АвтомобилизамВидео: „Lancia“ претстави ново лого и футуристички дизајн„Lancia Design Day“ откри што можеме да очекуваме од познатата италијанска марка во иднина.„Lancia“ и нејзината судбина со години се обвиткани во црн превез, кој го навестуваше блискиот крај на овој бренд. Некогаш познатиот бренд се сведуваше на само еден мал и застарен модел (Ипсилон), и немаше знаци дека работите може да се подобрат. И тогаш пристигна „Stellantis“ и одлучи „Lancia“ да остане, како премиум бренд што ќе произведува исклучиво електрични автомобили. Првиот чекор кон таа цел се случи во понеделникот. „Lancia Design Day“ не го откри дизајнот на новите модели кои ќе пристигнуваат на секои две години почнувајќи од 2024 година. Се мисли на моделите „Ypsilon“, „Aurelia“ и „Delta“. Не, „Lancia“ откри скулптура со име „Pu+Ra Zero“ и најави нов стил на дизајнирање. Како што сугерира името, комбинација од чистота (Pure) и радикален (Radical) пристап, а дизајниран е од „Lancia Centro Stile“. Жан-Пјер Плуе го предводи тимот кој создаде нов дизајнерски израз „за следните 100 години“. „Lancia“ се здружи и со производителот на мебел „Cassina“, но се уште не е јасно каков ќе биде резултатот од нивната соработка. Наводно, заеднички ќе ја дизајнираат внатрешноста на идните автомобили и ќе применат некои детали од моделите „Gamma“, „Thema“ и „Flavia“. Уште поинтересен е концептот „Pu+Ra Zero“, во кој многумина ги гледаат контурите на идниот „Stratos Zero“. „Lancia“ го претставува и новото лого на брендот. Како и кај конкуренцијата, трендот е јасен - да се поедностави дизајнот до самите основи. Впрочем, ова е „Lancia“, а тоа значи дека од сината боја нема лесно да се откаже. Ова е осма верзија на логото во 116-годишната историја на брендот, а прв ќе ја носи новиот „Ypsilon“ од 2024 година. Логото го задржа обликот на штитот, а е изработено од алуминиум. Во центарот на означениот круг е името на брендот со нов фонт, а вертикалната линија е таму како потсетник на амблемот од 1957 година. Потсетуваме дека новиот „Ypsilon“ доаѓа во 2024 година, а топ моделот на брендот – „Aurelia“ - во 2026 година. Тоа ќе биде електричен кросовер, најелитниот модел на италијанскиот производител. Конечно, во 2028 година, „Delta“ се враќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПриведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајциМинистерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. -На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР. Тагови: охрид полицијата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругатаВо Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. -На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИталијанците воодушевени од Лука Модриќ Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“. Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар. Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим. „Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно. Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.Тагови: Лука Модриќ Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00