Ова е особено забележливо на фотографиите на Номука, мал остров во јужниот дел на групата острови Хапаи.

Фотографиите се направени од авионот од страна на одбранбените сили на Нов Зеланд, а прикажани се и сателитски снимки на Обединетите нации.

Сателитските снимки покажуваат речиси идентични сцени на островите Коломоту, Тонгатапу и селото Фафа на островот Нукуалофа, кои се целосно покриени со пепел, пренесува британскиот весник „Гардијан“.
Додека некои згради се уште стојат, други, според снимката, се чини дека се урнати.

На меѓународниот аеродром Фуамоту, пистата беше потопена и делумно покриена со пепел или земја, додека други сателитски снимки покажуваат дека поплави имало и во неколку области долж брегот.
Се верува дека саботната ерупција на подморскиот вулкан Хунга Тонга-Хунга Хапаи, на околу 65 километри северно од главниот град Тонга, е најголемиот вулкански настан во последните 30 години.
