СветВидео: Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредениБрод за обука на мексиканската морнарица вчера се удри во Бруклинскиот мост во Њујорк , при што загинаа најмалку две лица, изјави градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, пренесе ДПА.Адамс рече дека на бродот во времето на несреќата имало 277 лица, а 19 биле повредени. Од нив, двајца остануваат во „критична состојба“, а двајца „за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на X. Морнарицата соопшти дека бројот на повредени лица е 22, од кои 19 се на лекување во болница, се наведува во нивната објава на X, пренесена од германската агенција. Морнарицата додава дека никој од бродот не паднал во вода заради ударот во мостот. Бродот „Куаутемок“ е оштетен во несреќата, додаде морнарицата. 🇺🇸🇲🇽 | ÚLTIMA HORA — Suben a 35 los heridos, 16 de ellos graves, tras el choque del buque Cuauhtémoc de la Armada mexicana contra el puente de Brooklyn. pic.twitter.com/tVnVWoijxq — UHN Plus (@UHN_Plus) May 18, 2025 Бродот бил во Њујорк на промотивна посета и бил на пат кон Исланд кога се случил судирот, соопшти полицијата на прес-конференција. Шефот на полицијата Вилсон Арамболес изјави дека првичните информации за причината за судирот укажуваат на механички проблем. Градоначалникот Адамс рече дека бродот „ја изгубил моќноста“, што довело до судир со мостот, пренсеува ДПА. Полициската комесарка Џесика Тиш изјави дека е започната целосна истрага. Њујоршката полиција ги повика луѓето да ја избегнуваат областа околу мостот. Непроверени видео снимки на социјалните мрежи покажаа како бродот се судира со мостот додека минува под него, предизвикувајќи кршење на јарболите на бродот. Бродот со три јарболи беше спуштен во вода во 1982 година и е долг околу 90 метри со висина на јарболот од околу 48 метри. /МИАТагови: брод Бруклинскиот мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПовеќе од 1.600 пожари во Амазонија за две недели: Властите започнаа истрагаГолем број пожари беснеат во бразилскиот дел на Амазон, а нивниот интензитет е зголемен поради климатските промени, феноменот „Ел Нињо“ и човечките активности, наведуваат научници и официјални претставници.Во сојузната држава Амазонас, во првите две недели од октомври се регистрирани 1.679 пожари, што е за 253 отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, според податоците на бразилскиот систем за следење на Амазон. Чадот предизвика проблеми со дишењето кај населението, а во најмалку 36 општини е прогласена вонредна состојба. Поради лошиот квалитет на воздухот во Манаус, откажани се настаните на отворено, а државните училишта денеска се затворени, пренесува Ројтерс. Бразилските власти се сомневаат дека многу од пожарите биле намерно предизвикани за да се расчистат шумите и да се подготви земјиштето за земјоделство и сточарство. Бразилското Министерство за животна средина најави истрага откако од авиони биле забележани пожари во заштитени шумски подрачја. Федералните власти и службата за цивилна заштита испратија авиони и противпожарни екипи во Амазонас за да помогнат во гаснењето на пожарите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
БалканНе стивнуваат студентските протести во Тирана – демонстрантите се судрија со полицијата Трет ден жестоки немири во Тирана во кои демонстрантите нападнаа владини згради, банки, продавници и други објекти.Стотици демонстранти кои протестираа за реформи во образованието оштетитле неколкку владини објекти, меѓу кои и зградата во која е сместен европскиот колеџ. Според тамошните медиуми демонстрантите палеле и излози, а оштетиле и неколку банки и други објекти. Полицијата се обидела да ги растера со солзавец и со водени топови, по што дошло и до жестоки судири, во кои повредени биле 23 полицајци и уште шестмина други луѓе, а 35 демонстранти се приведени... Движењето, познато како „Фламинго“, бара оставка од премиерот Еди Рама поради поради зголемените трошоци за образование и корупцијата. Рама во писмена изјава за Ројтерс посочува дека не планира да поднесе оставка но дека владата е подготвена за дијалог со студентите. Одговорноста за насилството на студентските протести ја префрли на опозициските партии, кои според него сакале да го попречат патот на Албанија кон Европската унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
ЖивотДали Калифорнија воведува данок за милијардерите? „И онака не го плаќаат – немаме што да изгубиме“Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство?Во американската сојузна држава Калифорнија е во тек гласањето на среднорочните избори, а за три недели гласачите ќе одлучуваат на референдум кој би можел да има последици за остатокот од Соединетите Држави: дали милијардерите треба да се оданочуваат врз основа на нивното богатство? Според новинската агенција АФП, предлогот предвидува оданочување на околу 200 милијардери во оваа сојузна држава, со стапка од пет отсто од нивната нето-вредност. Собраните средства би биле наменети за јавниот здравствен систем, на кој се потпираат половина од жителите на Калифорнија. Овој систем моментално е под притисок поради значителните кратења на федералните средства, воведени од американскиот претседател Доналд Трамп. Поддржувачите на оваа мерка се надеваат дека таа ќе послужи како поттик за слични иницијативи и во други делови на САД, во услови на растечко незадоволство поради продлабочувањето на нееднаквоста и брзото трупање богатство кај технолошките милијардери, како што е Илон Маск. Привремениот данок е „само капка во морето на нивното богатство“, изјави за АФП Лорен Фирман, пензиониран графички дизајнер која користи „Медикер“ (Medicare) – здравствено осигурување за лица постари од 65 години. „За нив тоа не значи многу, но за луѓето на кои им е потребна здравствена заштита, тоа значи сè“, додаде таа. Сепак, референдумот предизвикува загриженост во Силиконската долина. Меѓу противниците на предлогот, наречен „Предлог 40“ (Proposition 40), е и ко-основачот на „Гугл“, Сергеј Брин, кој донирал повеќе од 205 милиони долари за кампањата против него. Во телевизиските реклами, противниците постојано предупредуваат дека привремениот данок би можел да стане траен, што би ги натерало најбогатите жители да ја напуштат Калифорнија и би довело до намалување на даночните приходи на сојузната држава. Покрај милијардерите, и други влијателни личности се спротивставуваат на предлогот, вклучително и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом. По повеќе од седум години на чело на сојузната држава, овој демократ – кој има претседателски амбиции за 2028 година – официјално ги повикува гласачите да гласаат против оваа мерка. Моќниот синдикат „Обединети домашни работници“ (United Domestic Workers), кој застапува 250.000 лица што работат како негуватели во домовите или се грижат за деца, исто така ги повика своите членови да гласаат против предлогот. Од синдикатот тврдат дека еднократниот данок, наменет за здравствениот систем, долгорочно нема да го покрие дефицитот од повеќе милијарди долари во буџетот на Калифорнија. Сепак, оваа идеја не е нова. Во текот на изминатите 15 години, Калифорнија во три наврати се обиде да ги зголеми даноците за најбогатите жители преку референдуми, но сите такви предлози беа одбиени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11