Видео: Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите во КОНКАКАФ - Канал 5

Видео: Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите во КОНКАКАФ

Интер Мајами рано утрово загуби од Монтереј во реваншот од четвртфиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „ББВА Банкомер“ во Монтереј.

Видео: Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите во КОНКАКАФ

Напаѓачот на домашната екипа Брендон Васкез го отвори резултатот во 31. минута. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. Веднаш по паузата, тимот од Мексико постигна уште два гола - погодија Жерман Бертерам и Хесус Гала.

Во 79. минута гостите останаа во малцинство бидејќи дефанзивецот Жорди Алба доби втор жолт картон. На крајот од натпреварот Диего Гомез ги постави конечните 3:1 по асистенција на Лионел Меси.

YouTube video

Во првиот натпревар Монтереј победи со резултат 2:1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Скопје пронајдени тројца илегални мигранти од судан при контрола на камион

Царинската управа денеска информираше дека пронајдени биле тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење.

Во Скопје пронајдени тројца илегални мигранти од судан при контрола на камион

„Царински службеници од царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба“, посочија од царина.

Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите.

„Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на министерството за внатрешни работи“, додаваат од управата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира градежни проекти во Белата куќа од речиси милијарда долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира градежни проекти во комплексот на Белата куќа во вредност од најмалку 927 милиони долари, при што се очекува најголемиот дел од средствата да бидат обезбедени од даночните обврзници

Трамп планира градежни проекти во Белата куќа од речиси милијарда долари

Според весникот, администрацијата има обезбедено средства преку трансфери од федерални агенции и приватни донации, наместо да бара директно одобрение за финансирање од Конгресот. Парите биле пренасочени во сметката на извршната резиденција на Белата куќа наменета за поправки и реставрација, за проекти кои администрацијата ги опишува како „проекти за модернизација“.

Во извештајот се наведува дека планираните зафати вклучуваат изградба на балска сала во источното крило, уредување на плоштадот Лафајет, изградба на хелиодром, нов центар за безбедносна проверка на посетителите и други подобрувања, со што проценетата вкупна цена достигнува најмалку 927 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари!

Американскиот кошаркар Пејтон Вотсон одбил понуда вредна 70 милиони долари од НБА тимот Денвер Нагетс.

Вотсон ги одби Денвер и 70 милиони долари!

Денвер Нагетс му понудија на Пејтон Вотсон четиригодишен договор вреден 70 милиони долари, но американскиот кошаркар ја одбил понудата од тимот од Колорадо.

Како што пренесува Сем Емик од порталот „Атлетик“ (The Athletic), Вотсон смета дека оваа понуда е далеку од она што го заслужува по одличната сезона во која имаше просек од 14,6 поени, 4,9 скока и 2,1 асистенција за околу 30 минути игра по натпревар. Како што веќе пишувавме, три франшизи внимателно ја следат ситуацијата: Кливленд Кавалирс, Лос Анџелес Клиперс и Милвоки Бакс.

Сè уште постои опција Вотсон да го продолжи договорот и веднаш да биде разменет од Денвер – за што исто така пишувавме – како и опција сите преговори да пропаднат, па Пејтон да ја прифати квалификациската понуда од 6,5 милиони долари и следното лето да стане слободен агент без ограничувања.

Во моментов, Вотсон е слободен агент со ограничувања, бидејќи Нагетс го задржуваат правото да израмнат која било понуда што тој ќе ја добие.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер