ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората
2ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората
3Николоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден
ТехнологијаВидео: Маски во повеќе бои за „PlayStation 5“ конзолата„Sony“ најави неколку маски за „PlayStation 5“ конзолата а ќе бидат достапни вкупно пет различни бои.Овие маски претставуваат замена за белата боја на актуелната конзола, овозможувајќи им на корисниците својот „PlayStation 5“ да го обојат во црвена, виолетова, сина, црна или розова боја. „Sony“ објави дека маските ќе бидат достапни во текот на првата половина од 2022 година, а прво во јануари ќе се појават „Midnight Black“ и „Cosmic Red“ опциите. „Nova Pink“, „Galactic Purple“ и „Starlight Blue“ верзиите ќе следат подоцна. Ќе бидат достапни две верзии маски за секја од боите- една за „PS5 Digital Edition“ и една за „PS5“ со диск. A galaxy of colours is coming to your PS5. 🌌 Introducing new PS5 console covers, available starting January 2022. Full details: https://t.co/Zm0hEBryzQ pic.twitter.com/QdmKlpnfyn — PlayStation UK (@PlayStationUK) December 13, 2021 Покрај тоа, ќе бидат објавени и „Nova Pink“, „Starlight Blue“ и „Galactic Purple“ „DualSense“ конролери, кои исто така ќе пристигнат во јануари. Тие ќе им се придружат на постоечките „Cosmic Red“ и „Midnight Black“ контролери. Цената на „PlayStation 5“ бочните маски изнесува 55 долари, додека новите „DualSense“ контролери ќе чинат 75 долари. Стандардните црни и бели контролери ќе бидат малку поевтини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Платформа за спас на Мицкоски (ЗНАМ 2.0) - нема да помине!Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод - обид за создавање на внатрешни фракции Кога веќе не поминуваат дефокусирачки теми, лажни афери, „Харис Џиновиќ“, „Дубаи“ и слични конструкции, организираната криминална група предводена од Мицкоски премина кон нов метод - обид за создавање на внатрешни фракции и платформи а со цел слабеење на СДСМ, токму како што претходно тоа го направија со ЗНАМ. Најпрво се обидоа одвнатре преку Јован Деспотовски и Петре Шилегов. Кога тоа не успеа, сега се обидуваат однадвор. Платформата на Андреј Петров и Игор Ивановски - Шема работи веќе осум месеци. Нејзината единствена цел е да ја фрагментира и ослабе единствената вистинска опозициска алтернатива СДСМ. Ова не е реформска иницијатива. Ова е платформа за спас на Мицкоски. Христијан Мицкоски е во паника. Неговата партија загуби преку 150.000 гласови, рејтингот му е на историски најниско ниво, нема резултати, а буџетот е празен. Ја укина техничката влада на сила, а сега на сила се обидува да го промени изборниот закон и да воспостави модел за кражба на гласовите од дијаспората. Кога веќе не може да ја контролира ситуацијата со лаги и афери, се обидува да ја контролира преку изборен инженеринг. Сите овие месеци јасно се покажа дека оваа интересна група работи директно за Мицкоски и за спас на неговата власт. Сателитите се разоткриени. Обидот за ново издание на ЗНАМ не им помина. СДСМ и граѓаните кои се собираат околу Фронтот за вистина и правда нема да дозволат повторно да се повтори сценариото од 2024 година. Време е за мобилизација. Време е власта повторно да се врати во рацете на народот. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспоратаГраѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората, сакаат да го спречат проширувањето на уставно загарантираното право на глас.Меѓу СДС и Левица не може да се најде разлика, тие се едно исто. Настапите им се синхронизирани, ставовите исти. Што денес зборува Венко Заев, тоа утредента го зборува Димитар Апасиев, тоа што го вели и пишува СДС, уште веднаш го повторува политичката партија Левица. Договорот меѓу Левица и СДС за координирано дејствување, кога станува збор за блокирање на новиот Изборен законик, веќе е очигледен и со секој изминат ден се повеќе се потврдува. Не само што нема разлика во нивните ставови, туку напротив, тие им се исти и во голема мера се надополнуваат. Тоа што и СДС на Венко Заев и Левица се против решението македонската дијаспора да добие полесен пристап за остварување на своето уставно загарантирано право на глас, не е случајност. Нивна заедничка цел е да спречат проширување на демократското право на глас за нашите иселеници, како и да создадат нови пречки во изборниот процес. И ваквата нивна цел, координираност и целосна синхронизираност на ставовите и настапите на Венко Заев и Апасиев се повеќе им станува јасна на македонските граѓани и во државава и во странство, и тие добро знаат дека ова е однапред договорена стратегија. Тоа што друго граѓаните знаат, е дека ВМРО-ДПМНЕ е партија што секогаш ги штити правата на сите македонски граѓани каде и да се и работи во нивен и интерес на државата. Токму затоа и ќе продолжи да се залага Изборниот законик да се донесе со широк политички консензус, ќе работи за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен можен начин. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Завршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - ИлинденЗавршивме со реконструкција на железничката обиколница Скопје, линијата Драчево - Илинден. Добиваме побрз карго превоз на Коридор 10 и заштита на животната средина.Завршена е реконструкција на железничката обиколница Скопје, пругата од Драчево до Илинден со што се овозможува пренасочување на товарните возови надвор од Скопје. Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и диркторот на ЈП Железница Инфраструктура Синиша Ивановски, направија увид до реконструираната пруга каде се изврши и тест возење. По оваа делница ќе се одвива исклучиво товарниот железнички сообраќај, истакна Николоски, што ќе придонесе за подобра организација и развој на целокупниот транспорт. “Драго ми е што правиме тест возење на обновениот железнички коридор, практичната обиколница на Грaдот Скопје, линијата меѓу Дрaчево и Илинден, со која што товарните возови се вадат надвор од Градот Скопје. Со реализација на овој проект, многу се помага во заштита на животната средина и намалување на загадувањето во Скопје имајќи предвид дека товарните возови нема да влегуваат во Град Скопје. Ова е проект кој го работеше ЈП Железници Инфраструктура, го заврши во максимално брз рок, во моментов има тест период, за што е потребно да се направии технички прием и очекувам за дваесетина дена карго возовите да ја користат оваа делница. Тоа ќе значи многу за заштита на животната средина и за намалување на загадувањето во Скопје од една страна, но од друга страна ќе значи побрз карго сообраќај на Коридор 10, што ќе значи повеќе бизнис и повеќе железнички композициии на македонските пруги што многу ќе приоднесе за развој на бизнисот и целокупниот транспорт. За многу брзо време, не подоцна од 1 септември се гледаме и на пуштање на употреба и на Градскиот воз, првата линија која ќе оди од Зелениково преку Драчево до центарот на Скопје”- изјави Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter