Видео: Експлозија на гејзер во националниот парк Јелоустоун - Канал 5

Видео: Експлозија на гејзер во националниот парк Јелоустоун

Во Националниот парк Јелоустоун, во САД, се случи неочекувана експлозија на гејзер, која принуди десетици посетители да се засолнат на побезбедно место.

Видео: Експлозија на гејзер во националниот парк Јелоустоун

Хидротермалната експлозија се случи во геотермалната област Бисквит Басен, позната по топлите извори и гејзери, недалеку од Old Fejtful" гејзер во Националниот парк Јелоустоун.

Нема извештаи за повредени, но просторот на базенот е затворен заради безбедноста на посетителите, пренесува АП.

Научникот Мајк Поланд од опсерваторијата на вулканот Јелоустоун рече дека експлозијата може да биде резултат на блокиран премин во водоводната мрежа на гејзерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 28. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 28. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 28. октомври 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците.

Кариера

Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа.

Здравје и совет

Надевајте се на подобро.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом.

Кариера

На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите.

Здравје и совет

Движете се повеќе , јадете помалку.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка.

Здравје и совет

Потребен ви е одмор.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни.

Кариера

Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така.

Здравје и совет

Можна е главоболка.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо.

Кариера

Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете.

Здравје и совет

Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање.

Кариера

Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна.

Кариера

Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа.

Здравје и совет

Размислете за својата дисциплина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус.

Кариера

Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин.

Здравје и совет

Победувате со издржливост.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси.

Кариера

Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат.

Здравје и совет

Мали дигестивни проблеми.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок.

Кариера

Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување.

Здравје и совет

Прво размислете , па потоа зборувајте.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол.

Кариера

Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво.

Здравје и совет

Чувајте си го грлото.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува.

Кариера

Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност.

Здравје и совет

Толерирајте ги недостатоците на другите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристо Никовски и Александар Чомовски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ристо Никовски и Александар Чомовски

Ристо Никовски и Александар Чомовски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трик на трговците на кој наседнуваме со години

Клучна улога ја има првата цифра.

Трик на трговците на кој наседнуваме со години

Со децении, трговците применуваат еден од најпознатите принципи на психолошко одредување на цените: поставување цена што завршува на 9 веднаш под некоја заокружена цифра, бидејќи таквата цена на купувачите може да им изгледа значително пониска од речиси идентичната цена што претставува заокружен број.

*The Wall Street Journal* неодамна објави текст токму за ефектот на цените што завршуваат на цифрата 9. Иако разликата меѓу 9,99 евра и 10,00 евра изнесува само еден цент, ние не ги доживуваме двете цени на ист начин.

Клучна улога ја има првата цифра.

Едно од објаснувањата лежи во таканаречениот „ефект на првата цифра одлево“. Бидејќи цените ги читаме од лево кон десно, посебно внимание посветуваме на првата цифра. Како резултат на тоа, цената од 9,99 евра ментално ја класифицираме како „девет и нешто“, додека цената од 10,00 евра веднаш спаѓа во нова, повисока категорија. Токму затоа разликата од еден цент може да изгледа многу поголема отколку што навистина е.

Од *The Wall Street Journal* истакнуваат дека трговците се добро запознаени со важноста на ваквите психолошки граници. Некои компании дури и го менуваат дизајнот на амбалажата и ги намалуваат другите трошоци за производот да биде под износот што на купувачите им делува поприфатливо.

Примерот на американскиот производител на средства за чистење „Клинкалт“ (Cleancult) илустрира колку може да биде значајна ценовната граница „под 10“. Компанијата за „Волстрит џурнал“ (WSJ) изјави дека продажбата на нејзиниот детергент за перење се удвојува кога цената се намалува од приближно 12,99 долари на 9,99 долари.

Интересно е тоа што и двете цени завршуваат на 99. Според тоа, бројката 9 на крајот не е целата приказна. Во овој случај, производот навистина поевтинил за три долари, но исто така ја преминал и клучната психолошка граница: одеднаш, тој повеќе не чинел „дванаесет и нешто“, туку помалку од десет.

Ова не значи дека секој производ ќе го постигне истиот резултат, но ефикасно покажува колку влегувањето во нова ценовна категорија може да биде важно за трговците. Купувачот не гледа само пониска цена, туку и производ кој, на прв поглед, изгледа значително подостапен.

„Клинкалт“ отиде дотаму што со години избегнуваше да ги зголемува цените, иако таквата одлука врши притисок врз профитните маржи.

Цената што завршува на 9 не мора да значи дека е поевтина

Интересно е што цената што завршува на 9 не мора да значи дека производот е поевтин. Една опсежна студија на економистите Авихаи Снир и Даниел Леви, објавена во 2021 година, анализирала повеќе од 98 милиони евидентирани цени од голем американски малопродажен синџир.

Резултатот беше прилично изненадувачки: цените што завршуваа на 9 беа, по правило, повисоки од цените на споредливи производи кои завршувале на друга цифра. Разликата во некои случаи достигнувала и до 18%.

Зошто тогаш купувачите толку често ова го сметаат за поволна зделка? Авторите на истражувањето нудат интересно објаснување. Иако цените што завршуваа на 9 генерално биле повисоки, ситуацијата била поинаква кај производите на распродажба: намалените цени што завршуваа на 9 во просек биле пониски од намалените цени кои завршувале на друга цифра.

Со други зборови, купувачите често ја гледале деветката на крајот од цената токму кај поголемите попусти, па со тек на време почнале да ја поврзуваат со поволна понуда. Авторите исто така откриваат дека цените што завршуваат на 9 навистина биле пониски од порано, но со тек на време пораснале, додека нивниот имиџ на „поволна цена“ останал.

Некои дури го менуваат и пакувањето

Други производители бараат поинаков начин за да ја задржат посакуваната цена. WSJ наведува примери на компании што ја менуваат големината или пакувањето на производите за сепак да ги понудат под одредената психолошка граница.

Така, Hasbro го прилагодиле пакувањето на одредени играчки и игри за да ја задржат цената под 10 долари. Boston Beer направил слично нешто со Twisted Tea: кога веќе не можеле да го задржат пакувањето од шест лименки под таа граница, понудиле пакување од четири лименки што повторно чинело помалку од 10 долари.

Иако наведените примери се од американскиот пазар, истиот принцип на менување на левата цифра важи и кога цената е изразена во евра. Границата меѓу 9,99 € и 10 €, 19,99 € и 20 € или 99,99 € и 100 € може да изгледа позначајна отколку што е математички. Трикoт е стар, но сè уште функционира.

Цените како 4,99 €, 9,99 € или 99,99 € се толку вообичаени што честопати веќе и не ги забележуваме. Сепак, истражувањата покажуваат дека таквото одредување на цената сè уште може да влијае на нашата проценка за тоа колку е нешто скапо или достапно. Купувачот можеби е свесен дека 9,99 € се практично 10 €, но промената на првата цифра сепак може да влијае на првиот впечаток за цената.

Со други зборови, тој еден цент на крајот од цената понекогаш може да вреди многу повеќе за трговецот отколку за купувачот.

Извор: index.hr

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер