уапсена од полицијата и осомничена е за смртни закани.

Новинар на ЦБС ја посетил во затвор Валери и ја прашал зошто кажала дека ќе ги убие сите патници во авионот?
На што Курбело одговорила:
„Не знам . Тоа не бев јас, тоа не бев јас“.

Бајден и Трамп прифаќаат дебата пред претседателските избори

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговиот противкандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп, соопштија дека прифаќаат јавна дебата пред изборите.

81-годишниот Бајден, кој се кандидираше за втор мандат, во радио интервју, прашан дали би учествувал во јавна дебата со неговиот 77-годишен претходник од републиканците рече дека „со нетрпение би го очекувал“.

Ова е прв пат Бајден јасно да стави до знаење дека е подготвен за дебата со својот републикански ривал.

Трамп, кој одби да учествува во дебати дури и со ривалите од сопствената партија, пак изјави дека е подготвен за дебата со Бајден „во секое време, каде било“.

Блинкен се очекува во Саудиска Арабија на самит за глобална економија и за Газа

Највисокиот дипломат на Вашингтон е меѓу лидерите кои се очекуваат на економскиот самит организиран од Саудиска Арабија, што треба да почне в недела, со силен фокус на тешката војна во Газа, рекоа организаторите.

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен „ќе дојде директно од неговите посети во Кина и на пат за Израел“, рече Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум на прес-конференција денеска во Ријад.

Други учесници на дводневниот специјален состанок се палестинскиот претседател Махмуд Абас и министрите за надворешни работи и премиерите од целиот Блиски Исток и од Европа.

Тие вклучуваат министри за надворешни работи од Франција, Германија, Обединетото Кралство и ЕУ и премиери од Катар, Јордан, Египет и Ирак, се вели во соопштението на СЕФ.

„Вкупно 12 шефови на држави и влади се појавуваат меѓу повеќе од 1.000 учесници“, рече Бренде.

притисни ентер