Видео: Гоце Седлоски нов селектор на Македонија - Канал 5

Видео: Гоце Седлоски нов селектор на Македонија

Легендата на македонскиот фудбал, актуелниот предводник на лидерот Вардар, Гоце Седлоски е новиот селектор на  најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија.  

Видео: Гоце Седлоски нов селектор на Македонија

Попладнево во хотелот „Хилтон“ во Скопје ФФМ официјално го промовираше Гоце Седлоски за селектор на македонската А репрезентација .

На промоцијата покрај новиот селектор Седлоски говореа и првиот човек на ФФМ, Масер Омерагиќ и директорот Горан Пандев.

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Гоце Седлоски, денеска ја имаше првата прес-конференција. Воедно ова беше негова промоција на новата позиција, на која го наследува Благоја Милевски.

- Голема чест и одговорност во кариерата. Го знам потенцијалот што го има репрезентацијата. Треба да изградиме систем и секој да се бори за секоја топка. Нема да бидеме фаворити на некои натпревари, но тоа не ни го одзема правото да се бориме. Сакам да видам тим, кој ќе се бори до последната минута и очекувам максимален ангажман, храброст и желба на секој натпревар. Убеден сум дека ФФМ ќе ни даде најголеми услови, а од поддршка од најблискиот тим Пандев, Новески, Ибраими, Најдоски, ќе направиме успех за нашиот национален состав, изјави новиот селектор Гоце Седлоски.

Долгогодишниот капитен на А репрезентацијата Горан Пандев со свое видување за новиот селектор.

- Му честитам на Седлоски. Го знам многу години, сме играле заедно. Се работи за човек што многу дал на мак-фудбалот како играч и последните години и како тренер. Тој е млад перспективен тренер, а знам и дека пред нас следи работа и верувам во него и му посакувам успех, изјави Горан Пандев.

Претседателот на ФФМ Масар Омерагиќ ја образложи одлуката за именувањето на Гоце Седлоски за селектор на националниот тим:

- Упатувам благодарност до Благоја Милевски за досегашните резултати. Но, во фудбалот се случуваат промени и сега имаме нов селектор. Заклучивме дека на репрезентацијата и треба нова енергија, за да може да оствариме голем резултат пласман на Светско првенство. И самиот настап во баражот за нас е успех. Седлоски има „фајтерски“ карактер, а таков беше и како играч. За оние кои не веруваат дека можеме да ја минеме Данска, подобро да не се качуваат во авионот.

Своето деби на клупата на Македонија, Седлоски кој има одиграно 100 натпревари за националниот тим ќе го има во Копенхаген против Данска во баражот за пласман на Светското првенство.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) вчера на седница донесе одлука за избор на нов селектор на македонската А репрезентација. За нов селектор е именуван Гоце Седлоски.

Членовите на највисокото тело на ФФМ, одлуката за избор на нов селектор на македонската А репрезентација ја донесоа по предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ – претседател на ФФМ, Горан Пандев – директор на Национални репрезентации, Николче Новески – раководител на Скаутинг службата на ФФМ, Агим Ибраими – член на Управниот одбор на ФФМ и Марјан Стојковски – потпретседател на ФФМ.

Гоце Седлоски е едно од најпрепознатливите имиња во историјата на македонскиот фудбал. Како фудбалер, поранешниот репрезентативен капитен оствари 100 настапи и постигна 8 голови за националниот тим, со што останува првиот македонски фудбалер кој запишал 100 настапи за репрезентацијата.

Седлоски има и претходно искуство во стручниот штаб на националниот тим. Во август 2012 година ја водеше македонската А репрезентација како в.д. селектор на пријателскиот натпревар против Литванија во Скопје (1:0).

Во својата тренерска кариера, Гоце Седлоски работеше како асистент и в.д. селектор на Македонија, а на клупско ниво ги предводеше Хоризонт Турново, Вардар, Рига (Летонија), Широки Бријег (Босна и Херцеговина), вториот тим на Динамо Загреб (Хрватска), Шкупи, Влазниа (Албанија) и Работнички.

Во досегашната тренерска кариера, Седлоски освои три шампионски титули, со ФК Вардар во сезоните 2015/16 и 2016/17, со ФК Шкупи во сезоната 2021/22, како и Куп титула со ФК Вардар во сезоната 2024/25.

Како фудбалер, имаше богата кариера настапувајќи за повеќе клубови во Македонија и странство. Своите професионални чекори ги започна во Братство Горно Коњари и Питу Гули Крушево, по што настапуваше за Победа Прилеп, каде го привлече вниманието со своите настапи. Кариерата ја продолжи во Хајдук Сплит и Динамо Загреб во Хрватска. Седлоски, воедно е прв странец кој ја носел капитенската лента на Динамо Загреб. Потоа настапуваше за Шефилд Венздеј во Англија. Интернационалното искуство го надополни со настапи во Вегалта Сендаи (Јапонија), Дијарбакирспор (Турција) и Матерсбург (Австрија), градејќи респектабилна фудбалска кариера.

Фудбалската федерација на Македонија верува дека искуството, авторитетот и длабокото познавање на македонскиот фудбал на Гоце Седлоски ќе придонесат за стабилност, континуитет и напредок на националниот тим во претстојниот период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

Четвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.

Ормускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на мина

„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“.

Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец.

Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

Лавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА.

„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.

„Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи.

Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција .

Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни.

Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци.

Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот.

Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“.

„Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. 

Одземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија

Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела.

Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs.

Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста.

„Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС.

Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки.

Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври.

Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“.

Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер