Видео: „Лудница“ во Аргентина, Бока ја освои титулата, Тевез го бакна Марадона!!

Одличниот напаѓач Карлос Тевез во драматичен финиш на шампионатот на Бока Јуниорс и ја донесе 34 титула шампион на Аргентина.

Популарната Бока го стори она што пред десетина дена личеше на невозможно, ја надокнади негативата од три бода во двете последни кола и пред лутиот ривал Ривер Плата стигна до шампионскиот пехар.

Во последното коло на домашен терен Бока со минимални но вредни 1-0 ја доби Химназија и по вториот кикс на Ривер стигна до трофејот.

Ривер Плата со ремијата против Дефенсон односно Атлетико Тукуман ја загуби титулата.

Тевез со голот во 20 минута го реши прашањето на победникот и на Бока и донесе уште една титула во Аргентина.Херојот на триумфот против Химназија, Тевез триумфот вреден шампионски трофеј го прослави со страствен бакнеж во уста со легендарниот Диего Марадона  

притисни ентер