Видео: Карлеуша во најмалото бикини - Канал 5

Видео: Карлеуша во најмалото бикини

Српската пејачка Јелена Карлеуша уште еднаш ги воодушеви своите машките фанови на социјалните мрежи.

Видео: Карлеуша во најмалото бикини

Атрактивната пејачка повторно објави провокативно видео на кое на радост на фановите е скоро гола.

Јелена со својата нова објава уште еднаш докажа дека знае како да привлече внимание.

Карлеуша овој пат дефинитивно облече бикини во кое покажа најмногу до сега, а до израз дојде секој дел од нејзиното тело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Родилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзор

Деветнаесетгодишна родилка не може да оди откако се породила со царски рез во Болница Штип, семејството се сомнева на лекарска грешка и бара да и се помогне, но и одговорност за постапувањата....

Родилка не може да оди по царски рез во Штип, надлежните најавија инспекциски надзор

Свекорот на родилката Вилибран Стојанов преку социјалните мрежи вчера попладнето јавно побара помош лично од министерот за здравство бидејќи неговата 19-годишна снаа Станка Михајлова од село Bаница, по вториот царски рез кој ѝ бил изведен во штипската општа болница пред еден месец не ги чувствува нозете, а била испишана во општа состојба.

Семејството тврди дека еден месец одела од болница во болница, а била и хоспитализирана на неврологија, но дури сега лекар и кажал дека е парализирана, и никогаш нема да прооди...

Од Министерството за здравство велат дека случајот се следи, а наложено е здравствениот инспекторат да изврши вонреден надзор во сите три болници каде што родилката се лекувала.. Семејството бара помош, бидејќи како што велат денес ни се случи на нас, утре може да е било кој друг....

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тројца нови пациенти со сомнеж за западно нилска треска

Додека тројца се борат за живот, нови тројца скопјани со воспаление на мозокот се примени на Инфективна клиника и се суспектни дека се заразени со „западен нил“ откако биле каснати од домашен комарец. 

Тројца нови пациенти со сомнеж за западно нилска треска

Ниту еден од новохоспитализираните не патувал надвор од Македонија, па се смета дека се заразени дома. За нив иако постои голем сомнеж дека се заразени, се уште се чека лабораториска потврда. Тие се во стабилна здравствена состојба и сите имаат коморбидитети, или хронични состојби, потврдува за Канал 5 Директорот на Инфективната клиника д-р Фадил Цана.

Досега поголем дел од случаите се од Драчево, но има и од Аеродром, Гази Баба, Илинден и Сопиште поради што надлежните спроведуваат и поединечни мерки со прскање од терен и на живеалиштата на потврдените случаи во радиус од 200 метри.

Сите дијагностицирани годинава се над 60 годишна возраст и имаат по неколку хронични заболувања што е ризик фактор за да ја имаат тешката форма на западно нилска треска и затоа лекарите за овие групи апелираат на зголемена претпазливост и заштита од убоди.

Според податоците на надлежните, годинава досега има околу 20 пациенти со болести што ги пренесуваат заразени комарци – најмногу 13 - се со западно нилска треска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кризна состојба и топлотен бран: Прогласена 30-дневна мерка низ целата држава поради пожари

Македонија навлегува во екстремен топлотен бран. 

Кризна состојба и топлотен бран: Прогласена 30-дневна мерка низ целата држава поради пожари

Согласно прогнозите на УХМР и Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, активирана е портокаловата фаза поради појава на топлотен бран. Владата прогласи кризната состојба на целата територија на Македонија која стапува на сила денеска поради зголемената опасност од пожари на отворен простор и шумски пожари. Одлуката важи 30 дена, почнувајќи од 1. август, и треба да овозможи побрза мобилизација на човечките, техничките и институционалните капацитети.

„Во рамките на донесената одлука се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции“, се вели во соопштението на Владата.

Македонија е зафатена од сериозен топлотен бран кој носи екстремни температури уште од почетокот на август 2026 година. Tемпературите во Македонија во наредните денови ќе достигнуваат и до 40 степени, а топлото време ќе се задржи до петок. Пикот на топлотниот бран се очекува во среда и четврток но метеолозите укажуваат дека нема опасност од нестабилност и невреме бидејки иако има зголемена енергија сепак воздухот е доста сув што оди во прилог кон летна горештина без невреме.

Поради високите температури, здравствените вчасти препорачуваат граѓаните да избегнуваат подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот од 11 до 17 часот , да внесуваат доволно течности и да преземат мерки за заштита од топлината, да се избегнуваат тешки физички активности, да се престојува во килматизирани простории да носат светла и лесна облека, заштитни очила и капи. Ова се и укажувањата и од докторите од брзата помош кои се најмногу на удар во ваквите топлотни бранови кои предизвикауваат и доста колабирања особено кај повозрасните и хронично болните.

Агенцијата за храна и ветеринарство исто така излезе со предупредувања за зголемен ризик од труење со храна поради високите температури, препорачувајќи внимателност при набавката, транспортот и чувањето на лесно расипливите производи од животинско потекло.

Инаку во рамки на кризната состојба која стапува на сила се активира постојано заседавање на главниот штаб при центарот за управување со кризи за превенција од пожари кој ќе може да го координира делување на полицијата, противпожарните служби и Армијата. Од граѓаните се бара максимална дисциплина бидејќи високите температури и исушената вегетација создаваат средина во која секоја искра може брзо да прерасне во катастрофален пожар, нешто што во седна грција во делови близу атина веќе зема драматични димензии со евакуриање на населени. Пожар е забележан и во соседна Бугарија на Пирин планина

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер