Видео- фото: Загрозен стартот на првиот Грен слем во 2020, „Австралија Опен“ - Канал 5

Видео- фото: Загрозен стартот на првиот Грен слем во 2020, „Австралија Опен“

Тенисерите стравуваат за своето здравје. Спортската јавност се прашува дали ќе се игра Отвореното првенство на Австралија во тенис. Во Мелбурн е топло и тешко се дише.

Видео- фото: Загрозен стартот на првиот Грен слем во 2020,  „Австралија Опен“

„Австралија опен“ е првиот грен слем во сезоната, турнирот во Мелбурн започнува на 20 јануари , но годинава организаторите се соочени со сериозни проблеми.

Се поставува прашањето како по овој загаден воздух во Мелбурн воопшто ќе може да се играат мечеви. Поради густион дим над Мелбурн парк организаторите беа принудени да го поместат почетокот на квалификациите.

Синоќа тенисерката Далила Јакуповиќ поради кашлица предизвикана од густиот дим мораше да го прекине мечот. Тешкотии со дишењето имаа и Бернард Томиќ и Ежени Бушар.

Ситуацијата е алармантна иако организаторите ветуваат дека се ќе биде средено до 20 јануари и стартот на Австралија опен.

Покрај вообичаените високи температури и голема жештина кој се нормални за овој период од годината во Австралија, годинава првиот грен слем е во опасност поради загадениот воздух, кој е последица од страотните пожари кои го погодија најмалиот континент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Владата препорача работа од дома за вработените во осумте државни институции, лоцирани во административната зграда „Нова Македонија“, по поплавата која вчера се случи во објектот по пукање на топловодна цевка. 

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“

Поради ризикот за електричните инсталации, од безбедносни причини исклучена се и струјата и водата..

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата.

-Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата - информираат од владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил управуван од 70-годишна жена

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка.

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил  управуван од 70-годишна жена

Несреќата се случила во неделата околу 20 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје.

„Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од скопје“,информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби

Со изведување докази продолжува судењето за „Државна Лотарија“

Со изведување на материјалните докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судењето за предметот „Државна Лотарија“, во кој меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на АД „Државна Лотарија“, Перпарим Бајрами.

Покрај поранешниот вицепремиер Артан Груби и ексдиректорот на лотаријата Перпарим Бајрами, кои беа во бегство, но се вратија и се предадоа на властите во земјава, во овој судски предмет обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски.

Тие се товарат дека со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на Ад „Државна Лотарија“ во износ од над 9 милиони евра.сите обвинети во претходниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер