Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
1Славески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“
3Поразот на републиканците ги урна светските берзи поради стравувањата за инвестиции во вештачката интелегенија
Шоу бизВидео: Мадона речиси падна на забава во ЊујоркСветската музичка ѕвезда Мадона одржа неочекуван концерт на Тајмс Сквер во Њујорк по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“ .Настапот на 67 годишната пејачка на Тајмс Сквер во Њујорк беше организиран по повод промоцијата на нејзиниот нов албум „Confessions II“, како и почетокот на Месецот на гордоста. View this post on Instagram A post shared by John pascarella (@jpasc24) Поп-кралицата помина околу 15 минути на сцената, а публиката можеше да ги чуе хитовите „Hung Up“ и „I Love New York“. Иако настапот беше краток, тој вклучуваше танчери, диџеј и ротирачка сцена, што привлече големо внимание од минувачите и обожавателите. Сепак, освен самиот концерт, големо внимание на социјалните мрежи привлекоа и снимките што почнаа да кружат на интернет. На нив се гледа како Мадона стои покрај оградата на сцената за време на настапот, се држи за неа и неконтролирано ја тресе, по што ја фрла ногата преку неа. Многу корисници на социјалните мрежи коментираа дека во еден момент се загрижеле дека Мадона може да ја изгуби рамнотежата и да падне пред публиката. Некои изјавија дека ситуацијата изгледала непријатна, додека други верувале дека тоа е дел од настапот и сценската кореографија. View this post on Instagram A post shared by John pascarella (@jpasc24) „Боже, не ѝ доликува повеќе да ги шири нозете вака“, „Мислев дека ќе падне“, „Сè уште се ниша, можеби не танцува како порано, но сепак е Мадона!“, гласеа некои од коментарите на видеото.Тагови: Мадона Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлавески на прес конференција најави три нови мерки за располагање на средствата на клиентите на „Алта банка“Зголемен неделен лимит и целосна исплата на идните приливи, најави гувернерот Славески на попладневната прес конференција поврзана со привремената администрација на банката од страна на Народната банка..Повеќе детали околу новите три олеснувања за располагање на средсствата за клиентите на банката повеќе од Маја Стојановска.. Маја кои се новите олеснувања што ги соопшти Славески? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаПосебен режим на сообраќај утре во Скопје поради тркаНа 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар .На 07.11.2026 (сабота) со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи спортско рекреативна ноќна трка на 5 км и 21 км во општина Центар насловена како „Centar Night Run“, со траса на движење од ул.„Орце Николов“ (кај општина Центар), десно по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по бул.„Илинден“ до крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“, назад по бул.„Илинден“, лево по ул.„Франклин Рузвелт“ се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад по ул.„Франклин Рузвелт“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по бул.„Св.Климент Охридски“ (коловозна лента во насока север – југ) се до крстосница со бул.„Партизански Одреди“, назад во истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, се до крстосница со бул.„Илинден“, назад по истата коловозна лента на бул.„Св.Климент Охридски“, десно по ул.„Орце Николов“, десно по ул.„Наум Наумовски Борче“, лево по ул.„Михаил Цоков“, повторно лево по ул.„Михаил Цоков“ и десно по ул.„Орце Николов“ до целта. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е гостиварец, кој ја принудувал својата 80 годишна неподвижна мајка на питачење Лишено од слобода лице кое ја принудувало својата мајка на питачење, поднесена кривична пријава за „трговија со луѓе“.На 06.11.2026, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Н.Н.(60) од Гостивар за сторено кривично дело „трговија со луѓе“, по член 418-а, став 1 од Кривичниот законик. Во текот на 2025 и 2026 година, Н.Н. делото го сторил со цел стекнување противправна имотна корист, на начин што ја искористил ранливоста и зависната положба на неговата мајка З.С(80) од Гостивар, како и нејзината физичка неспособност, (истата се движи со инвалидска количка и не ги извршува самостојно секојдневните активности), и ја принудувал на питачење. Имено Н.Н. својата мајка подолг временски период во континуитет ја носел на локација во Гостивар, и ја изложувал на трудова експлоатација по пат на питачење, додека за целото време бил присутен во нејзина непосредна близина, ја надгледувал и контролирал нејзината активност, по што насилно и на дрзок начин и ги одземал паричните средства, кои потоа ги користел за свои потреби. Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, на подрачје на Гостивар извршен е претрес во дом и други простории кај Н.Н., при што лицето е лишено од слобода. Од извршениот претрес пронајдени и привремено одземени се мобилни телефонски апарати и парични средства кои потекнуваат од извршување на кривичното дело, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00