Видео: Анџелина никогаш поубава и посреќна! - Канал 5

Видео: Анџелина никогаш поубава и посреќна!

Холивудската ѕвезда Анџелина Џоли повторно застана пред камерите, но сега за реклама на новиот парфем „ Guerlain“.

Видео: Анџелина никогаш поубава и посреќна!
Во рекламата мегапопуларната актерка се појавува во природно издание без грам шминка на себе, идејата на режисерот на рекламата била да се прикаже „модерната женственост“.

Мајката на шест деца исто така е ангажирана и на промоцијата на својот нов филм „ They First Killed My Father“, филм во кои дејствието се одвива во Камбоџа за време на суровиот комунистички режим.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Дикаприо „се запуштил“ покрај 23 години помладата убавица

Холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо е уловен во друштво на 23 години помладата девојка, но наместо за убавицата сите зборуваат за изгледот на актерот.

Фото: Дикаприо „се запуштил“ покрај 23 години помладата убавица

Леонардо ди Каприо и неговата девојка, Виторија Черети – која е 23 години помлада од него – се фотографирани на Хаваи, каде што изгледот на славниот актер го привлече вниманието на фотографите.

Како и многу други познати личности, Лео и манекенката Виторија во последно време престојуваат на Хаваи. Повод за нивното присуство таму е свадбата на Џенифер Мајер, дизајнерка на накит и поранешна сопруга на актерот Тоби Мегваер.

Се чини дека, по свадбената церемонија, славните личности решиле да уживаат во убавините на оваа тропска дестинација и се упатиле кон плажата.

Познатиот пар веднаш го привлекол вниманието на фотографите, а фотографии од нив брзо се појавиле во медиумите.

Манекенката, како и многупати претходно, покажа беспрекорна фигура во минијатурно бикини, додека нејзиниот сакан откри дека – судејќи според изгледот на неговото тело – ужива во животот... Малку се опуштил, што значи дека е сигурен во својата 23 години помлада убавица.

За време на фотографирањето носеше шорцеви за капење и гордо го покажа стомакот, а фотографиите се проширија на интернет со брзината на светлината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот.

Герасимовски: Додека не најдеме законско и прифатливо решение, нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да го ставам на дневен ред на Советот

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешниот брифинг со новинарите истакна дека нацрт-ДУП-от „Барутана“ нема да биде ставен на дневен ред на Советот сè додека не се најде законски издржано и прифатливо решение за сите отворени прашања, особено за стабилноста на теренот и пристапната сообраќајница.

„Мојот став е јасен. Сè додека не најдеме законско и прифатливо решение за сите отворени прашања, јас како градоначалник нема да предложам овој нацрт-ДУП да биде ставен на дневен ред на Советот. За Водно мора да бидеме особено внимателни. Не е доволно само да се исполнат формалните процедури, туку мора да бидеме сигурни дека решенијата се безбедни, законски и во интерес на граѓаните“, истакна Герасимовски.

Тој информираше дека Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) дала позитивно мислење за нацрт-ДУП-от „Барутана“, потврдувајќи дека условите од областа на заштитата и спасувањето се соодветно вградени во планската документација.

Позитивни мислења и оценки доставиле и Комисијата за урбанизам на Град Скопје, Агенцијата за катастар на недвижности, ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Секторот за води и Секторот за природа при Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за електронски комуникации, ЕСМ-Топлификација, Агенцијата за цивилно воздухопловство, Управата за заштита на културното наследство, АД „Водостопанство“ и Министерството за внатрешни работи.

Герасимовски нагласи дека позитивните мислења од институциите не значат автоматско донесување на нацрт-ДУП-от, ниту дека со нив завршува постапката.

„Мислењата на институциите се важни, но за мене е подеднакво важно да ги отстраниме сите сомнежи околу стабилноста на теренот. Затоа, покрај анализите што веќе ги имаме, ќе ѝ наложиме на планерската куќа да нарача посебна студија од Градежниот факултет за процена на ризикот од ерозија, свлекување и нестабилност на падините. Сакам да имаме јасна и целосна стручна слика пред да се носат какви било конечни одлуки“, рече Герасимовски.

На крај, Герасимовски потенцираше уште еднаш дека Општината има законска обврска да ја води постапката за нацрт-ДУП-от „Барутана“, но тоа не значи дека планот мора да биде усвоен.

„Имаме законска обврска да ја водиме постапката, но тоа не значи дека нацрт-ДУП-от мора да биде усвоен по секоја цена. Ќе ги разгледаме сите забелешки, ќе ги направиме потребните дополнителни анализи и ќе бараме решение кое нема да ја доведе во прашање безбедноста на граѓаните. Додека не ги расчистиме овие прашања, нема да предложам нацрт-ДУП-от „Барутана“ да се најде на дневен ред на Советот“, порача Герасимовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одбраната на Артан Груби се оградува и им се извинува на граѓаните за синоќешниот спонтан собир

Одбраната на Артан Груби ја информира јавноста дека се оградува од самоиницијативното одржување на собир на граѓани, соседи и пријатели,  по повод укинувањето на мерката домашен притвор за Артан Груби по 8 месеци притвор.  

Одбраната на Артан Груби се оградува и им се извинува на граѓаните за синоќешниот спонтан собир

Собирот беше спонтан, пред домот на Артан Груби, без говори, без пораки, и без политички одбележија.

Укинувањето на мерката претставува одлука на надлежните органи во рамките на законски предвидените постапки.

Во името на нашиот штитеник, им се извинуваме на сите граѓани кои може да биле вознемирени синоќа од неколкуминутниот спонтан настан, што би можел да создаде погрешна слика во јавноста.

Одбраната нагласува дека почитувањето на институциите, судските постапки и владеењето на правото е од суштинско значење.

Секое одлучување на надлежните органи треба да се почитува без политички притисоци, лични интерпретации и јавен притисок.

Воедно, потенцираме дека Артан Груби не учествувал во организацијата, ниту таа претставува некаков негов политички став или иницијатива.

Секое изразување поддршка од страна на граѓани или групи е нивен личен избор и не треба да се поврзува со одбраната.

Нашиот фокус останува исклучиво на правните аспекти на предметот, заштитата на правата на Артан Груби и обезбедувањето законита и правична постапка, стои во соопштението до јавноста од одбраната на Артан Груби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер