Видео: Најкусиот комерцијален лет на светот трае само 47 секунди! - Канал 5

Видео: Најкусиот комерцијален лет на светот трае само 47 секунди!

Растојанието меѓу Вестреј и Папа Вестреј во рамките на Орканските острови се смета за најкраткото на светот кога е во прашање авио превозот.

Видео: Најкусиот комерцијален лет на светот трае само 47 секунди!
Во зависност од налетите на ветер растојанието од едно до друго острово може да се прелета за само 47 секунди, иако раздалеченоста меѓу нив изнесува 2,7 километри и обично е потребен околу две минути патување со авион.

Оваа делница од 1967 година ја покрива регионалната компанија „Логанаир“ , цената на повратна карта чини околу 27 евра.
На Папа Вестреј живеат само 17 луѓе, но ова острово на северот на Шкотска има неколку археолошки локалитети , кои периодично ги истражуваат голем број на студенти и истражувачи.

Превозот меѓу островите инаку се врши со авион кој со осум патници , кој во текот на работната недела два пати дневно го минува ова растојание.Секако превозот меѓу островите се врши и со траекти, кои во текот на летото возат најмалку еднаш неделно.

Листата н а најкуси летови на светот.
1. Од Вестреј до Папа Вестреј во Шкотска за само 47 секунди.
2. Од Сент гален во Швајцарија до Фридрихшафен во Германија за 8 минути.
3. Од Виена(Австрија) до Братислава (Словачка)10 минути.
4. Од Торонот Канада до Нијагарини водопади 12 минути.
5. Од Киншаса до Бразавил во конго 20 минути.
6. Во видеото погледнете го летот од Вестреј до Папа Вестреј.



YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. 

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома.

Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри.

„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците?

До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата?

„Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците?

Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер