Видео: Како еволуираше воланот на Мерцедес - Канал 5

Видео: Како еволуираше воланот на Мерцедес

Мерцедес во нешто повеќе од две и пол минути ја покажа еволуцијата на една од најважните компоненти во секое моторно возило.

Видео: Како еволуираше воланот на Мерцедес

Воланите во модерните автомобили не се само обични управувачи, туку содржат и многу други команди многу важни за возењето.

Но во самиот почеток на автомобилската индустрија управувачот изгледал сосема различно, кружниот облик кај управувачот се појавува пред самиот крај на 19 век во 1894 година.

Историјата на воланот на Мерцедес е долга 120 години, а управувачот на возилата од овој германски произведувач за тоа време еволуира во вистинско технолошко чудо.

1900 година: Даимлер го претставува своето прво моторно возило кое има класичен волан, станува збор за тркачкиот автомобил „Phoenix“.

1902: Конструкторите во воланот вградуваат команди со кои се контролира работата на моторот.

1920ти: Воланот добива прстен за команда на автомобилската сирена.

1949: Обрачот на кој се наоѓа командата за сирена почнува да се користи и за активирање на покажувачите на правец.

1951: рачката на менувачот го наоѓа своето место на столбот на управувачот.

1959: Командата за сирена се преместува во средиштето на воланот, а од страна се инсталира рачка за трепкачите и промената на светлата.

1971:Во склад со ергономските потреби и зголемување на безбедноста во возењето, командите за сирена се селат поблизу до обрачот на воланот, за возачот да може да ги активира со палците, без да ги трга рацете од воланот.

1975:Мерцедес воведува команди на темпоматот на воланот.

1981:У средината на управувачот се вградува воздушно перниче за возачот.

1998: Воланот на Мерцедес станува мултифункционален. Возачот со помош на копчињата на самиот управувал може да го контролира аудио системот, навигацијата или да се јавува на телефон, без тргање на рацете од воланот.

2000ти: Во 21 век доаѓа до понатамошно унапредување на воланот, со додавање на нови функциски команди и подобрување на ергономијата. Во 2016 година Мерцедес претстави мултифункционален управувач со команди чувствителни на допир, наместо класични копчиња.

Најновата технологија, која Мерцедес ја претставу во март на моделот Е класа за 2020, опфаќа сензори во воланот кои детектираат дали возачот ги држи рацете на управувачот, што би биле од големо значење за идните системи за полуавтономно возење.

Погледнете ја приказната за историјата на воланот на Мерцедес:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност

Сали ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток.

Сали: Македонија се залага за суштинско вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, на работниот појадок на маргините на Советот за општи работи на Европската Унија, ја истакна важноста од вклучување на земјите кандидатки во Европскиот центар за демократска отпорност уште од самиот почеток.

Во своето обраќање, министерот Сали нагласи дека странското манипулирање со информации, кибернападите и притисоците врз независните медиуми и граѓанското општество претставуваат заеднички закани за земјите членки на ЕУ и за земјите кандидатки. Според него, демократската отпорност стана суштински дел од европската безбедност.

Учеството во Центарот би ѝ овозможило на Македонија навремен пристап до европските процени на заканите, механизмите за рано предупредување, експертизата и оперативните мрежи. Истовремено, би ги зајакнало капацитетите за спротивставување на дезинформациите, стратешката комуникација и кибербезбедноста, како и поддршката за независните медиуми и граѓанското општество, придонесувајќи за реформите во темелните области на пристапниот процес.

Министерот истакна дека Македонија има намера да биде не само корисник, туку и активен придонесувач, споделувајќи го своето искуство во справувањето со хибридните закани. Тој информираше дека се започнати внатрешни подготовки за суштинско учество, дека Министерството за правда е определено како координативна институција и дека се назначени контакт-точки за комуникација со Секретаријатот на Центарот.

На крајот, Сали повика на потесна соработка меѓу ЕУ и Западен Балкан, нагласувајќи дека раното вклучување на земјите кандидатки во европските инструменти го претвора проширувањето во конкретен придонес за безбедноста, демократијата и единството на Европа.

Кабинет на министерот за европски прашања

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Технолошки холдинг ќе ја преземе „Bumble“: акциите пораснаа за 50%

Акциите на „Bumble“, компанијата што стои зад популарната апликација за запознавање, вчера скокнаа за речиси 50 отсто по веста за напреднати преговори за продажба.

Технолошки холдинг ќе ја преземе „Bumble“: акциите пораснаа за 50%

Технолошкиот холдинг „Ithaca“ би можел уште оваа недела да објави договор за преземање на фирмата со седиште во Тексас за околу една милијарда долари, објави „Wall Street Journal“. Скокот на цената на акциите ја зголеми пазарната вредност на „Bumble“ на над 580 милиони долари, пренесува „BBC“.

И покрај растот, оваа вредност останува значително пониска од 14-те милијарди долари на колку се проценуваше компанијата на врвот на својата популарност по излегувањето на берзата „Nasdaq“ во 2021 година. „Bumble“ е една од најпознатите светски апликации за запознавање, но работи на заситен пазар каде што растот е забавен.

Апликацијата беше лансирана во 2014 година од Витни Вулф Херд, коосновач на ривалската апликација „Tinder“. Таа го изгради брендот „Bumble“ околу правилото што им дозволуваше само на жените да го иницираат разговорот со лицата со кои се совпаднале.

Помладите корисници чувствуваат замор

Компанијата неодамна го укина тоа ограничување, што предизвика дебата меѓу корисниците за тоа дали апликацијата ја изгубила својата клучна карактеристика по која се разликувала од другите. „Нашата заедница денес бара поголема флексибилност, помалку притисок и повеќе можности за воспоставување вистински, значајни врски, а ова ново искуство го овозможува токму тоа“, изјави Вулф Херд во август. Апликациите како „Bumble“ се соочија со притисок во последните години бидејќи помладите корисници се уморија од бескрајното прелистување профили во потрага по партнер. Во 2025 година, „Bumble“ најави отпуштање на речиси една третина од својата работна сила, а целата индустрија се соочи со феномен што Вулф Херд го опиша како „пресвртна точка“ во онлајн запознавањето.

Возрасните поминуваат помалку време на апликациите за запознавање

Инвестициите во други компании за запознавање исто така забавија бидејќи апликациите тешко успеваат да ги мотивираат корисниците да плаќаат за нивните услуги. Акциите на „Match Group“ – сопственик на „Tinder“, „OkCupid“ и „Hinge“ – исто така забележаа остар пад во споредба со нивните рекордни вредности од 2021 година.

Според извештајот од 2025 година на регулаторното тело „Ofcom“, возрасните поминуваат помалку време на апликациите за запознавање отколку пред три години. Наместо тоа, некои самци се свртуваат кон собири за играње друштвени игри, книжевни клубови и други групни активности, со надеж дека ќе запознаат партнер.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во Бангкок

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните Есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светска банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Димитриеска-Кочоска на Есенските средби на ММФ и Светска банка во Бангкок

Во рамки на средбите, министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светска банка и ММФ, како и со претставници на меѓународни финансиски институции, како и учество на состаноци посветени на регионалните економски перспективи и глобалните економски предизвици.

Во рамки на средбите, министерката ќе оствари работна средба со потпретседателката на Светска банка, Антонела Басани, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора. Предвидена е и средба со извршниот директор на Светска банка за Конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенаат. На средбите ќе се разговара за тековната соработка, активностите што се реализираат и можностите за нејзино натамошно унапредување.

Министерката ќе оствари средба и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек.

Во агендата се и средбите со извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, како и учеството на состанокот на земјите од изборната конституенца и настаните посветени на регионалните економски перспективи.

На агендата се и состанокот на земјите од изборната конституенца, настаните во рамки на Годишните средби, како и пленарната сесија на Годишните средби на ММФ и Светска банка.

Учеството на овие средби претставува можност за размена на мислења за актуелните економски движења, фискалните политики и можностите за унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции.

Во составот на делегацијата на Есенските средби е и гувернерот на Народната банка Трајко Славески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер