Шоу бизВидео: Даниел Кајмаковски киднапиран во Белград, му побарале 20 000 евра Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа бил киднапиран во Белград, според српските медиуми тој бил киднапиран во Бетон Хол, а во таа прилика му биле побарани 20.000 евра. Непознатите сторители по кои се трага го врзале и го возеле во неговиот автомобил и побарале 20.000 евра.За среќа српската полиција со брза интервенција го пронашла пејачот во неговиот автомобил со кој претходни киднаперите удриле во заштитна ограда при бегството од полицијата. - Се сомнева дека се странски државјани, а не е исклучена можноста дека се мигранти. Тие го одвезле киднапираното лице во Рума, каде што, кога сообраќајните полицајци се обиделе да ги сопрат, удриле во тротоар, излегле од возилото и избегале - открил извор на Курир, рс. View this post on Instagram A post shared by 192.RS (@192_rs) Пред да биде киднапиран па ослободен од полицијата, Даниел имал настап во еден екслузивен ресторан во Белград кој се наоѓа многу блиску до местото на инцидентот. Според дел од српските медиуми возилото во кое киднаперите го возеле македонскиот пејач многу брзо наишло на полициска контрола по што започнала вистинска брканица како на филм. -Кратко по киднапирањето, киднаперите наидоа на полициска рација на улицата Караѓорѓева, по што следеше потера откако возачот на белото „Волва XC 60“ не ја послушал наредбата на полицијата и почнал да бега во правец на Бранков мост, објавија медиумите. Сили на српското МВР и ПУ за градот Белград веднаш се приклучиле на потера. Координираната акција ја предводеше УКП, со поддршка на: САЈ и Жандармеријата, ССК (Служба за специјални истражни методи) и СБПТЕ, УСП (Сообраќајна полиција) и УЗТ (Техничка управа). Цело време, киднаперите држеле пиштол вперен во главата на пејачот и барале 20.000 евра за неговиот живот, заканувајќи се дека нивните соучесници, кои наводно веќе го следат неговиот стан, ќе ги повредат неговата сопруга и деца. Откако ја поминале наплатната рампа во Шимановци, притисокот на полицијата го принудил возачот да направи грешка. На исклучувањето за Рума, „Волвото“ удрило во заштитната ограда. Двајцата вооружени напаѓачи, користејќи ја темнината, избегале во непознат правец, додека припадниците на УКП го пронашле Кајмакоски врзан во оштетеното возило. -Теренот околу Рума моментално е под целосна блокада. Припадниците на САЈ и жандармеријата користат кучиња за помош и најсовремена опрема за термичко снимање за да ги бараат бегалците кои, според жртвата, комуницирале на турски јазик. Вишото јавно обвинителство го оквалификувало случајот како Киднапирање, пренесуваат дел од српските медиуми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото „Жешката“ Италијанка„го запали“ Светското првенство и социјалните мрежите Атрактивната италијанска ТВ водителка Елеонора Инкардона импресионираше на самиот почеток на Светското фудбалско првенство иако нејзината Италија не учествува на 23 Мундијал.Сексапилната Елеонора со серија фотки го запали социјалните мрежи и сега сите како што минуваат деновите, очекуваат нови изненадувања од неа. Италијанската водителка Елеонора Инкардона, која многумина ја нарекуваат најубавата Италијанка, објави серија фотографии од Светското првенство, овој пат го следеше натпреварот помеѓу Франција и Сенегал. Елеонора на мечот се појавила во комплет составен од панталони и топ, во светли нијанси. Ефективна шминка и само една нараквица дополнително го надополнија целото издание, а Елеонора позираше со насмевка и уживаше во сите комплименти што ги привлече. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНејмар го пропушта и 2 коло на МундијалотЅвездата на фудбалската селекција на Бразил, капитенот Нејмар го пропушта и дуелот од 2 коло против Хаити на Светскиот шампионат во САД, Канада и Мексико, потврди тамошната Федерација.Нејмар нема да патува во Филаделфија за натпреварот од второто коло од групната фаза. Тој ќе остане во Њу Џерси, каде што влегува во завршната фаза од процесот на рехабилотација од повредата. Синоќа Нејмар тренираше за прв пат откако се приклучи на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство. Тој работеше индивидуално во теретаната на хотелот каде што престојува делегацијата. Сè уште му е забрането да учествува во активности што бараат физички контакт. Тој не одиграл официјален натпревар од 17 мај, а оттогаш е посветен на единствената цел - рехабилитација. Прашањето е дали ќе биде во протоколот за натпреварот против Шкотска на 25 јуни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кралицата на провокациите повторно во секси бикиниЕдна од најубавите жени на светот, манекенката Емили Ратајковски повторно го запали интернетот со серија објави каде што позира во бикини, но во некои провокативни фустани. Моделот Емили Ратајковски се појави во центарот на вниманието кога откри непознати детали за нејзиниот развод и животот потоа, откривајќи сè за нејзините авантури за една ноќ ... Убавата Емили која е позната и како кралицата на провокациите сега ги воодушеви фановите на социјалните мрежи со серија фотки на кои позира или во бикини или во провокативен фустан . Бидејќи моментално ужива во одморот, таа ја одбра својата омилена дестинација - Мајорка, Емили позираше во бикини кои речиси откриваа премногу, а потоа покажа црвен мрежест фустан кој речиси ништо не покрива. Тагови: Емили Ратајковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook