Четирите порази во последните пет средби и елиминацијата од Барселона во полуфиналето на Лигата на шампионите доведоа до несекојдневен немир во редовите на Баерн Минхе.
Откако баварскиот гигант ја обезбеди титулата во Бундеслигата , се тргна во погрешна насока, четата на Гвардиола прво беше неочекувано елиминирана од Борусија Дортмунд во Купот на Германија , а кулминација на лошата атмосфера е обидот за физичка пресметка на тренинг меѓу Роберт Левандовски и Жером Боатенг.
Дека атмосферата е сериозно нарушена покажаа германскиот стопер и полскиот центарфор, кој влегоа во судир по еден дуел на тренинг , физичката пресметка ја спречија Лам , Рафиња Бенатија.
Така за среќа оваа судир остана само на вербална расправија, но експресно реагираше Гвардиола кој веднаш ги избрка од тренингот воинствените Левандовски и Боатенг.