Видео: Охридскиот херој Марко преплива 24 км релација Радожда-Трпејца-Градиште - Канал 5

Видео: Охридскиот херој Марко преплива 24 км релација Радожда-Трпејца-Градиште

16 годишниот Марко Пејчиновски од Охрид ја исполни седмата мисија на Охридското езеро ова лето.

Видео: Охридскиот херој Марко преплива 24 км релација Радожда-Трпејца-Градиште

Храбриот и упорен Марко викендов ја преплива дистанцата Радожда – Трпејца – Градиште за 6 часа 52 минути 15 секунди.

До крајот на летото Марко ќе преплива уште три релации на Охридското езеро, и сезоната ќе ја заокружи со десет испливани мисии, во должина од 250 километри.. Подвизите на Марко Пејчиновски се единствени и уникатни. тој е најмладиот пливач кој го препливал Охридското езеро од Охрид и Струга до св. Наум и обратно ) св. Наум – охрид).

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украинците нападнаа рафинерија и воздушна база во Русија (ВИДЕО)

Ноќеска, украинските сили нападнаа голема рафинерија за нафта во регионот Ленинград во северозападна Русија и воздухопловна база во регионот Краснодар. 

Украинците нападнаа рафинерија и воздушна база во Русија (ВИДЕО)

Според извештаите од каналот Телеграм, кој ја следи војната, нападите биле извршени со беспилотни летала, пишува Киев Индепендент.

Пожар во рафинерија за нафта

Една од најголемите руски рафинерии, Киришинефтеоргсинтез, попозната како Кинеф, се запали по напад во регионот Ленинград. Каналот Телеграм Ексиленова Плус објави дека објектот бил погоден од украинските сили. Рафинеријата е под западни санкции наметнати од сојузниците на Украина, вклучувајќи ги и САД.

Гувернерот на регионот Ленинград, Александар Дрозденко, потврди дека „е пријавен пад на беспилотно летало во близина на рафинеријата во округот Кириши, што предизвика пожар“. Тој исто така рече дека 62 беспилотни летала биле соборени над регионот.

Експлозии во воздухопловната база и други региони

Во исто време беше погодена и воздухопловна база во градот Јејск во регионот Краснодар во јужна Русија. Сведоци пријавија серија моќни експлозии во областа.

Каналот „Егзиленова Плус“, повикувајќи се на снимки од очевидци, објави дека украински беспилотни летала биле забележани и над Смоленскиот регион. Сè уште не е познато дали тие погодиле цели таму. Гувернерот на Смоленскиот регион, Василиј Анохин, претходно изјави дека сирените за воздушен напад биле активирани поради заканата од беспилотни летала.

Експлозии беа пријавени и во текот на ноќта во Брјанскиот регион, но локалните власти сè уште не ја коментираа ситуацијата. Деталите не можат да бидат независно потврдени.

Продолжени напади врз руската инфраструктура

Украина редовно извршува напади врз воената инфраструктура длабоко на руска територија и на окупираните територии. Целта на овие операции е да се ослабне способноста на Москва да продолжи да води војна.

Претходната ноќ, на 29 август, украинските сили нападнаа магацин на рускиот онлајн трговец на мало „Озон“ во Ростов на Дон, потег што го потврди компанијата. Во исто време, имаше извештаи за напади на неколку локации во Ростовскиот регион.

Генералштабот на украинската војска објави дека во ноќната операција на 29 август биле погодени и руски воени цели на окупираните територии на Украина. Целите биле објекти за складирање, подготовка и лансирање на борбени беспилотни летала во окупираниот Донецк и во селото Гвардијске во близина на Симферопол на Крим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти

СДС и Венко Филипче секојдневно критикуваат кога е во прашање развој на индустријата поврзана со дата центри. 

Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда, сега Филипче се противи и на европски проекти

Индустрија која е иднина, индустрија која се развива во светот, но Филипче од само нему познати причини се противи.

Во оваа прилика да му објасниме и на Филипче и на неговиот другар Зоран Заев кој се уште очигледно му дава насоки за работа.

Македонија веќе има дата цента во Прилеп. Но, тој не е основен, туку секундарен што значи во случај на евентуален сајбер напад на системот на поединечна институција, таму се чуваат податоците кај секундарниот. Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија и треба основен, примарен, национален дата систем за чување на сите податоци од сите институции.

Македонија како држава има проект во делот на реформската агенда со ЕУ за изградба на национален дата центар. Притоа ЕУ обезбедува финансии и финансиска помош, а Македонија има обврска да изгради основен, примарен национален дата центар.

Ова е начин да се заштитат податоците на државните институции од евентуални сајбер напади, односно податоците да бидат сигурни.

Ова е тоа за што СДС се противи, а само да потсетиме во време на нивната влада имаше напад на системот на ФЗО и граѓаните не можеа да ги остварат своите права, не можеше да се исплаќа породилно, да се прави поврат на средства за лекови и слично.

Оттука евидентно е дека СДС се противи на развој на индустрија која значи заштита на лични податоци на секој поединец, заштита на државни податоци, рече Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Покрај кејот во Охрид е пронајдена неексплодирана бомба

На 28.08.2026 во 15.33 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во водите на Охридското езеро во близина на кеј „Македонија“, пронајдена е неексплодирана бомба. 

Покрај кејот во Охрид е пронајдена неексплодирана бомба

Местото е обезбедено од страна на полициски службеници по што, бомбата е безбедно подигната од страна на преставник од Дирекција за заштита и спасување, за натамошна постапка, соопштуваат од СВР Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер