Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
1Басани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор
Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
2Македонија на ждрепката во Нион ќе го добие противникот за баражот за опстанок во Б-дивизијата од Лигата на нациите
ЗабаваВидео: Додека позирала на плажа ја нападнела свиња!?Атрактивната Инстаграм ѕвезда Мишел Левин ја посетила славната плажа со свињи на Бахамите, но таму доживеала непријатно изненадување.Фитнес моделот од Венецуела на својот профил на Инстаграм објавила видео на кое може да се види како една свиња ја гризе за задникот додека се шета на популарната плажа. Видеото за само неколку часа го виделе повеќе од 3,5 милиони луѓе. 32 – годишната Мишел на Инстаграм ја следат повеќе од 13 милиони луѓе. Убавата фитнес инструкторка на видеото ги покажала и последиците од гризењето на свињата . View this post on Instagram 🐷🤨🤷🏼♀️😂 A post shared by Michelle Lewin (@michelle_lewin) on Feb 11, 2019 at 12:50pm PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Шоу бизКети Пери подготвува одмазда против екс сопругот Расел БрендКети Пери подготвува одмазда против екс сопругот Расел Бренд, по пресудата, светската музичка ѕвезда сака да ги открие мрачните тајни од нивниот брак.Откако нејзиниот поранешен сопруг, комичарот Расел Бренд, беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад, пејачката Кети Пери наводно размислува за првпат јавно да ги изнесе сите детали од нивниот бурен брак. Според британските медиуми, поп-ѕвездата сака да ја раскаже својата верзија на приказната преку автобиографија, како и преку документарна серија која би можела да биде достапна на некоја од големите платформи за стриминг. Како што пренесува „Мејл он сандеј“ (Mail on Sunday), преговорите за овој проект наводно веќе се започнати, а нејзиниот тим стапил во контакт со „Нетфликс“ (Netflix) и „Хулу“ (Hulu). Според извори, пејачката со години одбивала понуди да зборува за својот поранешен сопруг, чекајќи да завршат судските постапки против него. Со години таа молчеше за својот брак со контроверзниот комичар. Мегапопуларната Пери наводно сакала да почека да заврши судењето пред да одлучи дали пред јавноста ќе открие што се случувало зад затворените врати на нивниот дом. – Кети со текот на годините добила неколку понуди да ја раскаже својата приказна, но не сакала да разгледа ниту една од нив пред да заврши судењето. Од тој брак има многу работи што јавноста не ги знае. Тоа беше многу мрачен период од нејзиниот живот – изјавил извор за британскиот весник. Расел Бренд минатата недела во Лондон беше прогласен за виновен за силување и сексуален напад врз неколку жени. Злосторствата за кои е осуден се случиле во периодот од 2004 до 2009 година, пред тој да се ожени со познатата пејачка. Љубовната приказна на Кејти Пери и Расел Бренд некогаш изгледаше како бајка. Тие се венчаа во 2010 година во Индија, но нивниот брак не потрае ниту година и пол. Пејачката претходно откри дека за одлуката за развод дознала преку текстуална порака. Со години по разделбата, таа навестуваше дека во нивната врска имало многу повеќе отколку што некогаш му открила на јавноста. Исто така, призна дека на почетокот се обвинувала себеси за крајот на бракот, но дека со текот на времето ја дознала вистината. – Мислев дека јас сум виновна што бракот заврши, но потоа ја дознав вистинската вистина – изјави таа тогаш.Тагови: Кети Пери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08Кривични пријави за два слуачи поврзани со силување деца08:55На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:088 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
На бебе му бил повреден прст на Гинекологија при вадење инфузија – ГАК отвора дисциплинска постапка15:08
8 месеци затворска казна и 3300 евра парична казна доби Игор Дашковски Стојановски за палењето на дипломатски возила на бугарската амбасада10:45
МакедонијаБасани од Светската банка: Народната банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски секторНародната банка има докажани резултати во зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност. Таа придонесе за создавање стабилен и отпорен банкарски сектор и за зајакнување на капацитетите на земјата за управување со економијата во согласност со европските стандарди, оценува Антонела Басани, потпретседателка на Светската банка за Европа и Централна Азија, во интервју по повод одбележувањето 80 години централнобанкарско работење во државава. Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите. „Во Северна Македонија, кредибилната и независна централна банка има суштинско значење за зачувувањето на монетарната и финансиската стабилност во периоди на значителна глобална економска и геополитичка неизвесност. Групацијата на Светската банка е горда на извонредното партнерство што го градиме со Народната банка во изминативе децении, како и на напредокот што го постигнавме заедно“, посочува Басани. Како значајни достигнувања од долгогодишната соработка, Басани ги издвојува модернизацијата на платежниот систем, пристапувањето на земјата кон Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) и подготовките за воспоставување национален систем за инстант плаќања, заснован врз моделот на Европската централна банка. Според неа, овие достигнувања покажуваат како долгорочната соработка придонесува за градење посилни институции и носи конкретни придобивки за граѓаните и компаниите. „Овие придобивки ја зајакнуваат економската интеграција преку поедноставно и поевтино испраќање и примање средства низ Европа, а истовремено им овозможуваат на компаниите, особено на малите и средните претпријатија, полесно да инвестираат, да се натпреваруваат и да растат“, нагласува Басани. Притоа, таа ја нагласува и значајната улога на Народната банка во процесот на европската интеграција. „Со напредокот на земјата во процесот на пристапување кон Европската Унија, Народната банка ќе има клучна улога во усогласувањето на финансиската регулаторна рамка со правото на ЕУ, вклучително и во областа на прудентната регулатива, супервизорските практики, механизмите за управување со кризи и осигурувањето на депозитите, платежните системи, како и новите европски стандарди во областите на одржливите финансии и дигиталната отпорност“, порачува потпретседателката на Светската банка, Басани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОдложена прес конферецнија во земјоделство за кравите во Крива ПаланкаДенеска не се одржа вториот состанок во министерството за земјоделство за проблемот со кравите во Крива Паланка и се одложи прес конференцијата, потврди градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.На првиот состанок заедно со министерството за земјоделство и Агенцијата за храна било предложено план за делување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook