Видео: „Аманет“ – нова народна песна, полна со емоции - Канал 5

Видео: „Аманет“ – нова народна песна, полна со емоции

„Аманет“ е најновата песна на тетовчаните „Фортисимо“ кои веќе подолго време се присутни на нашите фестивали за народна музика.

Видео: „Аманет“ – нова народна песна, полна со емоции

Преку соработки со познати композитори и музичари, а поради вниманието и љубовта кон она што го работат, важат и за едни од најпочитуваните музичари во Полошкиот регион.

За нивната најнова песна, снимија и спот, првенче, а како локација беше избрано селото Галичник.

Песната во себе носи една тажна приказна, но наша реалност. Оваа тема пред се е посветена на сите мајки кои поради туѓината, се разделени од своите чеда, но ја посветуваме и на сите наши Македонци кои се далеку од својот роден крај, насекаде низ светот. Спотот го снимавме во селото Галичник, пред се поради симболиката на целото ова место кое некогаш било полно со луѓе и живот, а денеска за тоа сведочат само куќите и неколкуте жители таму, велат од бендот, составен од 5-мина професионални музичари, одлично познати на полошката публика, бидејќи станува збор за докажани имиња на кои долги години музиката им е најважното нешто во животот.

Музиката и аранжманот за „Аманет“ се дело на Бобан Мојсоски, а текстот на Драган Таневски, додека спотот е снимен во соработка со студио „Ѓоровски“.

После двете теми, „Од каде ти“ и „Аманет’, од „Фортисимо“ најавуваат уште една новитети за кои допрва ќе информираат.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите пред седиштето на Европската Унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан, откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните. Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. ТИЕ со барање дека ако не можат да има измени, како што е случајот со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути. Протести во исто време ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер