Видео: Брена и Драгана заедно на настап - Канал 5

Видео: Брена и Драгана заедно на настап

Големите балкански музички ѕвезди Лепа Брена и Драгана Мирковиќ одржаа спектакуларен концерт во Софија, Бугарија. 

Видео: Брена и Драгана заедно на настап

Мега посетениот концерт во Софија според медиумите го одбележаа дефинитивно солзите на Брена, кои публиката ги дочека со громогласен аплауз.

По спектакуларниот концерт сентименталната Лепа Брена проговори за спектаклот и на социјалните мрежи објави видео и фотографии и напиша:

- Софија - Бугарија - Стадион Левски. Како да се пее за вас без сеќавањата да не ви се вратат. Сите тие убави и прекрасни моменти кои станаа историја на мојот шоу - деловен живот и преку песна ја одбележаа мојата и вашата приврзаност.

Инаку, за време на песната „Немам друг дом“ Брена плачеше и си го покри лицето со рака, додека Драгана продолжи да пее и ја гледаше обидувајќи се да ја утеши.

Моментот особено ја трогна публиката, но и гледачите на видеото кое брзо

За православната икона: Зошто се осветуваат и целиваат, за свеќите, темјанот и молитвата

Зошто се осветуваат икони?

За православната икона: Зошто се осветуваат и целиваат, за свеќите, темјанот и молитвата

Значењето на осветувањето на иконите е изразено во молитвата што свештеникот ја чита при осветувањето на икона: „Погледни ги овие икони, што Твоите слуги ги создадоа во Твоја чест и слава <…>, благослови ги и освети ги, и дај им исцелителна сила, изгонувајќи ги сите ѓаволски лукавства, и погрижи се сите што вредно се молат пред нив да бидат слушнати, и да ја најдат милоста на Твојата љубов кон човештвото, и да добијат благодат.“

Според С.В. Алексеев, „осветувањето е, може да се каже, благослов што свештеникот го дава во име на целата Црква за употреба на предмет или слика за заедништво со Бога. Во однос на светите икони, осветувањето е исто така критериум за проценка на нивната теолошка содржина и соодветно, дозвола за учество во литургискиот живот на Црквата. Иконите со сомнителна содржина и техника не добиваат благослови.

Да не судиме дали се случуваат промени во физичката природа на предметот во моментот на неговото осветување, но од морална гледна точка, овие промени се очигледни. Не само што се менува статусот на предметот, туку и ставот на човекот кон него.

Зошто се палат свеќи или кандила пред иконите и се кади со темјан пред нив?

Светилките симболизираат духовна радост, топлина на верата и горење на духот на оние што се молат пред иконите. Самиот Бог му заповедал на пророкот Мојсеј да пали светилки пред светите ликови и да гори миризлив темјан пред нив: „И заповедај им на синовите Израилеви да ви донесат чисто масло, течено од маслинки за светлина, за да свети светилката постојано. Арон и неговите синови нека ја палат во шаторот на собранието, надвор од завесата што е пред ковчегот на сведоштвото, од вечер до утро, пред Господа. Тоа е вечен закон во нивните поколенија од синовите Израилеви“ (Изл. 27:20-21). За време на православното богослужение, светилките се палат како знак на радосното горење на духот пред Бога, а има и кадило со миризлив темјан за да се потсетат верниците дека молитвата, како чадот од темјанот, треба да се искачува нагоре кон Божјиот престол. На прашањето зошто светилка се пали пред икона ни дава одговор и светиот Николај Велимировиќ во Писмото 18: „Прво, затоа што нашата вера е светлина. Христос рече: „Јас сум светлината на светот“ (Јован 8:12). Светлината на кандилото или свеќата нè потсетува на светлината со која Спасителот ги осветлува нашите души. Второ, да нè потсети на светлиот карактер на светителот пред чија икона ја палиме светилката. Зашто светителите се нарекуваат „Синови на светлината“(Јован 12:36). Трето, да ни служи како укор за нашите темни дела, зли мисли и желби, и да нè повика на патот на евангелската светлина, за да бидеме поревносни во исполнувањето на заповедта на Спасителот: „Нека вашата светлина свети така пред луѓето, за да ги видат вашите добри дела“(Мат. 5:16). Четврто, за да стане наша мала жртва за Господа, Кој се жртвуваше за нас, мал знак на голема благодарност и наша светла љубов кон Оној од Кого во нашите молитви бараме живот, здравје и спасение - сè што може да даде само безграничната Небесна Љубов. Петто, да ги исплаши силите на злото, кои понекогаш нè напаѓаат за време на молитвата, одвлекувајќи ги нашите мисли од Создателот. Зашто силите на злото ја сакаат темнината и треперат од светлината, особено онаа што му служи на Бога и на Неговите светии. Шесто, да нè охрабри на жртва. Исто како што маслото и фитилот горат во светилката, покорни на нашата волја, така нека нашите души горат со пламенот на љубовта, покорни на волјата Божја во секое страдање. Седмо, да нè потсети дека исто како што светилката не може да се запали без нашата рака, така и нашето срце, оваа наша внатрешна светилка, не може да се запали без светиот оган на Божествената благодат, дури и ако е исполнета со секоја добродетел. Зашто нашите добродетели се горивото што Господ го пали со Својот оган.“

Зошто верниците ја бакнуваат иконата и како правилно да се бакнуваат икони?

Бакнувањето на светите икони и поклонувањето кон нив сведочи за љубовта кон оние што се прикажани на нив - кон Бога, Богородица и светците. Преку почитувањето на светите икони, Божјиот благослов и љубовта кон светите Божји светци се привлекуваат кон човекот.

Треба полека да се пристапува кон иконите, во себе си кажувајќи молитва. Вообичаено е двапати да се прекрсти со поклон од половината, а потоа да се бакне иконата како знак на љубов и почитување кон оној прикажан на неа. Потоа, прекрстете се по трет пат, поклонете се и оддалечете се. Доколку е целосно прикажан Спасителот (или Богородица или свеител) на иконата треба да се целиваат нозете. Во случај да се прикажани портретно, до половината, се целиваат благословувачката десна рака или работ на облеката. Доколку имаме икона на Неракотворниот образ на Спасителот или главата на св. Јован Крстител, се целиваат во косата. Ако пред Вас има икона на која сакаат да се поклонат голем број луѓе, молете се додека чекате во редот, а кога ќе дојдете пред иконата, само целивајте ја и тргнете се на страна за да отстапите простор на другите верници и да не го задржувате редот, да не се прави гужва или искушенија на другите верници, во кои има и немоќни.

Како да се молиме пред иконите?

Свети Јован Кронштадски вели: „До степен до кој ќе почнете да се молите во дух и вистина, пред света икона, на пример, пред иконата на Спасителот, до тој степен духот на тој што е прикажан на иконата е привлечен кон иконата, така што ако вашата вера во присуството на лицето насликано на иконата достигнала точка што го гледате тоа лице живо, тогаш тоа навистина е таму преку неговата благодат. Пример се чудотворните икони што зборувале, пролевале солзи, крв итн.; токму затоа сите изгледаат необично живописно и експресивно. Што е невозможно за Бога, Кој може да му даде живот на камен и од него да создаде човек? - Тој може да го направи ова исто толку чудесно со насликана слика. - „Сè е можно за оној што верува“ (Марко 9:23), а Севишниот чудесно се спушта кај верникот. - Тој се соединува со знакот на животворниот крст и прави чуда.“

Молитвата пред икона не е рецитал пред публика или ритуал пред идол, туку разговор со личност, со таа личност која е изобразена на иконата. Во тој разговор ние се обраќаме кон нашиот Создател, Кој сѐ знае, дури и нашите најскришни помисли во срцето, но како премудар и предобар Татко нѐ чека нас, Неговите созданија и Неговите чеда да пристапиме кон Него, да разговараме со Него, да чезнееме да бидеме во Негово друштво, да побараме помош и благослов. И Тој Премиостивиот ќе нѐ обдари со многу дарови со живот, со здравје, со љубов, со мудрост, со вера, со надеж... Доколку се молиме на икона од Пресвета Богородица, да се потсетиме на зборовите на св. Јован Кронштадски: „Како што го гледате лицето на Мајката Божја на иконата, така и Таа, Пречистата Мајка на Недремливото Око (на Господ), ја гледа целата ваша душа, сите мисли, чувства, намери, потфати, сите страсти, слабости, недостатоци, секако, и добродетели, сите воздишки, солзи, секое почитување, слуша благодарност, пофалби, сите тајни и отворени молитви. Нејзиното знаење е чудесно: зашто Таа е Мајка на Сезнајниот и Сеприсутниот, кој ги создаде нашите срца.“

Доколку се молиме на светители, треба да имаме во предвид фактот дека и тие биле луѓе како нас, но го изоделе патот и одговориле на подвигот, го нашле својот пат кој води до обожувањето, до посиновувањето, односно до Бога. И сега како наши постари браќа и сестри во Христа, кои имаат искуство во духовната борба, ги знаат човечките слабости и страсти, ја познааваат болката и огнот на страста, како и начинот како да се извојува победа над неа и со нивната, дадена им моќ и власт од Христа Спасителот, можат да ни помогнат по патот на нашето обожување, односно да станеме и ние синови и ќерки Божји.

И повторно да се вратиме на св Јован Кронштадски „Поклонувајќи се на икони, јас прво го почитувам во нив Бога, Кој го роди без почеток Својот Син, живата Слика, Кој ѝ даде материјално постоење на бесконечната мисла на Бог Отецот, создавајќи ги световите и сите созданија што беа во мисла на Бога, и човекот, создаден по слика и подобие Божјо; второ, ја почитувам сликата на овоплотениот Бог; трето, се почитувам себеси, мојата слика на бесмртен боголик човек, повикан да биде учесник во божествената природа едно со Господ, храм на Светиот Дух. Исто така, неволно сум поттикнат да ги почитувам иконите затоа што ја гледам спасоносната моќ Божја за верните и казнувачката моќ за неверниците што се манифестира преку нив, исто како што ја гледам и чувствувам истата оваа моќ во ликот на крстот Господов, кој, поради неговата чудотворна моќ, се нарекува чудотворство. Поради сите овие причини, иконите за мене ги заменуваат самите личности чии имиња ги носат. Лицата на светителите на нашите икони ни ја претставуваат блискоста во духот на светиите Божји, кои сите се живи со Бога и во Светиот Дух се секогаш блиску до нас според нашата срдечна вера и молитва кон нив. Зашто она што може да биде далечно за Духот Божји, сеприсутен и исполнува сè и „минувајќи низ сите разумни духови (надарени со разум), чисто, суптилно“ (Мудрост 7:23). „Радоста доаѓа во присуството на ангелите Божји за еден грешник што се кае“ (Лука 15:10). Ова значи дека расположенијата на нашата душа се откриваат не само на Бога, туку и на Ангелите. Стоејќи пред Тебе и пред Твоите страшни и свети Ангели, ги донесувам моите зли и беззакони дела, откривајќи ги и разобличувајќи ги (Молитва 4 при Причест).“ /МИА

Во живо

последно ажурирање пред 16 минути

САД го нападна Иран, Трамп се заканува, Иранците најавуваат одговор, испукуваат ракети кон Израел

​Американските сили нападнаа три ирански нуклеарни објекти во „многу успешен удар“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека Фордоу, „скапоцениот камен во круната“ на нуклеарната програма на Техеран, повеќе не постои. 

САД го нападна Иран, Трамп се заканува, Иранците најавуваат одговор, испукуваат ракети кон Израел
пред 16 минути09:51

Авиокомпаниите го избегнуваат Блискиот Исток

Авиокомпаниите денес продолжија да избегнуваат големи делови од Блискиот Исток по американските напади врз иранските нуклеарни постројки, според веб-страницата за следење летови FlightRadar24, при што сообраќајот веќе го заобиколува воздушниот простор на регионот поради неодамнешните меѓусебни ракетни напади од страна на Израел и Иран.

„По американските напади врз иранските нуклеарни постројки, комерцијалниот сообраќај во регионот функционира според новите ограничувања на воздушниот простор воведени минатата недела“, објави „FlightRadar24“ на својата „X“ платформа.

Нивната веб-страница покажува дека авиокомпаниите не летаат во воздушниот простор над Иран, Ирак, Сирија и Израел. Тие избрале други рути како што се северно над Каспиското Море или југот над Египет и Саудиска Арабија, дури и ако тоа резултира со повисоки трошоци за гориво и екипаж и подолги летови.

пред 27 минути09:40

Американски конгресмени ја доведоа во прашање законитоста на потегот на Трамп за бомбардирање на Иран

Неколку членови на американскиот Конгрес од двете партии ја доведоа во прашање законитоста на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп за започнување воени напади врз Иран.

Додека конгресните лидери на Републиканците и многу членови на Конгресот ја поддржаа одлуката на Трамп да ги бомбардира главните нуклеарни објекти на Иран, најмалку двајца републикански пратеници им се придружија на демократите тврдејќи дека Трамп донел неуставна одлука да го бомбардира Иран без одобрение од Конгресот, објави Ен-Би-Си Њуз.

„Иако одлуката на претседателот Трамп (да ги бомбардира нуклеарните објекти на Иран) може да биде праведна, тешко е да се замисли образложение кое е уставно. Со нетрпение ја очекувам неговата следна изјава“, објави на мрежата Икс пратеникот Ворен Дејвидсон, републиканец од Охајо, кој го поддржува Трамп.

пред 33 минути09:34

Израел го затвора својот воздушен простор и ги заострува безбедносните мерки по американските напади врз Иран

Воздушниот простор на Израел е затворен до натамошно известување „поради најновиот развој на ситуацијата“, објави изутринава Израелската администрација за воздухопловство по синоќешното бомбардирање на Иран од страна на САД.

„Воздушниот простор на Државата Израел е затворен за влез и излез поради најновите случувања“, се вели во соопштение на властите, во кое се наведува дека копнените премини [со Египет] и Јордан работат нормално.

Израел го затвори својот воздушен простор на 13 јуни по нападот врз Иран, што ја предизвика тековната војна меѓу еврејската држава и Исламската Република. Воздушниот простор беше повторно отворен во петок за летови за враќање на Израелци заглавени во странство. Во меѓувреме, Израел го зголеми нивото на тревога во целата земја.

„Со одобрение на министерот за одбрана Израел Кац и по проценка на ситуацијата, беше одлучено дека од денес (недела) во 15:45 часот (00:45 GMT) сите региони во земјата [ќе преминат] од нивото на „делумна“ или „ограничена“ активност на нивото на „само исклучително неопходна“ активност, што вклучува „забрана за образовни активности, собирања, работни активности, со исклучок на клучните сектори“, се наведува во воено коминике.

пред 36 минути09:31

Иранската организација за атомска енергија соопшти дека нема да дозволи прекин на нуклеарниот развој на земјата

Организацијата за атомска енергија на Иран денеска соопшти дека нема да дозволи развојот на „националната индустрија“, имајќи го предвид нуклеарниот развој на земјата, да биде запрен, јавија светските агенции.

Таа потврди дека се извршени напади врз нејзините нуклеарни постројки во Фордоу, Исфахан и Натанц, но нагласи дека нејзината работа нема да биде запрена.

„Организацијата за атомска енергија на Иран ја уверува големата иранска нација дека и покрај злонамерните заговори на нејзините непријатели, со напорите на илјадници нејзини револуционерни и мотивирани научници и експерти, нема да дозволи да се запре развојот на оваа национална индустрија, за која нашите нуклеарни маченици ја пролеаја својата крв“, се вели во соопштението на агенцијата, цитирано од Асошиејтед Прес.

Организацијата наведе дека нападите врз нејзините нуклеарни постројки го прекршуваат меѓународното право, без да го образложи обемот на штетата од американските напади, кои претходно ги објави претседателот Доналд Трамп. Таа соопшти дека на својата агенда ги ставила потребните мерки, вклучително и правни постапки, за заштита на правата на Иран и додаде дека очекува меѓународната заедница да го осуди „беззаконието засновано на законот на џунглата“ и да го поддржи Иран во остварувањето на своите легитимни права.

пред 44 минути09:22

МААЕ: Нема зголемена радиоактивност по нападот на САД врз цели во Иран

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) изутринава соопшти дека нема „зголемување на нивото на радијација надвор од објектите“ по американските воздушни напади врз три ирански нуклеарни објекти, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на нуклеарното надзорно тело на ОН објавено на платформата Икс.

„МААЕ може да потврди дека досега не е пријавено зголемување на нивото на зрачење надвор од територијата на објектите. Меѓународната агенција за атомска енергија ќе даде дополнителни проценки за ситуацијата во Иран кога ќе има повеќе информации“, се наведува во соопштението на МААЕ.

пред 53 минути09:14

Трамп му се закани на Иран со нови напади ако не склучи мир

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со нови напади ако Техеран не склучи мир, јави ДПА.

„Или ќе има мир или ќе има трагедија за Иран, многу поголема од она што го видовме во последните осум дена“, рече Трамп во обраќањето до нацијата од Белата куќа, откако претходно објави дека САД нападнале три нуклеарни постројки во Иран.

„Запомнете, останаа уште многу цели“.

Трамп рече дека САД извршиле напади што „целосно и тотално ги уништиле“ клучните постројки за збогатување ураниум. Тој додаде дека Иран „мора да склучи мир сега. Ако не го сторат тоа, идните напади ќе бидат многу поголеми“.

Нешто повеќе од два часа претходно, Трамп објави дека американските авиони нападнале три нуклеарни постројки во Иран - во Натанз, Исфахан и постројката за збогатување ураниум во Фордо.

Израел ја започна кампањата на 13 јуни, нагласувајќи дека имала за цел да го спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Техеран постојано негира дека се стреми кон нуклеарно оружје и тврди дека неговата нуклеарна програма е само за цивилни цели.

пред 58 минути09:09

Иран вели дека го задржува правото да избере каков било одговор на „скандалозните“ американски напади

Иран го задржува правото да избере каков било одговор во одбрана по американските напади врз неговите нуклеарни постројки, напиша утрово иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на платформата X.

Арагчи рече дека нападите се „скандалозни и ќе имаат последици за вечни времиња“

пред 16 минути09:05

Нападот врз Иран беше извршен од американските бомбардери Б-2 „скрил“.

По неколкудневно размислување, одлуката на Трамп да се придружи на воената кампања на Израел против Иран го ескалираше конфликтот.

Неколку часа по нападот, Трамп се обрати до нацијата. Според него, утрово бомбардирањето на САД целосно уништи три ирански нуклеарни објекти, Натанц, Есфахан и Фордоу.

„Или ќе има мир или Иран ќе се соочи со трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во изминатите осум дена“, рече Трамп во говорот во Белата куќа, нарекувајќи го Иран „насилник на Блискиот Исток“.

„Ако мирот не дојде брзо, ќе нападнеме други цели со прецизност, брзина и вештина“, додаде Трамп.

Извор: Индекс.хр

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо, објави Германскиот истражувачки центар за геонауки.

Земјотрес со јачина од 6 степени по Рихтер го погоди брегот на јапонскиот остров Хокаидо

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета.

притисни ентер