Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
2Маврово Опен почнува овој викенд: Некогаш запуштениот тениски терен сега ја обединува целата заедница
ЗабаваВидео: Блам на Ријана на свадбата на милијардерот од Индија!Светската музичка ѕвезда Ријана за учество на една од најскапите светски свадби земала милиони, па три пати погрешно ги згрешила имињата на младенците - се појави хит видео од свадбата!Пејачката за час и половина заработила 5 милиони долари! Најбогатиот човек во Индија, милијардерот Мукеш Амбани,го ожени својот син Анант Амбани на тридневна церемонија на која се собраа јавни личности од целиот свет, а наводно свадбата чинела 120 милиони долари. Дел од богатството кое отиде за организацијата на венчавката на неговиот син Анант и неговата долгогодишна девојка Радика, заминало на светка на пејачката Ријана, која пеела околу час и половина, ги извела најпопуларните песни од нејзината кариера за што заработила 5 милиони долари! Ријана настапила опкружена со танчери, облечена во зелен фустан со шлиц, под кој ѕиркаа розови хулахопки, а потоа реши да им се обрати на младенците.. И тука многу погрешила. Ријана не можела да ги погоди имињата на младенците. Rihanna was paid 50+ crore and still can’t pronounce their names correctly Some people expect fluent English for BPO jobs paying 8-12K/month #AnantRadhikaCelebration pic.twitter.com/LWz9fBn52F — Vineeth K (@DealsDhamaka) March 2, 2024 Дури во третиот обид успеала во намерата и успеала да им посака среќа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамИџе во Словенија ја отвора новата тркачка ераОвој викенд во Илирска Бистрица - Словенија, Игор Стефановски - Иџе го има својот прв официјален настап со новиот болид, отворајќи ново поглавје во својата европска тркачка приказна. Иако Иџе претходно го тестираше болидот, Илирска Бистрица е неговото вистинско „огнено крштевање“ во живо, лице в лице со европската елита. На претпоследниот викенд во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки во Словенија, ќе се случи првото сериозно мерење на новиот болид. Игор Стефановски - Иџе на оваа трка настапува во најпрестижната и најбрзата категорија на Европскиот шампионат -Категорија 2, категоријата на болиди и прототипи, која ги обединува најбрзите машини на ридските патеки. Ова е историска сезона за него бидејќи по трите европски титули во Категорија 1 со затворени автомобили, Иџе направи огромен чекор напред. Тој сега вози ултрамоќен, специјално конструиран прототип Nova Proto NP01, често нарекуван и Норма, чија технологија е блиска до болидите од Формула. „Словенија ќе биде мојот најнов предизвик. Ќе се тркам со мојот нов болид. Сакам да ги почувствувам неговите перформанси. Затоа и одлучив да тркам вo Илирска Бистрица. Патеката e интересна, важи за една од најпрепознатливите и можам слободно да кажам дека ми лежи. Словенците со години докажуваат дека се одлични организатори, што трките ги прави особено интересни и за публиката и за натпреварувачите. Голема е бројката на пријавени учесници во сите категории, смета Стефановски кој не ја крие возбудата и адреналинот дека прави историски чекор. Влегувањето во нова категорија, ќе бара и сосема поинаков стил на возење, огромна физичка подготвеност и максимална концентрација, вели Стефановски, кој не ја крие возбудата пред првиот голем тест со новата машина. Трката се вози на познатата патека Илирска Бистрица - Шембије, која е со должина од 5.010 метри и важи за исклучително брза. И годинава листата на учесници е импозантна, пријавени се 242 натпреварувачи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМората пред сензационално враќање во Шпанија – ќе игра во втора лига?Долгогодишниот капутен нна Шпанија, Алваро Мората можеби е пред еден од најнеочекуваните потези во својата кариера. Шпанскиот напаѓач е блиску до трансфер во Леганес, клуб што се натпреварува во втората шпанска лига. Договорот предвидува позајмица од Комо, а клубовите допрва треба да ги финализираат последните детали. Мората пристигна во Комо минатата сезона, но не успеа да фати ритам. Тој не постигна ниту еден гол во Серија А, иако одигра 26 натпревари и забележа вкупно 924 минути игра. За 33-годишниот напаѓач – кој настапувал за Реал Мадрид, Јувентус, Челзи, Атлетико Мадрид и Милан – преселбата во шпанската втора лига би претставувала сосема поинаков вид предизвик. Леганес го гледа Мората како големо засилување во обидот да се вратат во Ла Лига. Клубот од предградието на Мадрид не може да ја покрие платата што тој моментално ја заработува во Италија, па за реализација на позајмицата ќе биде потребно Комо да покрие дел од неговите примања. За Мората, ова би значело враќање во позната средина. Роден во Мадрид и производ на младинската школа на Реал Мадрид, тој во текот на кариерата играл на највисоко ниво и за Реал Мадрид и за Атлетико Мадрид. Тој исто така ја предводеше шпанската репрезентација како капитен до титулата на Европското првенство во 2024 година. Неговото доаѓање би донесло едно од најголемите имиња во историјата на клубот во Леганес. Во текот на својата кариера, Мората освои две титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид, титула во италијанското првенство со Јувентус, англиски ФА Куп со Челзи и европска титула со Шпанија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%До 30 септември училишен прибор по пониски цени од 10 до 15%,Владата трета година по ред со училишна кошничка на почеток на учебната годинаСо почетокот на новата учебна година, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор. Мерката ќе трае заклучно со 30 септември годинава. Трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените за најмалку 10%, додека трговците на мало за најмалку 15%. Оваа мерка опфаќа широк спектар производи неопходни за учениците како ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелин, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали. Ова е трета година по ред како Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, воведува училишна кошничка пред почетокот на учебната година, со цел да им го олесни месец септември на родителите, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Заштедата е од особено значење за семејствата со повеќе од едно дете. Со оваа мерка, целта е родителите да им го обезбедат потребниот училишен прибор по пониски и попристапни цени, а септември да биде момент на радост и подготовка за новата учебна година. Со вакви конкретни мерки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики кои носат директна корист за граѓаните и придонесуваат кон заштита на животниот стандард. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГотови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26Трајановски: Денес поставуваме камен-темелник на најсложениот и најтешкиот автопат11:53
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26