Видео-НБА Ол Стар: Тимот на Јанис подобар од тимот на Кралот Џејмс - Канал 5

Видео-НБА Ол Стар: Тимот на Јанис подобар од тимот на Кралот Џејмс

Без вистински спектакл на мечот на сите ѕвезди во НБА. 

Видео-НБА Ол Стар: Тимот на Јанис подобар од тимот на Кралот Џејмс

Тимот на Јанис Адетокумбо го победи тимот на Леброн Џејмс со 184-175 на мечот на сите ѕвезди во НБА одигран ноќва во Солт Лејк Сити.

Најавениот спектакл некако изостана, главните актери на натпреварот делуваа понезаинтересирано од претходно, а резултатот беше доста убедлив.

Главниот меч на Ол Стар дуелот во Јута го одбележа ѕвездата на Бостон Тејтум со историско остварување од досега непостигнати 55 поени.

Џејсон Тејтум одигра историски натпревар и мечот го заврши со рекордни 55 поени, соборувајќи го досегашниот рекорд кој го држеше Ентони Дејвис со 52 поени од Њу Орлеанс.

Крилото на Селтикси беше и најзаслужниот за убедливиот триумф на тимот на Јанис над тимот на Леброн.

Тејтум, кој стана прв играч на Бостон по Лари Бирд во 1982 година со МВП признание, беше особено импресивен во третата четвртина во која уфрли 27 поени, што,исто така, е нов рекорд според постигнати кошеви во една четвртина.

Ноќ за паметење, и покрај поразот на својот тим, имаше и кошаркарот на ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс, кој по 19 пат во кариерата настапи на „Ол Стар“ натпревар и со тоа се израмни на вечната листа со легендарниот Карим Абдул – Џабар.

На дуелот во Солт Лејк Сити расположени за постигнување на кошеви посебно во победничкиот состав беа и Донован Мичел со 40 поени, Дејм Лилард 26, Лаури Марканен 13.

Најефикасен во тимот на Леброн беше Џејлен Браун со 35 поени, Кајри Ирвинг и Џоел Ембиид постигнаа по 32, а Ирвинг додаде 15 асистенции, Тајрис Халибартон постигна 18 поени, Леброн Џејмс постигна 13, а Ентони Едвардс постигна 12 поени.

Предводникот на победничкиот тим ѕвездата на Милвоки Јанис Адетокумбо одигра само 20 секунди, бидејќи пријави повреда и по забивањето за првите поени од мечот, направи прекршок, ја напушти играта и веќе не се врати на теренот.

Скромен меч одиграа и двајцата најсериозни кандидати за МВП трофејот во НБА, балканските ѕвезди Никола Јокиќ и Лука Дончиќ, кој дуелот го завршија со за нив прескромни, 4 поени.

YouTube video

Очекувано трофејот за најкорисен играч на Пл Стар мечот заврши во рацете на асот на Бостон Џејсон Тејтум.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември го одбележуваме со нотиран прогрес во научно-истражувачката работа.

МОН: Светскиот ден на науката за мир и развој - 10 Ноември

Светскиот ден на науката за мир и развоj - 10 Ноември оваа година го одбележуваме со видливи резултати во научно-истражувачката дејност. Ова го нотира и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата за 2026 со оценката дека е направен добар прогрес во остварување на целите од Акцискиот план на Стратегијата за паметна специјализација, со основањето и ставањето во функција на Агенцијата за иновации, научно – технолошки развој и претприемништво ИНОВА, но и со продолжувањето на учеството во европски програми за наука и иновации.

Резултатите ја покажуваат посветеноста на Владата и на Министерството за образование и наука кон поттикнување на научните истражувања и иновациите.

Имаме јасна цел: да ги зајакнеме капацитетите за научно-истражувачка дејност и да го зголемиме влијанието на научно-истражувачките резултати врз општеството и економијата. Ова го поддржуваме преку континуиран раст на буџетот за наука, за да осигуриме дека научната заедница има ресурси и поддршка што ѝ се неопходни.

Овогодинешниот буџет изнесува рекордни 773 милиони денари, што е скок во споредба со 680-те милиони денари минатата година и повеќе од двојно зголемување во однос на 380-те милиони денари издвоени пред две години. И резултатите се опипливи. Минатата година поддржавме околу 50-тина двогодишни научни проекти, што се сега во завршна фаза.

Презедовме конкретни активности поврзани со потребата за зголемена научна продукција. Обезбедивме бесплатен пристап до главните глобални научни бази на податоци „Web of Science“ и „Scopus“ за нашите научници и академски професори. Ги покриваме трошоците за објава на научни трудови во списанија со импакт фактор, за организација на домашни и за учество на меѓународни научни конференции, ги покриваме трошоците за објава на зборници.

Системски инвестираме во наука и ги отстрануваме бариерите за да можат нашите научни работници да се натпреваруваат и да соработуваат глобално, а нивните резултати да можат да донесат вистинска вредност дома.

Наш стратешки приоритет останува забрзан развој на науката и подобро позиционирање македонските универзитети на глобалните ранг-листи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп застана во одбрана на Хегсет од обидот за импичмент

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент.

Трамп застана во одбрана на Хегсет од обидот за импичмент

Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент поради неговите постапки во врска со војната во Иран и американските воени операции во други земји

„Добро, тој доби две војни. Не знам како може да покренете постапка за импичмент против него. Што ќе кажете за импичмент на одговорните за војните во Виетнам, Авганистан, Ирак и сите останати, кога војувавме бескрајно, а ништо не постигнавме “, изјави Трамп, додавајќи дека ќе го поддржи Хегсет доколку Конгресот одлучи да го отстрани од функцијата.

Претходно вчера, конгресменот Томас Маси предложи гласање за импичмент на министерот за одбрана.

Предлогот на републиканскиот конгресмен беше поднесен веднаш по отворањето на првата седница на Претставничкиот дом по меѓуизборите. Тој главно се однесува на постапките на Хегсет во врска со војната во Иран, но ги опфаќа и неговите постапки во рамките на американските воени операции во Јемен и Венецуела.

Маси оцени дека дејствијата на министерот претставуваат „тешки престапи и прекршоци“ и дека начинот на кој тој раководи со Пентагон ги исполнува условите за покренување постапка за импичмент.

Гласањето во Претставничкиот дом би можело да се одржи во средината на неделата, со што дополнително ќе се зголеми притисокот врз републиканците, од кои многумина го посочија конфликтот во Иран како една од причините за изборниот неуспех. Сепак, натамошниот тек на постапката останува неизвесен.

Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, се обиде да го спречи гласањето, предупредувајќи ги пратениците дека не треба да покренуваат постапка за импичмент против министерот за одбрана додека траат американските воени операции на Блискиот Исток.

„Покренувањето постапка за импичмент против член на администрацијата токму сега, особено против министерот за одбрана додека се водат воени операции во странство, би испратило ужасна порака. Тоа би било нешто што нашите сојузници и противници би го виделе“, изјави Џонсон на почетокот на седницата.

Се очекува повеќето демократи во Претставничкиот дом да ја поддржат постапката за импичмент на Хегсет. Лидерот на демократското малцинство, Хаким Џефрис, во текот на викендот изјави дека е време министерот за одбрана да ја напушти функцијата.

Доколку предлогот добие поддршка во Претставничкиот дом, постапката ќе продолжи во Сенатот.

Републиканците сè уште имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, сè до јануари, кога новоизбраните членови ќе положат заклетва, а демократите ќе ја преземат контролата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички состави

На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок.

„Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија.

По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката.

Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз.

Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз.

Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво.

Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе.

Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер