Лидерот во светскиот тенис на супериорен начин со максимални 3-0 го доби финалето во Мелбурн против големиот ривал Рафа Надал и по рекорден седми пат стигна до тронот на Отвореното првенство на Австралија.
Ѓоковиќ во трите сета на својот голем ривал му препушти само 8 гема за , по три во првиот и третиот сет и само два во вториот.
Во историскиот судир во Мелбурн, српскиот тенисер на доминантен начин го сруши својот најголем ривал Рафаел надал за 28 триумф во нивите 53 досегашни меча.
Новак Ѓоковиќ по 2008, 2011, 2012, 2013, 2015. и 2016, повторно го освои драгоцениот трофеј во Австралија
Сега со седум титули Ѓоковиќ ги мина шесткратните освојувачи на титулата Роџер Федерер и Рој Емерсон и стана најтрофејниот тенисер во историјата на Отвореното првенство на Австралија.