Видео: Анастасија ја „запали“ сцената во Штип

Оваа девојка е откритие на „Мак Фест“ –Анастасија Аврамовскаго воодушеви жирито.

На неодамна одржаниот фестивал „Мак Фест“ дебитираше младата Анастасија Аврамовска која го освои високото 4-то место, а коментарите од нејзиниот настап не стивнуваат.

Со нејзиниот глас, настапот на сцената и се разбира певливата и хитовска песна, успеа да ги собере симпатиите на публиката и жирито.

„Ме научи да бидам своја“ е дело на Иле Спасев, кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот е на Даниела Хаџи – Тоневска.

Период пред настапот навистина посветено работев на целиот проект за успешно преставување на овој фестивал, за кој знам дека уште повеќе ми ги отвори вратите кон реализирање на мојот сон. Влегов во финале, освоив убаво место, се на се навистина сум пресреќна и задоволна, како од фестивалот, така и од се што ми се случива до сега, бидејќи луѓето убаво реагираат на моите две песни кои ги промовирав за доста краток период, вели Анастасија.

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка

Продолжен притворот на осомничените за убиството на Данка – телото на девојчето се уште не е најдено.

Нови 30 дена притвор добија двајцата осомничени за бруталното убиство на 2-годишната Данка Илиќ..

Судот во Зајечар им го продолжи притворот на 50-годишните Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ, поради проценката дека постои опасност тие да побегнат, да влијаат врз сведоци и да уништат или отстранат траги од извршување на кривично дело, објавија српските медиуми.

Полицијата ги уапси нив под сомнение дека прво ја удриле малата Данка со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот и го однеле на депонија. Во притвор е и таткото на еден од нив под сомнение дека му помогнал на синот да го премести телото на девојчето..

Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со Макрон и со Фон дер Лајен

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија.

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општините, вклучително и за Гази Габа

Денеска сме повторно во Гази Баба, како и секогаш во Гази Баба се работи. Нови позитивни работи каде и да одиме. Треба да се пофали градоначалникот Бобан Стефковски и неговиот тим бидејќи има многу проекти навистина.

Во последниве две години откако е тој градоначалник сведоци сме на преку триесеттина игралишта, спортски училишни сали што е навистина за пофалба, плус реконструкции на патишта, водоводи, канализации.

И вака, вака навистина се сака Гази Баба и се сака Македонија.

Јас секогаш сум горд бидејќи она што е ветуваме низ годините сега може да стане реалност.

Честитки до целиот тим, но исто така сакам да ги повикам сите граѓани за да вакви проекти се создаваат и во иднина да ни ја дадат поддршката на 8 мај.

На 8 мај да ставиме печат на една голема историска победа за да има повеќе средства за сите општини. 250 милиони евра да се даваат годишно на сите општини вклучително и на Гази Габа каде ќе можеме да видиме и плус многу проекти токму тука со помош од централната власт.

Сега шансата е на народот! Промените се во твои раце народе!

И Македонија останува твоја!

Затоа промените треба да ги започне секој еден од нас!

Се гледаме на терен и на 8 мај за голема историска победа!

Владо Мисајловски, носител на изборна единица 2

притисни ентер