СветВидео: Едно лице загина, најмалку 40 повредени во судар на два патнички воза во близина на Мачу Пикчу Едно лице загина, а најмалку 40 лица се повредени во судар на два патнички воза во Перу, на дел од железничката пруга во близина на Мачу Пикчу.Во несреќата, која се случи синоќа, загина машиновозачот на еден од возовите, Роберто Карденас, а како што изјави здравствен службеник, најмалку 20 повредени лица се во сериозна состојба. Trains crash en route to Peru’s famed Machu Picchu, killing 1 and injuring 30 https://t.co/hPaHtLlosD pic.twitter.com/k8xMMLfjHP — New York Post (@nypost) December 31, 2025 Двата воза се судрија на единствената железничка линија што води до древниот град на Инките, соопшти локалната самоуправа, а причината за несреќата сè уште не е разјаснета, објави денеска Би-Би-Си. Локалниот медиумски портал Перу21 објави дека стотици туристи на местото на несреќата чекаат евакуација, што е комплицирано поради тешката пристапност на теренот околу локацијата. A train driver was killed and 40 more people were injured in Peru after two trains collided on the railway leading to the Inca citadel of Machu Picchu, the Andean nation's top tourist site https://t.co/4zbPcazV2a pic.twitter.com/dKDhnjWKgV — Reuters (@Reuters) December 31, 2025 Во соопштението се вели дека 20 амбулантни возила пристигнале на местото на настанот, а повредените се однесени во медицински установи во блискиот град Куско. Амбасадата на САД во Перу соопшти дека меѓу повредените има американски државјани, но полицијата сè уште не ги потврдила идентитетите на сите вклучени во инцидентот. Според концесионерот на железницата, во судирот учествувале возови од PeruRail и IncaRail, а полициски извори изјавија дека возачот кој починал бил вработен во IncaRail. Снимките од местото на несреќата покажуваат дека предните делови на двата воза се сериозно оштетени, додека патниците со багаж биле згрижени покрај пругите. JUST IN: 2 passenger trains collide in Pampacahua area of Peru on route to Machu Picchu; at least 15 injured, possibly more. pic.twitter.com/fUMqdAhrCT — AZ Intel (@AZ_Intel_) December 30, 2025 PeruRail испратил три празни вагони за да ги евакуира повредените и патниците кои биле заглавени на пругите, додека полицијата испратила единици за итни случаи и планинско спасување за да им помогнат на патниците. Регионалната влада на Куско активирала протоколи за итни случаи за да им помогне на повредените и патниците. Тагови: воз несреќа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваШакира заведе екс НБА-шампион: Пејачката видена со кошаркар 12 години помлад од неа Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа. Наводно, Серж Ибака присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а се зборува и дека заедно патувале со приватен авион на Модната недела во Париз. Љубовниот живот на светската музичка ѕвезда Шакира повторно е во центарот на вниманието, овој пат, медиумите ја поврзуваат со поранешниот НБА шампион Серж Ибака, кој е 12 години помлад од неа. Во последните денови, шпанските и латиноамериканските медиуми шпекулираат за нивната наводна блискост, откако се појавија тврдења дека кошаркарот присуствувал на нејзините концерти во Мадрид, а потоа и отпатувал со неа во Париз. Сепак, ниту Шакира, ниту Ибака немаат потврдено дека се во врска. Според медиумските извештаи, двајцата сè уште се запознаваат, а природата на нивниот однос засега останува нејасна. Гласините ги поттикна шпанскиот папарацо Жорди Мартин, соработник во емисијата „El Gordo y la Flaca“, кој зборуваше за можна романса за време на едно телевизиско гостување на 7 октомври. Според неговите тврдења, Ибака присуствувал на неколку концерти на Шакира во Мадрид, во рамките на нејзината турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Посебно внимание привлекоа наводите дека тие, наводно, патувале од Мадрид до Париз со приватен авион за време на Модната недела. Во Париз, Шакира била гостинка на модниот дизајнер Том Форд; сепак, во моментов нема јавно достапни докази кои би потврдиле дека Ибака патувал со неа. Серж Ибака е роден во 1989 година во Бразавил, главниот град на Република Конго, а поседува и шпанско државјанство. Во текот на повеќе од една деценија во НБА, тој изгради забележителна кошаркарска кариера. Неговиот најголем успех на клупско ниво дојде во 2019 година, кога ја освои шампионската титула во НБА со тимот на Торонто Репторс. Исто така, настапуваше и за Оклахома Сити Тандер, Орландо Меџик и други екипи, додека со шпанската репрезентација освои сребрен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Љубовниот живот на познатата пејачка е под будното око на јавноста откако во 2022 година се раздели од поранешниот фудбалер на ФК Барселона, светската фудбалска ѕвезда Жерар Пике. Поранешниот пар има два сина, Милан и Саша, а нивната разделба предизвика огромен интерес кај светските медиуми. Според последните поврзувања, мегапопуларната пејачка дефинитовно е слаба на спортисти. По раскинувањето, Шакира се поврзуваше со неколку познати мажи, меѓу кои возачот од Формула 1, Луис Хамилтон, и НБА кошаркарот Џими Батлер. Сепак, овие наводи не се официјално потврдени како љубовни врски.Тагови: Шакира Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотФото: Принцот Хари и Меган за првпат заедно во јавност по враќањето во Велика БританијаПринцот Хари и Меган за првпат заедно по враќањето во Велика Британија,-Се прегрнуваат со луѓе и позира за селфија.Војводата и војвотката од Сасекс го посетија хуманитарното студио во Нотингем, а планираат да посетат и други локации. Принцот Хари и неговата сопруга Меган вчера пристигнаа во Нотингем, во регионот Источен Мидлендс. Ова е нивниот прв заеднички јавен ангажман откако се вратија во Велика Британија, по шест години живот во Калифорнија. Според Би-Би-Си, војводата и војвотката од Сасекс го посетија студиото за снимање „Community Recording Studio“, а нивната агенда во градот вклучува посети и на две други локации. За време на средбите со присутните, Хари и Меган се прегрнуваа и позираа за „селфи“ фотографии. Предвидено е двојката да посети и банка за храна. Тие се вратија во Велика Британија во август, придружувани од своите деца – седумгодишниот принц Арчи и петгодишната принцеза Лилибет. Ова враќање доаѓа шест години откако се повлекоа од своите улоги како активни членови на британското кралско семејство и започнаа нов живот во Калифорнија. Во писмо од септември, испратено во име на кралот Чарлс III од страна на Лорд Чемберлејн – висок функционер во британскиот кралски двор – се наведува дека Хари и Меган, како приватни лица, немаат право да ги користат титулите „Негово Кралско Височество“ и „Нејзино Кралско Височество“. Во писмото се потврдува дека договорот постигнат во 2020 година, познат како „Договорот од Сандрингем“ – со кој беа утврдени условите за нивното повлекување од кралските должности – останува во сила. Ова практично ја исклучува можноста за таканаречено делумно членство, односно статус „наполовина внатре, наполовина надвор“. Со други зборови, Хари и Меган не можат истовремено да се занимаваат со сопствени комерцијални потфати и да ги извршуваат должностите како активни членови на британското кралско семејство.Тагови: принц Хари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Границата решето - Мицкоски го штити швајцарецот ТошковскиГраницата е „швајцарско сирење“ по признание на Тошковски ама тој како министер што раководи со полицијата и е надлежен за границата е заштитен. Христијан Мицкоски му обезбедува заштита на швајцарецот Тошковски. И обратно. Тошковски му обезбедува заштита на Мицкоски и на организираната криминална група. Полицијата наместо да му служи на народот, и служи на бандата. „Кога-тогаш“ вели Мицкоски, значи одговорност нема од никој. Исто како што Тошковски велеше „брат да ми е, ќе одговара“ а никој не одговара. 5 тони дрога поминаа преку граница, одговорност нема. Груби прво го пуштија, па го пречекаа на граница со камери и црвен килим. На крај повторно го пуштија. Видовме сите како, со факли и прослава. Па уште Мицкоски и јавно го брани. Вели не бил организатор, се извинил. Бандата треба да знае дека одговорност ќе има, сите до еден ќе одговараат. Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, пред независно судство и пред Лаура Ковеши. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26