Видео: Фиат 500, но оди по вода - Канал 5

Видео: Фиат 500, но оди по вода

И иако изгледа точно како „Фиат 500“, не е автомобил и не се вози по пат.

Видео: Фиат 500, но оди по вода

Станува збор за чамец што може да се вози по море, езера и реки, иако на прв поглед може да се помисли дека „фиќо“ паднало во вода. Станува збор за мешавина од автомобил и чамец под името „car 500 off-shore“, кој е замисла на дваесет и четиригодишник од околината на Неапол, кому Стелантис му дал лиценца за овој потфат.

Антонио Пјетро Марија Галасо, дипломиран правник, отсекогаш сакал да се занимава со иновации, а овој пат сакал да го пренесе својот омилен италијански автомобил на водните патишта, па дизајнирал „фиќо“ на вода под името „car 500 off- shore“ како и стартап под истото име.

Автомобилот ќе биде произведен во ограничено издание од само 500 примероци, а ќе се продава и во Италија и во странство. Галасо за италијанските медиуми изјави дека идејата ја добил гледајќи фотографија од „Фиат 500“ и дека од тој момент почнал да работи на проектот кој траел пет години, а првиот резултат бил прототип.

"Car 500 off-shore е совршен брод за оние кои сакаат да комбинираат елеганција и функционалност. Со помош на користените технологии, можно е безбедно да се плови по море, по езера и реки. Го реализирав овој „Made in Italy“ проект со желба да се покаже вредноста на италијанскиот дизајн, занаетчии кои се занимаваа со секој детал за да создадат навистина луксузно возило кое ќе биде за сите оние кои се страствени љубители на животот на море“, рече Галасо, кој раскажа и како контактирал со Стелантис по завршувањето на прототипот.

https://www.youtube.com/watch?v=R_mD5pY3y70&ab_channel=RaitalyTV

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Единственото што го направија овие млади луѓе беше што носеа транспарент со порака дека водата во Гостивар е отруена.

СДСМ: Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село

Одговорот на организираната криминална група ВМРО беше моментален: група тепачи, по наредба на Христијан Мицкоски, нападнаа млади луѓе.

Мицкоски ја премина секоја граница.

Бараме од полицијата и Обвинителството веднаш да реагираат.

Обвинителството веднаш да ги пронајде насилниците што по налог на Мицкоски ги нападнаа младите во Ново Село.

Вчера Обвинителството со молскавична брзина го пронајде оној што го навредил Мицкоски.

Денеска очекуваме со истата брзина

Насилниците што синоќа ги нападнаа младите активисти во Ново Село мора веднаш да бидат идентификувани и приведени.

Веќе е познато дека во нападот учествувал и возач на градоначалник на Струмица од ВМРО - Наско Димитриев.

Значи - лесно ќе ги пронајдат.

Панче Тошковски, наместо да се занимава со хиперхлорирање, анализи на водата и пуштање на водата да истекува од цевките, нека си ја работи својата работа и уште денеска нека ги пронајде насилниците и нивните налогодавачи.

Полицијата и Обвинителството мора да го работат својот работа.

Без селективност.

Без заштита.

Насилството по налог не смее да помине неказнето - Без разлика што нарачател е премиерот Мицкоски.

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Манекенка која „не излегува“ од бикини

Таа е „жив оган“ и не се разделува од бикинито.

Фото: Манекенка која „не излегува“ од бикини

Легендарниот топ модел Алесандра Амброзио е уште една од славните убавици кои во овој период уживаат далеку од градската врева, а потоа ги воодушевуваат своите следбеници на социјалните мрежи со фотографии во бикини.

Бразилската манекенка Алесандра Амброзио (45) летото го поминува со своето момче, Бак Палмер, кој е заслужен за нејзините совршени фотографии на Инстаграм.

Сезоната на бикини е во полн ек, а убавата Бразилка дефинитивно има што да покаже.

Фаталната убавица искористи уште една можност да го покаже телото што со години е во центарот на вниманието на медиумите и модните писти, и иако е во петтата деценија од животот, Алесандра дефинитивно сè уште нема конкуренција.

„Најзгодната пензионерка“, како што ја нарекуваат во јавноста, не крие дека напорно тренира за да ја одржи линијата, па затоа не изненадуваат бројните позитивни коментари под нејзините објави.

„Совршена си“, „Најубавиот модел си“, „Секси мама“, „Те сакам“, „Само продолжи така“, „Вистински оган“ – беа дел од реакциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери објави серија фотографии кои се најсекси досега.

Фото: Сексапилната Хали Бери

Атрактивната актерка Хали Бери ужива во жешкото лето и дава сè од себе за да го направи уште пожешко со провокативни фотографии.

59 годишната Хали Бери е позната по провокативните фотографии на кои не се двоуми да го покаже и своето голо тело, а неодамна објави и серија жешки слики.

Добитничката на „Оскар“ спакува разновидни комбинации за плажа за својот одмор на Фиџи со свршеникот Ван Хант, но изгледа дека не облече ниту една од нив...

Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот – една од многуте што ги направи за време на ова идилично патување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер