Видео: Булдожер уништи 92 возила - Канал 5

Видео: Булдожер уништи 92 возила

Њујоршките власти објавија спектакуларно видео во кое булдожер гази голем број мотоцикли и четирицикли.

Видео: Булдожер уништи 92 возила

Конкретно, булдожерот уништил 92 возила: теренски мотоцикли и четирицикли.

На почетокот на видеото, градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, дава знак со црно-бело карирано знаме, а потоа огромен булдожер тргнува во својот немилосрден поход.

Откако ќе ги прегази сите возила, булдожерот се движи наназад и ги гази уште еднаш.

Со овој необичен и екстремен чин, властите во Њујорк сакаат да покажат дека се подготвени да одат до крај во борбата против теренските мотоцикли и четрицикли кои се забранети во тој град.

Имено, градот Њујорк од минатата година забрани возење на теренски мотоцикли и четирицикли бидејќи нивните возачи често правеле неред по патиштата, на што жителите се повеќе се жалеле. Возачите ги вознемирувале станарите со гласните мотоцикли, пребрзо возење, возење на едно тркало и возење по тротоари.

„Денес се ослободуваме од овие деструктивни возила кои ги поплавија нашите улици. Денеска ќе ги уништиме за никогаш повеќе да не го тероризираат нашиот град. Ќе ги претвориме во старо железо, а потоа ќе ги рециклираме“, рече Адамс на прес-конференција. .

Иако забраната е на сила од минатата година, некои возачи не ја сфатија сериозно и намерно му пркосат на законот. Од почетокот на оваа година, полицијата во Њујорк запленила повеќе од 2.000 нелегални возила. Адамс истакнува дека не сакале да ги продадат или донираат запленетите возила за да не се вратат на градските патишта. Тој додава дека многу запленети возила не се регистрирани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?

Додека западнонилската треска се шири, имаме заболени и веќе еден починат пациент, надлежните институции повторно се однесуваат како проблемот да ќе исчезне ако доволно долго молчат.

ЛДП: Додека се шири западнонилската треска, институциите молчат – кој ќе одговара?

Ова не е тема за бирократски соопштенија и префрлање на топката од една институција на друга. Ова е јавно здравје и човечки животи.

Според досега објавените информации, епидемија е прогласена во Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, регистрирани се 26 случаи, а еден пациент е починат. Затоа прашуваме: што правеа институциите додека растеше бројот на заболени?

Кога го добиле првото предупредување? Кога сфатиле дека бројот на случаи расте? Дали и кога е извршена дезинсекција и со каков опфат? Кои биле утврдените ризични подрачја? Колку пари се обезбедени за итни мерки и, конечно, кој ќе понесе одговорност ако било задоцнето со превенцијата?

Не прифаќаме граѓаните да дознаваат од медиуми и социјални мрежи дека во нивната општина е прогласена епидемија, додека надлежните се кријат зад институционален молк.

Комарецот не знае каде завршува една, а почнува друга општина, па затоа е срамно Владата, Министерството, здравствените институции и општините да си ја префрлаат одговорноста додека заразата се шири.

Бараме Владата, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје – Скопје и локалните самоуправи веднаш и јавно да соопштат што презеле досега, што ќе преземат во следните денови и кој конкретно е одговорен за секоја мерка.

За епидемија не се реагира откако ќе почнат да се бројат заболени и починати. Се реагира пред тоа. Тоа се вика превенција. Сè друго е неодговорност што граѓаните ја плаќаат со сопственото здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање

Граѓаните се соочуваат со здравствени последици од труење со вода, со небезбедна вода во над 50 населени места, со загадени реки а сега и со епидемија од западно нилска треска.

СДСМ: Сега Муцунски се занимава со полиција откако Тошковски беше задолжен за хиперхлорирање

Што прави премиерот и министрите во Владата?

Прмеиерот Мицкоски е на екскурзија.

Министерот за полиција Панче Тошковски, беше задолжен за хиперхлокирање на водата во Гостивар и чистење на цевките.

Сега Тимчо Муцунски – министер за надворешни работи се занимава со полиција.

Тој кажува колку луѓе биле повикани на разговор во полиција за шпекулациите и лажните информации за водата во Скопје.

Па каде е Тошковски? Работи ли нешто? Да не е и тој на екскурзија?

Во ВМРО – ОКГ сите се занимаваат со туѓа работа само не со својата.

Како луѓето да имаат доверба?

Гледаат дека ништо не функционира, затоа здравјето на луѓето е под ризик.

Доцнат со реакциите, кријат информации од народот, потоа ескалира состојбата.

Неспособната Влада на Мицкоски ниту основните функции не ги извршува, не може да го заштити здравјето на луѓето.

Тотален институционален распад а сметката ја плаќаат граѓаните.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во Скопје

Каде е Венко Филипче?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на одмор на јахтата на Заев, од каде му нарачува СДС да прави хистерија за водата во Скопје

Венко Филипче седми ден е на одмор на јахтата на Зоран Заев, каде што на 6 август заминал со својот мотор преку граничниот премин Богородица. А СДС тоа го крие. Зошто се срамат да кажат дека нивните двајца лидери се на заеднички одмор, каде што уживаат во украдените пари?

Од јахтата на Зоран Заев дава насоки СДС да шири хистерија и лажни вести за водата во Скопје, немајќи факти и аргументи. Претходно тераа лажна кампања и беа против прославата за независноста на Македонија.

Таквиот предавнички тандем, меѓу другото, од јахтата на Егејското Море, купена со украдени пари, нарачуваше и штрајк на струмичките пиперкари, каде што манипулираа со ниските откупни цени преку фирмата на Заев за ајвар, „Мамас“.

Сè на сè, плоден одмор на талогот: шират лаги за водата, се против независноста и уценуваат земјоделци.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер