2Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ФудбалВидео: Бранителот на тронот Аргентина противник на Шпанија во големото финале на Мундијалот во Америка Актуелниот светски шампион Аргентина со уште еден резулатски пресврт се избори за ново финале на фудбалски Мундијали.Аргентинските фудбалери обезбедија место во големото финале на 23 Светското првенство, по уште еден неверојатен пресврт и триумф над најголемиот ривал на сите полиња Англија. На полуфиналето во Атланта видовне две сосем спортивни полувремиња, досадно прво и супер интересно и неизвесно второ0 полувреме кое го одлучи патникот на финалето во Њу Џерси. По досадните први 45 минути, во вториот дел видовме се она што фудбалот го прави најважната споредна работа на светот. Англија одлично го отвори вториот дел и со голот на Гордон во 55 минута победе со 1-0. Во следните дваесетина минути фудбалерите на Гордиот Албион ја контролираа играта и резулатот. Но потоа следуваше кардинално одлука на англискиот селектор Тухел,кој многу рано уште во 70 минути одлучи да ја брани предноста пред најефикасниот напад на шампионатот, неговите избраници се повлекоа а тоа секако фудбалските велемајстори од Јужна америка веднаш го искористија. Популарните „гаучоси“ започнаа со сите сили да атакуваат кон голот на Гордон.Англискиот голман одолеваше се до 85 минута, бранејќи неколку големи пролики на противниците, кога капитулираше по максимално прецизниот шут на Енцо Фернандес кој погоди на вистинското место со удар од 20 метри. Израмнувачкиот гол на Енцо беше само дополнителен импулс за Меси и другарите да продолжат со атаците кон голот на Англија. Во втората минута од судиското надополнување уште една неверокјатна асистенција на Меси во гол вреден финале ја претвори Лаутаро Мартинез за ерупција на полните трибини во Атланта. По крајот на полуфиналето може да се каже и заклучи дека селекторот на Аргентина Скалони тактички го надмудри својот противник на клупата Тухел, бидејќи неговите замени и тактички промени во финишот значеја пласманна неговиот тим во второ последователно мундијалско финале. „Гаучосите“ на дуелот со Англија ја продолжија неверојатната нјиза на пресврти и фантастични натпревари какви што одиграа и против Капо Верде, Египет и Швајцарија. До крајот на Мундијалот во Северна Америка сега остануваат само уште две средби оние најзначајните за медали и трофејот. Големото финале меѓу Аргетнина и Шпанија се игра во недела во Њу Џерси од 21 часот а ден претходно од 23 часот за бронзата ќе се борат тимовите на Франција и Англија. Во финалето против Шпанија, Аргентина ќе се обиде да ја освои втората последователна и вкупно четврта титула.Шпанците пак во своето второ финале во историја ќе се обидат да го повторат успегот од 2010 од Јужна Африка и да стигнат до вториот пехар. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
БалканНа улиците на Белград се појавија блиндирани полициски возила за растурање толпи (ВИДЕО)Припадници на жандармеријата со автобуси влегоа во српскиот Парламент и зградите на Стариот дворец во Белград.Полициското присуство е зголемено низ целиот центар на градот, а специјални сили се распоредени пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), објавува порталот nova.rs. Возилата што се користат за разбивање на протестите беа снимени во центарот на Белград, додека колона полициски комбиња беше забележана на автопатот, објави Излаз. Veliki broj vozila žandarmerije doveo je pripadnike ove jedinice u punoj opremi za razbijanje demonstracije u ranije ograđen prostor ispred Republičke izborne komisije koji gleda na Pionirski park. U ovom delu isključeno je ulična rasveta. https://t.co/l8T3Y2mQmF — Mašina (@MasinaRS) October 25, 2026 Зголемените безбедносни мерки доаѓаат на денот на предвремените парламентарни избори во Србија. 6.451.292 гласачи имаат право на глас, а гласањето се одвива на 8.392 избирачки места, кои се отворени од 7 до 20 часот. Autobusi puni pripadnika žandarmerije ušli su u zgrade Skupštine Srbije i Starog dvora, javlja reporterka https://t.co/lvg5OUnQCd. Policijske snage pojačane su širom centra Beograda, a posebno ispred zgrade Republičke izborne komisije (RIK). Detaljnije na https://t.co/lvg5OUnQCd 🔗 Link u bio Dostupno kao aplikacija na vašem TV uređaju — pronađite https://t.co/lvg5OUnQCd u prodavnici aplikacija svog Smart TV-a. — IZLAZ.com (@izlaz_dot_com) October 25, 2026 Тагови: Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
ТехнологијаХуманоидни роботи изведоа спектакл и влегоа во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за синхронизирано танцување во Кина.Кинеската индустрија за хуманоидни роботи се движи од индивидуални демонстрации кон апликации од голем обем, а во сличен развој, 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов рекорд за најголем број хуманоидни роботи што танцуваат истовремено во градот Џинан, покраината Шандонг, Кина, во саботата, објави „Глобал тајмс“. Вкупно 110 хуманоидни роботи „Експедиција А3“, развиени од кинеската компанија „АгиБот“, изведуваа синхронизирани танцови движења и промени во формацијата користејќи ја платформата за групна контрола „ЛинкБотс“ на компанијата и технологијата за ултра-широкопојасно позиционирање што овозможува точност на ниво на сантиметар. „АгиБот“ соопшти дека сите 110 роботи изведувале синхронизирани движења без прекин, вклучувајќи менување позиции, скокање, превртување и менување формации. Компанијата објави дека роботите ќе бидат распоредени во културни и туристички настани, јавни услуги, научни истражувања и образование, како и во други области. Претставник на кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија на 19 октомври изјави дека кинеските компании развиле повеќе од 400 модели на хуманоидни роботи и произвеле повеќе од 40.000 единици во првата половина од оваа година, а се очекува годишното производство да надмине 100.000 единици.Тагови: хуманоидни роботи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалШок во Мадрид пред вечерашното Ел Класико- Мурињо остана без клучен играчРеал Мадрид претрпе голем удар само неколку часа пред вечервашното Ел Класико против Барселона. Мадридскиот клуб официјално објави дека Тибо Куртоа (34), нивниот прв голман и еден од најважните играчи, нема да игра во најголемото шпанско дерби. Причината е грипот, поради кој белгискиот репрезентативец се откажа од тимот во последен момент. „Куртоа ќе го пропушти вечервашниот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона во 10-то коло од првенството поради грип. Илиа Волошин ќе го замени во тимот“, објави Реал Мадрид на својата официјална веб-страница. Тоа е голем проблем за тренерот Жозе Мурињо, кој е без еден од своите најсигурни играчи пред еден од најважните натпревари во сезоната. Куртоа е стандарден прв голман за Реал, а неговиот квалитет и искуство доаѓаат до израз особено во најголемите натпревари. Мурињо мора да ги промени плановите во последен момент Се очекува Куртоа да биде заменет од украинскиот репрезентативец Андриј Лунин (27). Тој веќе покажа дека може успешно да го замени Белгиецот, особено во сезоната 2023/24, кога одигра важна улога во освојувањето на шпанското првенство и Лигата на шампионите од страна на Реал. Сепак, отсуството на Куртоа е сериозен хендикеп за Мадрид. Белгиецот е еден од најдобрите голмани во светот со години, а пред натпреварот против Барселона, неговата способност да се брани и да го држи тимот во игра е особено важна. Реал влегува во дербито шест бода зад лидерот Барселона, кој досега ги доби сите девет лигашки натпревари. Тимот на Ханси Флик би ја зголемил предноста на девет бода со победа, додека Реал би ја намалил разликата на само три бода со евентуална прослава. Ел Класико ќе се игра вечерва од 21:00 часот на Камп Ноу.Тагови: Жозе Мурињо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter