Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата
1Македонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од Смотрата
Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“
2Видео- Тајна свадба на годината: Тејлор Свифт и Тревис Келси го кажаа судбоносното „да“ во „Медисон Сквер Гарден“
ТехнологијаВидео- фото: ДАРТ успешно се судри со астероидАмериканската вселенска агенција (НАСА) доцна синоќа со вселенското летало ДАРТ успешно удри во астероид. Тоа беше историска мисија бидејќи беше „прв планетарен тест за одбрана“ на Земјата од потенцијален удар со промена на правецот. Последните моменти пред судирот ги снимила камера на леталото, а последната слика ја направило леталото две секунди пред ударот. 🛰️ This is only a test – of planetary defense. Today, our #DARTMission is set to crash into a non-hazardous asteroid to test deflection technology, should we ever discover a threat. Impact: 7:14pm ET (23:14 UTC). Watch our LIVE broadcast at 6pm ET: https://t.co/VAfF5ZXcYB pic.twitter.com/czGqnYJIGJ — NASA (@NASA) September 26, 2022 Целта на мисијата е да се заштити Земјата од потенцијален судир со НЕО – што е името на НАСА за објект блиску до Земјата, астероид или комета, што може да се приближи до орбитата. ДАРТ (Double Asteroid Redirection Test) е првата мисија која се обиде да го смени движењето на опасен објект со цел да се спречи истиоот да удри во Земјата, изјави директорот на вселенската мисија Томас Зурбухен. Во 2016 година, НАСА ја основа Канцеларијата за координација за планетарна одбрана (PDCO) за рано откривање на големи закани НЕО, најмалку 30 до 50 метри, што кои би можеле да ја оштетат површината на Земјата и да ги следат траекториите на овие објекти. Астрономите моментално не знаат дали Земјата е загрозена од НЕО, но астероид пред околу 66 милиони години остави огромен кратер на мексиканскиот полуостров Јукатан и можеби го предизвикал изумирањето на диносаурусите. Вселенското летало ДАРТ е тешко 610 килограми со димензии 1,8 на 2,6 метри, а беше лансирано во ноември 2021 година од Калифорнија со ракетата Фалкон 9 на компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX). Леталото удри во астероидот Диморфос со брзина од 6,6 километри во секунда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПартиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18Универзитетска клиника за инфективни болести: Потврдени два случаи на Западнонилска треска13:09Сончево со мала до умерена облачност09:00Мицкоски нуди бланко поддршка за СДСМ ако се договори гласањето на дијаспората15:00Пожар во близина на Пробиштип, густ чад на патот Штип- Пробиштип го отежнува сообраќајот12:34
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб и Меѓународната смотра на фолклорот со изложбата „Поздрав од Македонија“ го одбележаа големиот јубилеј – 60 години од СмотратаВо преполниот изложбен простор на македонскиот КИЦ во Загреб синоќа беше отворена ексклузивната изложба „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“.Во преполниот изложбен простор на македонскиот КИЦ во Загреб синоќа беше отворена ексклузивната изложба „Поздрав од Македонија – фотографии на македонски фолклорни групи на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб“, реализирана во соработка со Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, по повод значајниот јубилеј – 60 години од нејзиното одржување. Авторки на изложбата се Ивона Опетческа Татарчевска, експерт за заштита на нематеријалното културно наследство во УЗКН и национален координатор за нематеријално културно наследство во УНЕСКО, и Бојана Пољаковиќ Поповиќ, виш стручен соработник во Културниот центар Травно од Хрватска, кои истражувајќи низ дигиталниот репозиториј на Смотрата направија потесен избор преку кој го претставија широкиот спектар на македонски фолклорни групи кои настапиле на Меѓународната Смотра на фолклорот во Загреб. На свеченото отворање присуствуваа претставници на министерства, дипломатскиот кор, локалната самоуправа, културни институции, македонски здруженија во Хрватска, бројни Македонци кои живеат и работат во Хрватска, како и љубители на фолклорната уметност. Во музичкиот дел настапи етно-вокалната група „Езерки“ од Загреб, која повеќе од три децении ги негува и афирмира традиционалните македонски песни. Пред присутните се обратија директорката на македонскиот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска, уметничкиот директор на Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, Твртко Зебец и авторките на изложбата, Ивона Опетческа Татарчевска и Бојана Полјаковиќ Поповиќ, кои на публиката и ја доближија идејата за оваа значајна и внимателно селектирана изложба, која покрај класично отпечатените фотографии е подготвена и делумно во дигитален формат. Изложбата ја отвори амбасадорот на Македонија во Хрватска, Н.Е. Драган Ѓурчевски, упатувајќи честитки за значајниот јубилеј – 60 години од Меѓународната смотра на фолклорот Загреб, најпрестижната меѓународна и светски реномирана манифестација на аматерски фолклор во Хрватска, посветена на негување, зачувување и презентација на локалното и светското традициско културно наследство, додавајќи дека во тие 60 години, особено значајно е и континуираното присуство на македонскиот фолклор кои достоинствено и автентично се претставувал на сцената во Загреб. Амбасадорот Драган Ѓурчевски ја истакна важноста на културното поврзување и културната дипломатија како место на средба на различните култури и идентитети, потенцирајќи дека токму такво место е македонскиот КИЦ во Загреб. „Вклучувањето на оваа изложба во годишната програма на македонскиот КИЦ во Загреб и поддршката од страна на Министерството за култура и туризам претставува јасен израз на нашите програмски определби — не само кон афирмација и промоција на македонското културно наследство, туку и кон континуирано унапредување на културната соработка со релевантни хрватски институции, организации и автори. Особено нè радува кога преку заеднички проекти, како што е овој вечерва, создаваме простор за нови културни дијалози, заемна почит и продлабочување на врските меѓу нашите две држави. Македонскиот фолклор, со својата раскошна музичка, танцова и визуелна естетика, претставува еден од најпрепознатливите симболи на македонскиот културен идентитет. Во народните песни, ора, носии и обичаи се содржани колективната меморија, духовноста и историското наследство на македонскиот народ“, рече директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска. Уметничкиот директор на Меѓународната смотра на фолклорот проф. д-р Твртко Зебец го изрази своето огромно задоволство од воспоставената високо професионална соработка со македонскиот КИЦ во Загреб, потенцирајќи ја важноста за културното поврзување и зачувавање на културното наследство, посебно преку вакви заеднички проекти кои го афирмираат културното богатство на двете држави. „Оваа мултимедијална изложба која македонскиот КИЦ во Загреб ја реализира по повод јубилејот 60 години од одржување на Смотрата содржи избор од 60 печатени и неколку стотини дигитални фотографии од големиот Дигитален архив на Меѓународната Смотра на фолклорот. Изложбата е збогатена и со оригинални носии кои денес ги чува Центарот за традиционално културно наследство, како и фотографски и аудиовизуелни материјали отстапени од неколку големи вљубеници на фолкорната магија кои се одзваа на повикот на Македонскиот културно-информативен центар и испратија свои материјали што ги чуваат во своите архиви, не само во Македонија, туку и пошироко во светот, истакна Ивона Оптeтечска Татарчевска една од авторките на изложбата“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОУ „Ацо Шопов“ во Радишани добива затворен базен и четири нови училнициВо основното училиште „Ацо Шопов“ во населбата Радишани во општина Бутел, освен што се прошируваат капацитетите со доградба на четири нови училници, денес започна и изградбата на затворен базен. Станува збор за инвестиција поддржана од страна на Владата во вредност 77 милиони денари, а на поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и градоначалникот Дарко Костовски. „Ова е заедничка заложба на Владата, Министерството за образование и наука и на општина Бутел за унапредување на локалната образовна и спортска инфраструктура. Радишани ќе добие уште една содржина која ќе им биде достапна на младите во секојдневието, за стекнување здрави животни навики, спортување и правилен развој. Ваквите инвестиции имаат значаен удел во севкупните напори на државата за анимирање на младите и оттргнување од пороци и несоодветно однесување“, рече Јаневска. Додаде дека во изградбата на дополнителниот објект во склоп на училиштето, со четири нови училници, се вложуваат 37 милиони денари кои ги обезбеди министерството. Ќе можат да се запишат дополнителни 100-тина ученици и ќе се обезбеди целодневна настава од прво до трето одделение. „Оваа инвестиција во дополнителни простории ќе биде заокружена до септември и заедно со базенот, ќе добиеме еден целосен, модерен образовно - спортски комплекс“, нагласи министерката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБелгиска компанија му подари на Трамп прстен украсен со дијамантиБелгиска компанија му подари на Трамп прстен украсен со дијаманти,тој неодамна ги укина царините за нив.Десетици дијаманти формираат две големи букви „Т“ покрај американското знаме и бројките „1776“ и „2026“. Други дијаманти ги врамуваат бројките 45 и 47 во форма на логото на Супермен, додека орел со крилја украсени со дијаманти носи штит од рубин и во канџите држи маслинова гранка од смарагд. Станува збор за масивен прстен од 18-каратно злато, украсен со вкупно 321 дијамант, 56 сафири, 13 смарагди и шест рубини, кој беше претставен оваа недела како подарок за американскиот претседател Доналд Трамп во чест на 250-годишнината на Соединетите Држави. Прстенот му беше врачен во Брисел на американскиот амбасадор во Белгија, Бил Вајт, кој се очекува да му го предаде на претседателот, пренесува „Си-би-ес њуз“ (CBS News). „Посебна благодарност до моите пријатели од Антверпен за величествениот прстен ’Freedom 250‘“, рече Трамп во претходно снимена видеопорака прикажана на настанот по повод роденденот на Америка. Исидор Мерсел, претседател на Антверпенскиот светски центар за дијаманти (AWDC), го подари прстенот во име на вековната дијамантска заедница во тој белгиски пристанишен град, центар на глобалната трговија со скапоцени камења. Интересно е што истата индустрија се соочи со тешкотии минатата година под притисокот на сеопфатната трговска војна на Трамп. „Нека овој прстен послужи како траен потсетник дека вистинското партнерство - слично како најдобрите природни дијаманти - се кова под притисок, го издржува тестот на времето и сјае најсветло кога се гради врз доверба“, рече Мерсел. Вградено во прстенот е напишано „Направено во Антверпен за Доналд Џон Трамп“. Вредноста на прстенот е значително пониска од некои други подароци што ги добил Трамп - како што е авион од 400 милиони долари од Катар - но тој ја илустрира улогата што ја играат раскошните подароци за оние што ја бараат наклонетоста на американскиот претседател. Службеник на Белата куќа, зборувајќи под услов да остане анонимен, вчера изјави дека прстенот сè уште не му е подарен на Трамп. Подарокот доаѓа неколку месеци откако белгиската дијамантска индустрија успеа да обезбеди укинување на американските царини за увоз на дијаманти.Тагови: дијамант Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter