3Стојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџет
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
3Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ТехнологијаВидео- фото: НАСА ја лансираше мисијата Артемис II, прв лет со екипаж кон Месечината по повеќе од половина век НАСА денеска ја лансираше мисијата Артемис II првиот лет со човечки екипаж кон Месечината по повеќе од половина век, во чии рамки четворица астронаути полетаа од Флорида на десетдневно патување околу Месечината.Ракетата Space Launch System (SLS) со капсулата Орион полета од Вселенскиот центар Кенеди на Флорида, со екипаж од тројца американски астронаути и еден Канаѓанец: Рид Вајзман, Виктор Гловер, Кристина Кох и Џереми Хансен. Мисијата ќе им овозможи на астронаутите да го тестираат Орион во услови на вистинска вселена, вклучувајќи рачно управување и маневрирање во орбитата, како и изведување низа научни и технички експерименти. Кусо по лансирањето Артемис II, комуникацијата помеѓу четворицата астронаути во капсулата „Орион“ и контролниот центар на Земјата била привремено прекината. Екипажот можел да ги слушне гласовите од контролниот центар, но вработените во контролниот центар не можеле да ги слушнат астронаутите, изјави администраторот на НАСА, Џаред Ајзакман, на прес-конференција. - Комуникацијата со екипажот е воспоставена. Активно работиме на проблемот и ќе ве информираме за понатамошниот тек - рече Ајзакман. Артемис II претставува прв човечки лет во склоп на програмата Артемис, која е покрената во 2017 година со цел воспоставување долгорочно присуство на луѓе на Месечината и подготовка за идни мисии на Марс. Програмата ги наследува мисиите Аполо, чија последна мисија, Аполо 17, заврши во декември 1972 година, оставајќи повеќе од половина век празнина во човечките мисии на Месечината. Астронаутите во текот на мисијата ќе орбитираат околу Месечината без слетување, ќе прелетаат над нејзината далечна страна и ќе соберат податоци кои ќе помогнат во планирањето на Артемис IV, првата мисија со екипаж која ќе слета на лунарниот површински пол. Враќањето на Земјата е планирано по „патеката на слободно враќање“, користејќи ја месечевата гравитација за враќање без дополнителен погон, а завршувањето на мисијата се очекува по десетина дена во Тихиот Океан. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦУК: Активни се четири пожари, се уште критично во Студеничани и Зелениково11:02Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаПочина уште еден заболен од западно-нилска трескаУште еден, шести по ред смртен случај од западно-нилска треска во Македонија, соопштија денеска здравствените власти. Станува збор за 72-годишен маж од Аеродром, кој бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика. Во Ресен е пронајден угинат гавран кај кого надлежните детектирале западнонилска треска. Западнонилската треска бележи драстичен пораст повеќе од десет новозаразени за една седмица. Од вкупно 53 случаи, 50 се потврдени, додека за три се очекуваат резултатите од дополнителните тестирања. На Клиниката за инфективни болести во Скопје во моментот се хоспитализирани 18 пациенти. Најмладиот, 26-годишен пациент е во добра состојба, а петмина пациенти се на Интензивна нега со тешка клиничка слика и сите се повозрасни лица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: „Нема место за шеријат во САД“Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има намера да го забрани шеријатскиот закон во Соединетите Американски Држави и додаде дека „нема место за шеријат во САД“.„Што се однесува до шеријатот, категорично би рекол дека шеријатот нема место во оваа земја. Нема шеријат“, рече Трамп за време на интервју со конзервативниот ТВ водител Глен Блек. Американскиот претседател рече дека има места каде што шеријатот е присутен, наведувајќи ги Лондон и Париз како примери. „Како што знаете, одите во Лондон, одите во Париз, тоа е речиси како поинаков начин на живот. Смешно е“, рече Трамп. Американскиот претседател истакна дека шеријатот е присутен до одреден степен во Соединетите Американски Држави. „Каде што го гледаме, го отстрануваме. Мора да се отстрани“, рече Трамп, додавајќи дека правниот систем во САД е „најдобар и покрај неговите несовршености“. Доналд Трамп даде слични забелешки за Лондон минатата година, напаѓајќи го градоначалникот на британскиот главен град, Садик Кан, за време на неговиот говор пред Генералното собрание на ОН. „Го гледам Лондон, каде што имате ужасен градоначалник, навистина ужасен градоначалник. Сè се промени толку многу. Сега сакаат да воведат шеријатски закон“, рече Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојаноски: Школски прибор намален за 10% на големо, за 15% на мало, јасно означени цени и заштита на семејниот буџетВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на школскиот прибор за 10% во трговијата на големо и 15% во трговијата на мало.Во пресрет на почетокот на новата учебна година, ова значи вистинска грижа за граѓаните, родителите, учениците и смејните буџети, каде ќе се купуваат повеќе производи потребни за школската година, а ќе се троши помалку. Покрај намалувањето на цените на училишниот прибор, особено важно е што со новата владина одлука се обезбедува и транспарентност во однос на цените. Трговците се должни, покрај новата, намалена цена, јасно да ја прикажат и старата цена на производот, каде како базна ќе се зема цената која важела на 1 јуни 2026 година. Тоа значи дека граѓаните ќе можат јасно и транспарентно да видат колкава била цената претходно и колку изнесува намалувањето, така што на тој начин се обезбедува поголема сигурност за потрошувачите и се спречува можноста за манипулации со цените. Одлуката ќе важи до 30 септември 2026 година, период во кој граѓаните ќе имаат можност да ги набават производите опфатени со мерката по намалени и јасно означени цени. Станува збор за конкретна мерка насочена кон директна поддршка на семејствата во периодот кога нивните трошоци се најголеми поради подготовките за новата учебна година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е родителите да имаат помал притисок врз семејниот буџет, а секое дете да може да ја започне новата учебна година со потребниот прибор. Ташни, ранци, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, фломастери, линијари, дидактички материјали, се што е неопходно за почетокот на учебната година, ќе се купува по намалена цена. Пониски цени, јасно означени цени и конкретна поддршка за граѓаните. Владата ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и да носи мерки кои даваат реални и видливи резултати кои прават значителни заштеди на семејните буџети. Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Бојан Стојаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook