Видео: Џинот од Санкт Петербург! - Канал 5

Видео: Џинот од Санкт Петербург!

Зградата чии темели се поставија во Санкт Петербург ќе биде запишана во Гинисовата книга на рекорди , како градба со најголемите темели во Европа.

Видео: Џинот од Санкт Петербург!
Зградата со име „Лахта центар“ која се гради во Санкт Петербург, Русија ќе биде новата сентрала на рускиот гигант „Гаспром“ кога ќе биде завршена во 2018 година.
Полнењето на огромните темели со бетон траело без прекин цели 60 часа . Според овие бројки зградата ги надминаа сите други „небодери “ во Европа, пренесуваат медиумите.

„Веќе ги видов нацртите и проектите , но сега кога дојдов со свои очи да ја видам градбата , ова е нешто фантастично. Можам веднаш да кажам дека се ова одговара на нашите стандарди и правила“, изјави Ева Норој, менаџерката за евиденција при издавањето на книгата „Гинисови светски рекорди“.
Покрај огромните темели, зградата ќе има и сериозни инсталации.

Во „небодерот“ висок 462 метри кој ќе располага со простор од 400 000 квадратни метри, ќе бидат сместени и научно едукативниот центар за деца , Светот на наука, планетариум, сали за изложби, кино сали, спортски клубови и ресторани.

YouTube video
YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата да се адаптираат на новите текови кои ги носи ВИ

Утринава се дискутираше на темата новата ера на вештачката интелигенција во организација на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии - МАСИТ.

Андоновски: Целта е институциите и претпријатијата  да се адаптираат  на новите текови кои ги носи ВИ

Целта според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски со проектот Везилка целта е државаните институции и пртепријатијата полесно да се адаптираат на новите современи текови кои ги носи вештачката интелегенција

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Во среда (11.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Татјана Петровска.

„Гответе со Дракче“ - Салата со пилешко месо

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. пилешки стек

300 гр. кашкавал

400 гр. кисели краставички

500 гр. кисела павлака

150 гр. мајонез

3 јајца

150 гр. кикиритки

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Финскиот претседател Александар Стуб ги повика европските лидери директно да преговараат со рускиот претседател Владимир Путин за решавање на војната во Украина. 

Претседателот на Финска ги повика европските лидери директно да преговараат со Путин!

Стуб за британскиот весник „Фајненшел тајмс“ изјави дека е неодговорно задачата за преговарање за мир во Украина да им се препушти на Соединетите Американски Држави.

„Предолго им препуштавме на другите да се занимаваат со односите меѓу Европа и Русија; сметам дека тоа беше неодговорно“, рече Стуб.

„Сега, кога го имаме рамковниот пристап (европски претставници за преговори), верувам дека европските лидери треба директно да стапат во контакт со Путин, да му ја пренесат истата порака и да разговараат за истите теми“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер