Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
2Претседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчи
Шоу бизВидео: Џенифер Лопез русокоса заради снимањето на новиот филмАмериканската глумица, светската музичка ѕвезда Џенифер Лопез изгледа непрепознатливо на новообјавените фотографии на „Инстаграм“... А пак, некои обожаватели помислија дека тоа е Гвен Стефани.Џеј Ло го промени својот изглед за својата нова улога. Имено, таа ja глуми улогата на Аурора во политичката драма „Бакнежот на жената-пајак“ (Kiss of the Spider Woman) во режија на Бил Кондон. За новата прилика, латиноѕвездата позираше во „пин-ап“ стил, носејќи лента за коса и црвен кармин. „Да се глуми Аурора беше како да се танцува низ златното доба на киното... Со сјај, гламур и многу танцување. Враќањето во времето никогаш не било позабавно“, напиша Лопез во објавата. „Бакнежот на жената-пајак“ ја раскажува приказната за политички затвореник, Валентино, кој е во затворска ќелија со Молина, осуден за нарушување на јавниот ред. Филмот првпат беше прикажан во јануари оваа година на Филмскиот фестивал „Санденс“. Во кината ширум светот доаѓа следниот месец. Тагови: Џенифер Лопез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСамит на министри за надворешни работи на Г20 земјите во САД се очекува средба Рубио-ЛавровВо Соединетите американски држави, денеска се оддржува самитот на министрите за надворешни работи на Г20 земјите. Во Атланта пристигна и рускиот шеф на дипломатијата – Сергеј Лавров, кој се очекува да оддржи средба и со државниот секретар на САД – Марко Рубио. Средбата се оддржува пред трилатералниот самит САД-Русија-Украина првично закажана за 4ти ноември каде ќе продолжат напорите за ставање крај на војната во Украина, но и долгорочни гаранции за безбедност, како за Русија така и за Украина. Дополнително, како што пренесува Ројтерс, Пентагон им порачал на балтичките земји Естонија, Латвија и Литванија да го намалат непријателскиот тон кон Русија и да избегнуваат провокациска реторика во однос на Москва, со цел да не се нарушува безбедноста на Европа. Рускиот претседател Владмир Путин вчера исто така порача дека доколку би дошло до војна со Европа, Русија е подготвена, но се надева дека нема да дојде до такво сценарио,Тагови: Г20 САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагар се повлекува од функцијата, веќе не сака да молчиПретседателката на Европската централна банка - Кристин Лагард ќе се повлече 9 месеци порано од својата функција, бидејќи како што вели, повеќе не сака да молчи.Лагард се пожали дека неутралноста која се очекува од централните банкари, која ја опиша како „цената за нивната независност„ повеќе не е нешто што може да го прифати. Околу тоа која од европските монетарни политики лагард ја смета за погрешна, засега нема информации, меѓутоа, нејзината оставка доаѓа откако ЕЦБ ги остави своите клучни каматни стапки непроменети, со депозитна стапка од 2,5%. Иако одлуката била едногласна, таа порача на пазарите дека оваа пауза може да трае само до декември. Лагард пред оваа функција беше и директор на Меѓународниот монетарен фонд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-КанадаВо Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ,Во Монтреал Канада, денеска се оддржува самитот ЕУ-Канада каде се очекува подетална разработка на партнерството кое иницијално беше наречено придружно членство на Канада во ЕУ, меѓутоа, Германија, Италија, Франција и Грција се спротивставија на оваа формулација, наведувајќи дека создава правна несигурност и преседан за други земји. Сепак, на овој самит се очекува да се прошири соработката во повеќе клучни и стратешки области, вклучувајќи ја безбедноста и Арктикот, трговијата и инвестициите, со што Канада би ја заменила досега традиционалната улога на Соединетите Американски Држави како најголем партнер на ЕУ надвор од Европа. И Канада и ЕУ се обидуваат да создадат алтернативни партнерства без САД под водство на претседателот Доналд Трамп, со оглед на неговите закани за царини кон ЕУ но и реториката дека ќе ја претвори Канада во 51-та држава на САД, што силно ги потресе добрососедските односи меѓу двете северноамерикански држави.Тагови: ЕУ канада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter