1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
ЖивотВидео- фото: Во Ерусалим запален Благодатниот оган Во 14 часот по израелско време , 13 во Mакедонија симболично е запален Благодатниот оган во ЕрусалимПреку зрак светлина од небото чудотворно се создаде оган. Христијаните веруваат дека ова чудо се случува секоја година. На овој волшебен чин во Ерусалим присуствува и екипа на Канал 5 и делагација од Македонија, предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Денеска напладне во Базиликата на Светиот Гроб во стариот град на Ерусалим, државата Израел одржа церемонијата „преземање на Благодатниот оган во Ерусалим”, на која за прв пат свое учество има македонско-црковна делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорот на Државната комисија за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски, како и шефот на делегацијата на Македонската православна црква – Митрополит тетовски-гостиварски, Јосиф Тодоровски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
ЕвропаНајголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помошЗемјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении. Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот. Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари. Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: По 30 години чекање, булеварот „Борис Трајковски“ добива нов асфалтПо три децении чекање и бројни најави, започна асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза.По решавањето на долгогодишните имотно-правни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Во рамки на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што се создава современа и функционална инфраструктурна основа за овој значаен сообраќаен коридор. Започнатото асфалтирање е конкретен чекор кон целосното завршување на булеварот и подобрување на сообраќајното поврзување, безбедноста и условите за движење на граѓаните. Она што со години беше само ветување, денес се претвора во конкретен резултат. Ова е пример дека со решавање на проблемите, сериозна работа и посветеност, Скопје може да добива инфраструктура која ќе служи на граѓаните и ќе остане за идните генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеД-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисијаЕпидемиологот доктор Драган Даниловски за Канал 5 вели дека Македонија веќе се наоѓа во засилена трансмисија на Западен Нил, но не може да се каже дали ова е врвот на епидемијата. Смета дека околу 80 проценти од заразените се асимптоматски.Целиот разговор на Сања Трајковска Ставро со епидемиологот Данаиловски гледајте го во вестите во 18 часот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter