Видео: Драматичното обраќање на Зеленски: „Ова се најтешките моменти во нашата историја“ - Канал 5

Видео: Драматичното обраќање на Зеленски: „Ова се најтешките моменти во нашата историја“

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски доцна попладнево им се обрати на Украинците во видео порака, предупредувајќи дека земјата се соочува со еден од најкритичните моменти од почетокот на војната. 

Видео: Драматичното обраќање на Зеленски: „Ова се најтешките моменти во нашата историја“

Тој зборуваше за исклучително силниот политички и дипломатски притисок од Соединетите Држави и тешките одлуки што Киев мора да ги донесе во наредните недели.

Тежок избор за Украина „Сега доживуваме еден од најтешките моменти во нашата историја. Во моментов, Украина можеби ќе мора да направи исклучително тежок избор: или губење на достоинството, или ризик од губење на клучен партнер. Или тежок план од 28 точки, или исклучително сурова зима, најсуровата и дополнителни ризици што претстојат. Живот без слобода, достоинство и правда, и принудување да му веруваме на некој што веќе нè нападна двапати. Тие ќе чекаат наш одговор.“ „Притисокот врз Украина во моментов е меѓу најтешките досега“, рече Зеленски.

„Ќе се спроведе конструктивно барање решенија со Соединетите Американски Држави. Ќе презентирам аргументи, ќе убедувам и ќе понудам алтернативи, но нема да му дадеме на непријателот никаква причина да каже дека Украина не е подготвена за мир“, нагласи украинскиот претседател.

„Ние, се разбира, сме направени од челик, но дури и најсилниот метал на крајот може да попушти“, рече Зеленски.

„Мора да се собереме, да се вразумиме, да ги запреме меѓусебните конфликти и токсичните кавги. Државата мора да дејствува како единствена целина. Не смееме да го изгубиме од вид кој е нашиот вистински непријател“, рече украинскиот претседател.

„Следната недела ќе биде тешка. Ќе има многу притисок - политички и информативен, за да се обиде да нè подели и дестабилизира“, рече Зеленски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта

Се очекува денес во Франција да останат затворени околу 400 училишта, откако студентските протести – поттикнати од прашања поврзани со образовниот систем – во некои области прераснаа во насилство.

Видео- фото: Протести низ Франција, затворени 400 училишта

„Според информациите со кои располагам, нешто повеќе од 400 училишта и други образовни установи ќе бидат затворени“, изјави синоќа францускиот министер за образование Едуар Жефре на телевизискиот канал „Франс 2“.

Според извор близок до министерот Себастиен Лекорну, разузнавачките служби на кризниот состанок во четвртокот известиле дека протестното движење било поттикнато од крајната левица, вклучително и од членови на партијата „Непокорена Франција“ (LFI).

Пратеникот од LFI, Луј Бојар, ги отфрли овие тврдења во изјави за француските медиуми.

Протестите поради недостигот на наставници и дотраените училишни згради избија во областа на Париз минатиот месец, но станаа сè понасилни како што се ширеа низ земјата.

Во четвртокот, ученици подметнале пожари во најмалку две средни училишта, додека наставници во трето училиште во јужниот град Марсеј биле случајно испрскани со бензин, соопштија надлежните.

Најмалку еден автомобил бил запален во Стразбур, на истокот на земјата, а полицијата за разбивање демонстрации се судрила со млади луѓе во Тулуз, на југозапад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Поддршка за проширувањето на ЕУ е голема , јавното мислење е со голема подршка за членство во ЕУ. 

Николоски од Брисел- Посветно ги спроведуваме реформските процеси и Планот за раст на ЕУ

Македонија успешно ги спроведува реформските процеси, бележи трет најголем економски раст во Европа од 4,3% раст на БДП во вториот квартал, целосно сме посветени и целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, истакна заменик претседателот на Владата на панел дискусијата посветена на проширувањето на ЕУ, во организација на тинк тенк орагнизацијата “Пријатели на Европа” што се оддржува денеска во Брисел.

“Што се однесува до реформите, генерално добро се справуваме. Беше споменат Планот за раст, сè што беше побарано од нас, направивме. Економијата буквално бележи рапиден раст. Во вториот квартал од оваа година имаме раст на БДП од 4,3%, што е трет највисок во Европа. Она што е многу важно за мојата земја: имаме политичка, економска, но и меѓуетничка стабилност и кохезија, нешто кон кое стремевме во минатото. кога ќе јагледнете целата слика, земјата се движи во добар правец. Целосно сме посветени и усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија — не 80%, не 90%, туку 100%. Единствената причина зошто не напредуваме, за жал е ова вето од Бугарија” – се обрати Николоски.

Тој истакна дека поддршка од ЕУ е голема за Македонија. Голем сигнал е тоа што претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен доаѓа во Скопје.

“Сега работите дефинитивно се менуваат. Секако, ситуацијата со Украина и Молдавија му помага на целиот процес на проширување и тоа треба да се искористи. Постои интерес за регионот. Претседателката Фон дер Лајен доаѓа во Скопје — беше во Албанија, Црна Гора, Косово и доаѓа во Македонија, што е одличен сигнал. Се надевам дека ќе се најде механизам што Европската Комисија ќе може да го искористи и да ги отвориме пристапните преговори. Отворените прашања со соседите мора да се решат на еден или друг начин, но сметам дека атмосферата ќе биде многу порелаксирана и позитивна ако ги започнеме преговорите” – рече Николоски.

На панелот, тој потенцира дека успехот на регионот е заедничкиот настап и тоа веќе се препознава преку економскиот раст на регионот, преку развој на туризмот и развој на ависообраќајкот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер