Видео-фото: Во обилни дождови во централна Кина 12 загинати - Канал 5

Видео-фото: Во обилни дождови во централна Кина 12 загинати

Метеоролошките служби на провинцијата Хенан и градот Женгжу ја подигнаа подготвеноста на службите за катастрофи на ниво 1,

Видео-фото: Во обилни дождови во централна Кина 12 загинати

Дванаесет лица загинаа во обилните дождови во главниот град на централната кинеска провинција Хенан, а околу 100.000 жители на покраината мораа да бидат евакуирани во безбедни области, објави кинеската државна новинска агенција Ксинхуа.

Метеоролошките служби на провинцијата Хенан и градот Женгжу ја подигнаа подготвеноста на службите за катастрофи на ниво 1, а прогнозите предвидуваат дека денеска до доцна навечер во покраината ќе паѓаат обилни дождови.

Во невообичаено активната дождовна сезона, провинцијата Хенан беше погодена од невреме кое трае од викендот, како резултат на што реките се излеаја од своите корита и ги преплавија улиците во десетици градови.

Во Женгжу, главниот град на Хенан, на бреговите на Жолта река, во вторникот паднаа повеќе од 200 мм дожд за еден час, принудувајќи го градот да го прекине целиот сообраќај во метрото.

Метеоролошките служби во Женгжу соопштија дека се работи за најобилни врнежи од дожд за еден ден од почетокот на мерењата пред 60 години.

Кинеската војска во вторникот предупреди на непосредна опасност од пукање на браната Јихетан во Луоанг, град со околу седум милиони жители во провинцијата Хенан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На украинскиот претседател му е забрането да лета над оваа земја

Полскиот претседател Карол Навроцки му даде рок од неколку дена на својот украински колега Володимир Зеленски да ја повлече одлуката за именување на една од украинските единици по нацистичката Украинска бунтовничка армија (УПА).

На украинскиот претседател му е забрането да лета над оваа земја

Полскиот претседател Карол Навроцки му даде рок од неколку дена на својот украински колега Володимир Зеленски да ја повлече одлуката за именување на една од украинските единици по нацистичката Украинска бунтовничка армија (УПА), изјави портпаролот на полскиот лидер, Рафал Лескиевич.

„И дадовме на украинската страна неколку дена. Зеленски треба да донесе одлука. Тој сè уште има време да се осигури дека оваа единица нема да го носи името на херој на УПА“, изјави Лескиевич за полските медиуми.

Тој додаде дека досега немало реакција од украинската страна по ова прашање.

Се шпекулира дека од овие причини, полската страна му забранила на авионот на Зеленски да лета кон самитот на Г7 во Женева преку нејзината територија, па тој патувал преку Молдавија.

Според некои медиуми, ова е веќе втор пат Зеленски инцидентно да го промени аеродромот за кратко време.

Претходно, полскиот претседател размислуваше да му го одземе на Зеленски Орденот на Белиот орел, кој му беше доделен во 2023 година од претходниот шеф на државата, Анджеј Дуда.

Сепак, по состанокот на Советот на Редот минатиот понеделник, Навроки не донесе никаква одлука, ниту пак ги објави препораките што ги доби од Советот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп откри: „Путин и Зеленски се отворени за преговори“

САД се свртуваат кон Украина по Иран. Трамп откри: „Путин и Зеленски се отворени за преговори“ 

Трамп откри: „Путин и Зеленски се отворени за преговори“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека по завршувањето на војната во Иран, Вашингтон повторно ќе се фокусира на војната во Украина и изрази оптимизам дека и рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се подготвени за преговори.

„Можеби можеме да направиме нешто во врска со Украина. Мислам дека и Путин и Зеленски се отворени за тоа. Сега кога приказната со Иран е завршена, ќе се фокусираме на тоа“, изјави Трамп пред новинарите на самитот на Г7 во Евиан-ле-Бен, Франција.

Трамп рече дека разговарал одделно со двајцата лидери во неделата и ги опиша разговорите како „многу добри“.

Зеленски разговарал со Трамп по телефон во недела, на 80-тиот роденден на американскиот претседател.

Недолго потоа, Кремљ потврди дека Путин разговарал и со Трамп.

Украинскиот претседател рече дека го информирал Трамп за ситуацијата на фронтовската линија и зајакнатата позиција на Украина, додавајќи дека се договориле да продолжат разговорите за време на самитот на Г7. Според помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, Путин му се јавил и на Трамп на 14 јуни за да му посака среќен роденден.

Двајцата лидери разговарале за она што Москва го опишува како воени успеси на Русија во Украина.

Ушаков рече дека Трамп повторно го повикал Путин да ја заврши војната „што е можно поскоро“ и наговестил дека тоа би можело да отвори врата за подобрување на односите меѓу САД и Русија.

Функционерот на Кремљ, исто така, рече дека ако Зеленски го покрене прашањето за повторна средба со Путин, „нека дојде во Москва“.

Ушаков додаде дека во блиска иднина се очекува посета на руската престолнина од страна на американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци

Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци – симбол на храброста, непокорот и љубовта кон слободата, напиша на Фејсбук, градоначалникот Митко јанчев кој положи свежо цвеќе на споменикот на 12 ваташки младинци.

Јанчев: Денес, со длабока почит го одбележавме споменот на дванаесетте ваташки младинци

-На 16 јуни 1943 година, бугарскиот окупатор изврши едно од најтешките злосторства во македонската историја, одземајќи дванаесет млади животи од Ваташа. Но, и покрај суровоста на злосторството, не успеа да ги уништи идеалите во кои тие веруваа. Нивната жртва останува вечен сведок за стремежот кон слобода, правда и достоинство.

И по 83 години, споменот на ваташките младинци живее во колективната меморија на нашиот народ. Нивната приказна не е само дел од нашата историја, туку и обврска да ја чуваме вистината, да ги почитуваме жртвите и да ги пренесуваме вредностите за кои тие се жртвуваа на идните генерации.

Како општина и како народ, должни сме да паметиме. Затоа што народот што ја негува својата историја и ги почитува своите херои, гради посигурна и подостоинствена иднина.

Нека е вечен споменот на дванаесетте ваташки младинци.

Нека е вечна нивната жртва.

Слава им.- стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер