Видео: Дара Бубамара добила часовник од 25000 евра

Популарната српска фолкерка Дара Бубамара за Нова година добила скапоцен подарок, рачен часовник „Ролекс“ од 25000 евра.

Русокосата пејачка на социјалните мрежи се пофали со скапиот подарок, часовникот изработен од чист челик.

Дара на својот Инстаграм објавила видео на кое може да се види како ја отвора кутијата во која се наоѓа часовникот „Ролекс“, но не сакала да открие кој ја изненадил со вака скап подарок.

-Не си го купив самата на себе, туку е подарок. Не е битно од кого е , не сакам да зборувам за тоа. Секако дека многу се израдува, но најмалку е значајно колку чини подарокот, битно е во 2019 сите да бидеме живи, здрави и среќни. Го поставив видеото поради тоа што вистински се израдував, изјавила пејачката.

❤️👌🍀🎁

A post shared by Dara Bubamara (@darabubamara_official) on

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа

Хамас ја разгледува понудата на Израел за 40-дневно примирје во Појасот Газа во замена за ослободување на заложниците земени во нападот врз Израел на 7 октомври.

Враќајќи се во Катар по последните разговори во Каиро, делегацијата на Хамас најави дека „ќе разговараат за идеи и предлози“.

„Сакаме да одговориме што е можно побрзо“, изјави извор од Хамас.

Египетски извори за Ал Кахера њуз, веб-страница поврзана со египетските разузнавачки служби, изјавија дека делегацијата на Хамас „ќе се врати со писмен одговор“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ги опиша условите на примирјето како „исклучително дарежливи“, додека Белата куќа апелираше до посредниците Египет и Катар да го засилат притисокот врз Хамас да го прифати последниот обид за ставање крај на речиси седуммесечната војна.

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика египетските и катарските лидери „да вложат максимални напори за да обезбедат ослободување на заложниците кои ги држи Хамас“, нарекувајќи го тоа „единствената пречка“ за обезбедување помош за цивилите во опколениот Појас Газа.

Египет, Катар и САД со месеци се обидуваат да обезбедат нов договор меѓу завојуваните страни. За време на еднонеделното примирје во ноември, 80 израелски заложници беа разменети за 240 Палестинци кои беа затворени во израелските затвори.

Израел проценува дека 129 заложници остануваат во Газа, вклучувајќи 34 за кои се верува дека се мртви.

Естонија: Русија ги прекршува меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цакна ја обвини Русија за кршење на меѓународните прописи со попречување на ЏПС сигналите во естонскиот воздушен простор.

- Попречувањето на ЏПС во естонскиот воздушен простор од страна на Русија се одрази на цивилната авијација во нашиот регион. Русија со тоа ги прекршува меѓународните регулативи, напишала Чакна на Х.

Тој додаде дека Естонија за овој проблем ќе разговара во рамките на НАТО и Европската унија, а веќе разговарала и со властите на Летонија, Литванија, Финска и Шведска.

Советот за безбедност на ОН денеска ќе расправа за Босна и Херцеговина

Ситуацијата во Босна и Херцеговина е тема за која вечерва ќе разговара Советот за безбедност на ОН, на барање на Русија.

Ситуацијата во Босна и Херцеговина е тема за која вечерва ќе разговара Советот за безбедност на ОН, на барање на Русија, што е дел од кампањата со која политичарите на босанските Срби и Србија се обидуваат да го спречат усвојувањето во ОН на резолуцијата со која 11 јули ќе биде воведен како ден на сеќавање на жртвите од геноцидот во Сребреница.

Дебатата за ситуацијата во БиХ е закажана за 22 часот по средноевропско време, а Русите побарале на неа да зборува Жељка Цвијановиќ, српската членка на Претседателството на БиХ, додека САД побарале пред неа да зборува високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмид.

Конечната одлука за овие барања ќе биде донесена на самата седница на Советот за безбедност.

Цвијановиќ ќе мора да зборува во онлајн формат бидејќи е под американски санкции, па и е забрането да патува во таа земја, а доколку се појави пред учесниците на седницата на Советот за безбедност, тоа ќе мора да го направи само во лично име бидејќи нема согласност од другите двајца членови на Претседателството на БиХ.

Доколку, според работната верзија на резолуцијата, тој документ се сведе на потсетување на повеќе од осум илјади жртви на геноцид и повикување на почитување на пресудите донесени од судовите на Обединетите нации и не дозволување негирање на геноцидот и глорификација на сторителите на злосторството, функционерите на Република Српска и Србија упорно инсистираат на тврдењето дека со тоа се сака да се наметне колективна вина на сите Срби и етикета на геноциден народ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во понеделникот призна дека, и покрај дипломатската офанзива на Белград, не успеале да убедат доволен број земји-членки на ОН да не ја поддржат резолуцијата чии формални предлагачи се Германија и Руанда, а спонзорирана од највлијателните западни и муслимански земји.

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик беше особено огорчен од фактот што и Црна Гора најави дека ќе ја поддржи резолуцијата.

Расправата за резолуцијата за Сребреница, која се очекуваше на седницата на Генералното собрание на ОН на 2 мај, е одложена поради дополнителни консултации и најверојатно ќе се одржи по 10 мај.

притисни ентер