Видео: „Apple“ смета дека 128 GB е „многу простор“ - Канал 5

Видео: „Apple“ смета дека 128 GB е „многу простор“

Компанијата од Купертино има уникатен поглед на количината на простор за складирање во моделите на „iPhone“.

Видео: „Apple“ смета дека 128 GB е „многу простор“

„Apple iPhone 15“ има првични 128 GB простор за складирање, но добар дел е окупиран од „iOS“ и претходно инсталираните апликации.

Многумина веруваат дека во 2024 година ова не е доволно простор за складирање, или барем не многу. Сепак, „Apple“ мисли поинаку.

Според компанијата, „iPhone 15“ има „многу простор за складирање фотографии“, што е дел од описот во најновата видео реклама.

Многумина сметаат дека идејата на „Apple“ да го рекламира и промовира просторот за складирање на моделот од „128 GB“ е, во најмала рака, необична. Особено кога има „iPhone 15 Pro“ или „iPhone 15 Pro Max“, кои пристигнуваат со простор за складирање до 1 TB.

Дали навистина се доволни „128 GB“ за складирање на сите ваши фотографии и дали е воопшто важно кога зачувувањето содржина „во облакот“ е сè порелевантно?

YouTube video

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени

Оваа година заклучно со вчера, во Mакедонија се регистрирани осум случаи на Западно-нилска треска, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. 

Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени

Од регистрираните случаи, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен.

„Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и од Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инку-бацискиот период покрива и престој во Македонија.

Почетокот на симптомите кај 5 лица од заболените е регистиран во месец јули. Кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден случај во мај“, пишува во извештајот од Институтот.

Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на сезоната на пренос од оваа година, а заклучно со 22 јули, идентификувани се 35 региони погодени од вирусот на Западно-нилска треска.

Во шест земји во европа овие региони се наоѓаат во Италија , Грција Романија, Македонија, Шпанија и Франција.

Во оваа сезона, кај луѓе во европскиот регион, првиот регистриран случај е од Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мастантуоно оди на позајмица во Бенфика?

Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го испраќа талентот Франко Мастантуоно на калење во Бенфика?

Мастантуоно оди на позајмица во Бенфика?

Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, би можел да го напушти клубот ова лето и да замине на позајмица.

Бенфика се спомнува како голем фаворит за неговиот потпис. Мастантуоно има само 18 години и не успеа да избори поголема минутажа по доаѓањето од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра.

Со доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг, дополнително ќе се заостри конкуренцијата на позицијата десно крило.

Затоа Мадрид и Жозе Мурињо сакаат да му најдат клуб каде што би играл редовно. Очигледно, покрај Бенфика, заинтересирани се и Фулам и Фиорентина, но португалскиот клуб има предност бидејќи игра во европските натпреварувања.

Реал верува дека позајмицата би можела да има ефект сличен на оној од престојот на Ендрик во Лион минатата сезона, каде што Бразилецот доби минути за развој и имаше добри настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар.

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар.

СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса.

Фактите се јасни. Контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции. Во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот Валбон Лимани е нивен избор и нивна политичка одговорност.

Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса.

Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните.

Затоа, ако навистина бараат одговорност, нека почнат од сопствените редови. Наместо прес-конференции со обвинувања, нека им објаснат на граѓаните што направиле и зошто дошло до оваа состојба.

Институциите остануваат целосно посветени на решавање на проблемот. Веќе е обезбедена технички исправна вода за лична и домашна хигиена, а согласно проценките на надлежните служби, во најбрз можен рок се очекува да биде обезбедена и безбедна вода за пиење во Гостивар.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер