ЗабаваВидео: Издржи 100 дена во затворен простор и освој 500.000 долариПознатиот креатор на „YouTube“, „Mr. Beast“, не престанува да изненадува со своите видеа.Овој пат, тој одлучи на двајца натпреварувачи да им даде шанса да освојат дури 500.000 евра, доколку заедно издржат во бела затворена просторија со постојано запалени светла. Во текот на ова видео, натпреварувачите со соочуваат со најразлични предизвици и искушенија, а во видеото погледнете дали сето тоа им беше исплатливо. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаЉутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност„Нашата обврска е македонскиот јазик да добие вистинска, жива и достоинствена институционална заштита.“- вели Љутков.Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието на РМ, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“, истакна дека спроведувањето на Законот е обврска на сите институции и дека неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки. Тој нагласи дека Законот е донесен со широк парламентарен консензус на почетокот на 2024 година, а функцијата министер ја презел неколку месеци подоцна, во услови кога не бил воспоставен Инспекторатот за употреба на македонскиот стандарден јазик, ниту биле создадени услови за негово оперативно функционирање. „Недоследната и нефункционална примена на Законот не започнала со оваа Влада. Таа е резултат на долгогодишно отсуство на системски пристап, институционална инерција и недоволна политичка волја. Затоа, денес треба да зборуваме со факти, а не со политички квалификации“, истакна Љутков. Министерот посочи дека во изминатиот период е формиран Советот за македонски јазик, започната е подготовката на Националната стратегија за македонскиот јазик, лекторските испити се спроведуваат континуирано, а за првпат е воспоставен Инспекторат за употреба на македонскиот стандарден јазик, кој веќе има вработени инспектори што се во процес на обука. Љутков информираше и дека Владата ги задолжила институциите да обезбедат доследно почитување на законските обврски во однос на ангажирањето лектори, додека податоците што се прибираат ќе бидат основа за креирање на Националната стратегија за македонскиот јазик. Осврнувајќи се на афирмацијата на македонскиот јазик надвор од државата, министерот потенцираше дека во моментов функционираат 12 лекторати по македонски јазик во 11 земји, а во последните три години се отворени нови лекторати во Тирана, Нитра и Неапол. „Нашата обврска е македонскиот јазик да добие вистинска, жива и достоинствена институционална заштита. Почитта кон македонскиот јазик не се докажува со декларации, туку со институции што функционираат, со закони што се применуваат и со држава што доследно ги исполнува своите обврски“, порача министерот Љутков.Тагови: Зоран Љутков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
СветБритански Ф-35 пресретна руски воен авион. Министерот за одбрана: Знаеме каде е јахтата на ПутинВелика Британија пресретна руски воен авион откако го премести својот носач на авиони во Арктичкиот круг за поддршка на мисиите на НАТО.Британското Министерство за одбрана утрово објави дека руски поморски патролен авион „ Bear F “ постојано се приближувал до борбена група на британски носачи на авиони во Норвешкото Море кон крајот на минатата недела, како дел од маневар што го опиша како „небезбеден и непрофесионален“. Русите фрлаат подводни микрофони веднаш до британскиот носач на авиони Министерството соопшти дека руски авион фрлил голем број уреди што служат како подводни микрофони за пронаоѓање и следење на подморници - во непосредна близина на носачот на авиони „HMS Prince of Wales“. Британските борбени авиони „F-35“, кои полетаа од палубата на гореспоменатиот носач, ги пресретнаа и ги придружуваа руските авиони на 2 јули. „HMS Prince of Wales“ - еден од двата британски носачи на авиони - е исто така првиот европски носач на авиони што спроведува операции на воздушна одбрана на НАТО користејќи авиони „F-35“. Британците ја преземаат командата над елитните сили Овој потег доаѓа во време кога Велика Британија за прв пат ја презема командата над единицата за специјални операции на алијансата. Министерството за одбрана ја опишува единицата како „ударна игла“ на тимовите за брза реакција на НАТО, кои „можат да бидат распоредени насекаде во светот за неколку дена“. Исто така, минатата недела беше објавено дека суперјахтата на Владимир Путин, вредна 100 милиони фунти, пловела покрај брегот на Норвешка на пат кон Русија. „Знаеме каде е неговата јахта, Путин е под зголемен притисок“ Во интервју за Политико, британскиот министер за одбрана Ден Џарвис одби да потврди дали „HMS Prince of Wales“ го следи бродот, но кратко рече: „Знаеме каде е“. „Фактот дека оваа јахта се оддалечува е уште еден борбен показател - да употребам фраза од моето воено минато - дека Путин е под зголемен притисок“, додаде тој. Извор: Б92Тагови: Велика Британија Ф-35 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода двајца скопјани поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во СкопјеСе преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20