Лефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста?
2Лефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста?
АвтомобилизамВидео: Маск заигра на премиерата на Модел „Y“ во КинаПо почетокот на производство на првиот модел на Тесла автомобил надвор од САД- Модел 3, во Шангај е претставено и второто возило кое ќе се произведува во кинеската фабрика на Тесла.Директорот на компанијата Тесла, Илон Маск, вчера ги покажа своите способности за ирање на претставувањето на новиот Модел „Y“ во својата нова фабрика во Шангај, каде што компанијата ги прикажа првите примероци на Модел 3 изработени надвор од САД. Новата фабрика на Тесла почна да испорачува автомобили за само 357 дена по почетокот на изградбата на објектот, што претставува рекорд за светските произведувачи на автомобили во Кина, пренесе „Ројтерс“. Маск воодушевено заигра на бината а потоа ја соблече јакната и ја фрли на страна откривајќи ја својата маица со мотиви од фабриката. Првиот човек на Тесла предвидува дека Модел „Y“ ќе има поголема побарувачка од сите останати Тесла автомобили заедно. Оваа година ќе биде многу важна за Тесла во Кина бидејќи компанијата планира да го дуплира бројот на суперполначи, како и сервисните центри, за да се подржи производството на новите автомобили во фабриката во Шангај. Во тој објект, прв надвор од САД, планирано е годишно да се произведуваат 250.000 возила, вклучувајќи го и Модел „Y“. Фабриката на Тесла во Шангај е прва фабрика која е во целосна сопственост на еден странец во Кина. At Tesla Giga Shanghai NSFW!! pic.twitter.com/1yrPyzJQGZ — Elon Musk (@elonmusk) January 7, 2020 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСофија Вергара можеше да има многу поинаква кариера. Знаете ли што студирала?Софија Вергара, 54-годишната актерка најпозната по улогата на Глорија Делгадо-Причет во „Модерно семејство“ и како судија во „Америка има талент“, планирала да тргне по сосема поинаков пат пред да стане актерка.Колумбиско-американската ѕвезда студирала стоматологија во нејзината родна Колумбија, но никогаш не дипломирала. Студирала стоматологија Вергара зборуваше за тој период од својот живот во ток-шоуто на Хари Коник Џуниор. Таа откри дека студирала стоматологија две години, но на крајот се откажала. „Одев на стоматолошки факултет, но не го завршив. Студирав две години“, изјавила таа во тоа време. Студирала стоматологија, но никогаш не работела со пациенти. Се откажала од колеџ само два семестри пред дипломирањето за да ги искористи можностите во манекенството и глумата. View this post on Instagram A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara) Родниот град добива огромна статуа Вергара подоцна имала успешна кариера во Холивуд, а нејзиниот роден град Баранкила ја почестил со монументална скулптура. Бронзената статуа беше откриена на 10 јули 2025 година, на нејзиниот 53-ти роденден, на шеталиштето Гран Малекон. Градоначалникот на Баранкила, Алехандро Чар, нагласи колку градот е горд на актерката. „Баранквила ви се поклонува и му вели на целиот свет: ви благодарам што сте тоа што сте, ви благодарам што сте од Баранкила“, рече тој. „Каков подобар начин да се прослави роденденот на Софија од откривањето на ова прекрасно дело што ја претставува нејзината радост, харизма, автентичност и личност“, додаде тој. Статуата е создадена од скулпторот Јино Маркез, кој работеше на неа седум месеци со помош на шест студенти и поранешни студенти на локалното уметничко училиште. Скулптурата е висока 7,5 метри и тежи 5,5 тони. Статуата предизвика контроверзии Вергара, која наводно била на одмор со своето семејство во времето на откривањето, не присуствуваше на настанот. Статуата брзо привлече внимание на интернет, а многумина коментираа дека скулптурата не личи баш на актерката. Некои дури ја споредија со познатата статуа на Кристијано Роналдо која некогаш предизвика потсмев на социјалните мрежи. Корисниците на Редит исто така не беа импресионирани. „Кој го одобри ова?!“ напиша еден корисник. „Ако правиме статуи, можеме ли да најдеме некој што може да прави лица?“ додаде друг. Еден коментатор се пошегува и за пропорциите на скулптурата: „Изгледа како да ја направил некој со голем фетиш за стапала“.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
МакедонијаЛефков: Дали Филипче и талогот на СДС ширејќи паника за центрите за податоци се против сајбер безбедноста? Неколку дена сведочиме на паниката што СДС и Венко Филипче ја шират дури и за оваа идеја за изградба на дата центи или центри за податоци.Прво, Филипче и неговото актуелно раководство во СДС треба да направат разлика помеѓу приватни дата центри и државен национален дата центар. Второ, Филипче е последен кој може да се грижи за интересите на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Државата има обврска од Реформската агенда или патот до ЕУ за изградба на национален дата центар. И како што информиравме Македонија има дата центар во Прилеп кој е секундарен, она што и треба е примарен каде што на едно место ќе се чуваат сите податоци од државните институции. Значи цел на овој дата центар е безбедност на личните податоци на граѓаните како и безбедност на податоците од државните институции. Дали Филипче и СДС кои шират паника се против безбедност на лични и државни податоци? Дали СДС знае дека тоа е клучно за безбедност и стабилност на државата? Дали СДС знае дека безбедни лични информации на граѓаните е од голема важност за остварување на нивните права по различни основици како здравствени, социјални и слично? Сајбер безбедноста или заштита од напади на системот на податоци е одлика на секоја современа држава. И вообичаено додека ВМРО-ДПМНЕ се грижи за секој еден граѓанин и за државата, СДС бара начини за остварување на интереси на поединци. Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски на средба со Раул Медина директор на ЕВРОКОНТРОЛСоработката со ЕВРОКОНТРОЛ е одлична, работиме на унапредување на ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај во Македонија.Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со Раул Медина, генералниот директор на ЕВРОКОНТРОЛ. Присутни на средбата беа и Драги Стојаноски, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство и Владимир Ристески, директор во М-НАВ. На средбата беше разгледа досегашната соработка со ЕВРОКОНТРОЛ и можностите за нејзино унапредување, со посебен фокус на зајакнување на капацитетите на воздухопловните власти во Македонија. Заменик претседателот на Владата, Николоски, истакна дека државата во континуитет работи на развој на техничките и оперативни капацитети на Агенцијата за цивилно воздухопловство, како и на Македонската Навигација, при тоа се работи на План за унапредување и зајакнување на човечките ресурси, со цел системот да одговори на зголемените потреби и очекуваниот понатамошен раст на сообраќајот. Токму во таа насока политиките и мерките што ги презема Владата се насочени кон унапредување на оперативноста и капацитетите на воздухопловните власти, како и кон создавање услови за понатамошен одржлив развој на цивилниот воздушен сообраќај. На средбата беше потенцирано и дека Македонија бележи силен развој на авиосообраќај и по број на операции и по број на патници, што претставува значаен придонес за подобрување на поврзаноста на земјата, влез на нови авиокомпании и отворање нови можности за граѓаните и економијата. Вицепремиерот Николоски информираше и дека со новиот радарски систем кој е веќе инсталиран се очекува дополнително да се зајакнат техничките капацитети за управување со воздушниот сообраќај. На средбата беше потврдена важноста од продолжување на соработката со ЕУРОКОНТРОЛ насочена кон националните приоритети на државата која до сега се реализира преку Програмата за поддршка на државите, а во насока на унапредување на безбедноста, ефикасноста и квалитетот на воздушниот сообраќај. Посетата на директорот на ЕВРОКОНТРОЛ во Македонија е дел од состанокот на воздухопловните власти на земјите од регионот во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook