Видео: Дете врзано на јаже виси на балкон на 4 кат!!

Случајните минувачи биле шокирани од тоа што го гледале, како дете врзано со јаже виси од балкон на 4 кат на една зграда.

Кога откриле за што станува збор, не можеле да веруваат!!

Видеото на кое може да се види како детете врзано со јаже виси на балкон на една зграда предизвикало вистински хаос на социјалните мрежи.

Инаку, главен виновник за оваа шокирачка глетка биле бабата на детето и нивната мачка.

Имено, мачката на бабата се заглавила на катот под нив, поради што старицата одлучила да го врза својот внук со јаже и тој да се спушти доле и да ја спаси мачката.

Во видеото може да се види дека детето успева да ја фати мачката и да ја стави во торба , по што баба му и неговиот вујко го влечат нагоре, пренесува „Дејли маил“.

Иако во овој настан детето не е повредени, сепак оваа постапка на бабата наиде на негативни реакции во јавноста , многумина сметаат дека бабата со оваа постапка го довела во опасност животот на својот внук.

Изборите ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи

Денешните избори ги следат 915 домашни и 544 странски набљудувачи. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР која фигурира со над 200 набљудувачи, излезе со првична оценка.

-На крајот од денот ќе го собереме податоците за да направиме проценка како тече процесот. Како што знаете, имаме повеќе од 200 набљудувачи низ целата држава денеска и дополнителни набљудувачи кои се тука од март и ја оценуваат целата кампања- Џилијан Стирк – шефица на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР

Прв круг претседателски избори – Македонија избира меѓу седум кандидати

Мирно, без посериозни инциденти и проблеми - Македонија избира претседател.

Веќе осум часа, повеќе од 1,8 милиони граѓани со право на глас се дел од првиот круг на седмите претседателски избори, на кои учествуваат седум кандидати. Нашите репортери се на терен и од блиску го следат изборниот процес.

Во Државната изборна комисија е Михаела Димовска.

Седум тинејџери уапсени за нападот врз свештеникот во Сиднеј

Австралискиот антитерористички тим денеска уапси седум тинејџери поврзани со момче обвинето за верски мотивиран терористички напад врз бискуп во Сиднеј, а уште петмина се на распит во полиција.

Полицијата соопшти дека во акцијата била вклучена екипа од повеќе од 400 полицајци и припадници на безбедносните служби, во која биле уапсени соработници на 16-годишното момче обвинето за терористички акт. Момчетo го избоде со нож асирскиот бискуп Мар Мари Емануел за време на црковна служба во живо на 15 април.

Полицијата соопшти дека ги привела тинејџерите бидејќи претставувале „неприфатлив ризик“ за општеството. Според полицијата, тинејџерите верувале во религиозно мотивирана насилна екстремистичка идеологија. /МИА

притисни ентер