3МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
АвтомобилизамВидео: Новата Тесла е вистинско чудо, но презентацијата не течеше по планотИлон Маск уште еднаш успае да го изненади светот, затоа што ретко кој очекуваше дека Тесла Сајбетрак ќе изгледа вака.Првиот човек на Тесла на свеченост во Калифорнија го претстави долго најавуваниот електричен камионет Сајбертрак. Меѓутоа ниту концептот за ова возило од пред неколку години, а ниту бројните тизери и шпекулативни рендери кои кружеа по интернет не можеа да не подготват за ова што доаѓа. Пред се е воочлив несекојдневниот дизајн со остри линии, но освен со својот изглед, Тесла Сајбертрак од останатите возила ќе се разликува и по специфичниот материјал од кој е направен. Како што изјави Илон Маск на премиерата, панелите на автомобилот се направени од нерѓосувачки челик и отпорни се на гребаници и физички оштетувања. Панелите се отпорни и на куршуми со пречник до 9мм а Сајбертрак има и непробојно стакло. Сајбертрак по дизајнот повеќе потсетува на некое воено возило кое со сигурност ќе се издвојува од другите учесници во сообраќајот. Но презентацијата на новиот модел не одеше по планот. Илон Маск од својот асистент на сцената побара со метална топка да се обиде да го скрши непробојното стакло и успеа во тоа, што изгледа не беше планирано, но Илон Маск ја извади ситуацијата и прокоментира „добро е барем не го проби стаклото“. Сепак, податоците за перформансите се оние кои повеќе ги интересираат вљубениците во Тесла моделите. Сајбертрак во својата најсилна верзија со погон на сите 4 тркала ќе може да забрза од 0 до 60 миљи за 2,9 секунди. Но сепак брзината кај Сајбертрак не игра главна улога, тој е наменет да биде камионет, тој има носивост од 1,6 тони а може да влече и приколка со маса до 6,3 тони. Почетната цена за Сајбертрак во САД ќе изнесува 39.900 долари. Но доколку купувачите сакаат повисоки перформанси, за тоа задоволство ќе мораат да платат и до 69.000 долари. Првите испораки се планирани за крајот на 2021 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКрадци во Франција сокриле скапоцен дијамант во јаболко: Го пронашла гладна собаркаРедок розов дијамант ќе биде изложен во Франција за првпат откако бил украден пред речиси точно сто години – што е и последниот пат кога бил прикажан пред јавноста.Кражба од пред еден век Скапоцениот камен од девет карати, во форма на круша, познат како „Гранд Конде“, бил украден за време на ноќен упад во замокот Шантили во октомври 1926 година. Крадците го сокриле во издлабено јаболко. Дијамантот – еден од ретките кралски скапоцености што ја преживеале Француската револуција – бил пронајден неколку недели подоцна, кога една гладна собарка во хотелот каде што престојувале крадците, каснала токму од тоа јаболко. Нова изложба во музејот „Конде“ Дијамантот ќе биде изложен во музејот „Конде“ во замокот Шантили до 3 јануари. Директорот на музејот, Матје Делдик, истакнува дека иако приказната за јаболкото можеби звучи неверојатно, таа била опширно пренесена во тогашните весници. Делдик одби да му открие на Си-Ен-Ен на која сума е осигуран дијамантот, но напомена дека биле спроведени опсежни научни истражувања за неговите карактеристики, со цел да се овозможи негова единствена идентификација. Изложбата ги вклучува резултатите од оваа анализа, како и претходно непознати архивски материјали што детално ја прикажуваат историјата на дијамантот и неговата кражба. Ретки розови дијаманти Природните розови дијаманти се исклучително ретки и често се продаваат за десетици милиони долари. Според податоците на аукциската куќа „Сотбис“, највисоката цена постигната за еден таков дијамант на аукција изнесувала 71,2 милиони долари, во 2017 година. Точното потекло на дијамантот „Гранд Конде“ сè уште е непознато. Според информациите од замокот Шантили, тој за првпат се споменува во 1740 година, во пописот на имотот на Луј Анри де Бурбон, принцот од Конде. Извор: Индекс.хрТагови: дијамант Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈон Фрчкоски на „Кавга со Иван“Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон ФрчкоскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСиљановска-Давкова: Врело стана најдлабока подводна пештера во светот!За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително.Претседателката вчеравечер се сретна со учесниците во меѓународната експедиција „Врело 2026“ и членовите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“, кои ја информираа за текот на експедицијата и за историскиот успех со кој пештерата Врело во кањонот Матка, со истражена длабочина од 338 метри, стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек. Таа им честиташе за извонредниот подвиг, истакнувајќи дека Врело е природен феномен што ги разгорува истражувачкиот дух и љубопитноста за откривање на тајните на природата. За неа, светскиот рекорд е не само признание за знаењето, храброста и истрајноста на спелеонуркачите, туку и реална можност за меѓународна афирмација на македонското културно наследство како исклучително. Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со предизвиците со коишто се соочиле за време на нуркачкиот подвиг, необичните сознанија за подводниот свет на Врело, како кристално чистата вода и умерената температура од петнаесетина степени, новооткриените два канали и над 150 метри нови големи ходници. Според учесниците во уникатниот подвиг, Врело е раскошен и мистериозен природен феномен со волшебна привлечност, една од досега најинтересните подводни пештери за нив. Тие ѝ изразија благодарност за прифатеното генерално покровителство, истакнувајќи ја неговата важност за успешната реализација на експедицијата. Претседателката им посака успех во идните подвизи и изрази убедување дека нивниот успех е инспиративен за многу други спелеонуркачи.Тагови: Врело Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook