Видео: Алек Болдвин со чадор нападна новинар на сред улица - Канал 5

Видео: Алек Болдвин со чадор нападна новинар на сред улица

Хаос на сред улица, нервозниот актер Алек Болдвин „тргна“ кон новинар.

Видео: Алек Болдвин со чадор нападна новинар на сред улица

-Заминувај и престани, холивудскиот актер Алек Болдвин со чадор во рака се залета кон новинар, за среќе се заврши без физички контакт.

Алек Болдвин го шокираше светот кога на сминањето на филмот „ Rust" со филмски пиштол ја уби актерката Халин Хачинс и го рани режисерот Соуза.

Полека се истражуваат деталите за трагедијата, а полицијата интензивно работи на решавање на овој невообичаен инцидент.Алек Болдвин е снимен пред куќата на режисерот Вуди Ален во Њујорк, каде дошол во судир со новинарот Џон Левин, пишува Дејли Меил.

„Господине Болдвин, што ве носи во Њујорк“, прашал новинарот.

Бидејќи актерот се изнервирал со ова прашање, тргнал кон новинарот држејќи чадор во рацете.

– Не смеете да фотографирате пред приватна куќа – извикал актерот.

Новинарот Левин му возвратил дека тоа е јавна сопственост, а сопругата на Болдвин, Хилари, му повторила:

- Оди си, престани.

„Дали навистина не го повлече чкрапалото? Дали верувате дека пиштолот пукал без да го повлечете чкрапалото? Дали беше дефект - продолжи новинарот.

Очигледно е дека овие прашања го вознемириле Алек, кој веднаш тргнал да се пресмета со новинар на сред улица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен конгресмен е во центар на скандал- ФБИ ја претресува неговата куќа поради сексуално недолично однесување

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот демократски конгресмен Ерик Сволвел, истакнат критичар на американскиот претседател Доналд Трамп пред да поднесе оставка од Конгресот.

Поранешен конгресмен е во центар на скандал- ФБИ ја претресува неговата куќа поради сексуално недолично однесување

ФБИ изврши рација во домот на поранешниот демократски конгресмен Ерик Сволвел, истакнат критичар на американскиот претседател Доналд Трамп пред да поднесе оставка од Конгресот, како дел од истрагата за наводите за сексуално вознемирување, изјави извор на Ројтерс запознаен со истрагата.

Агенти на ФБИ ги запленија електронските уреди на Сволвел на меѓународниот аеродром во Сан Франциско и го претресоа неговиот дом во Вашингтон минатиот викенд, изјави изворот.

Адвокатот на Ерик Сволвел не одговори веднаш на барањето за коментар.

Сволвел поднесе оставка од своето конгресно место во април и се откажа од кандидатурата за гувернер на Калифорнија откако четири жени го обвинија за сексуално вознемирување, вклучително и сексуален напад и испраќање непосакувани експлицитни фотографии.

Сволвел се извини за „грешките во проценката“, но рече дека наводите се лажни и вети дека ќе се бори против нив.

Локалните власти во Њујорк и Лос Анџелес започнаа истраги за наводните напади, додека Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека ги истражува наводите дека Сволвел нелегално ангажирал дадилка од Бразил.

Сволвел, кој првпат беше избран во Конгресот во 2012 година, доби национално признание како еден од најгласните критичари на Трамп и кратко се кандидираше за претседател во 2019 година.

Тој се сметаше за водечки кандидат за гувернер на Калифорнија оваа година пред да се откаже од трката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најсекси хокеарката на светот отвори OnlyFans, а сега ја поврзуваат со познат голфер (ФОТО)

Микаела Демојтер, поранешна канадска хокеарка која медиумите ја нарекоа „најсексипилна хокеарка во светот“, се најде во центарот на вниманието поради нејзината наводна врска со Брајсон Дешамбо, едно од најголемите имиња во LIV Golf.

Најсекси хокеарката на светот отвори OnlyFans, а сега ја поврзуваат со познат голфер (ФОТО)

Демојтер објави селфи на социјалните мрежи за време на еден од настаните на LIV Golf, а фановите забележаа детаљ во позадина: капа на Крашерс ГЦ, чиј капитен е Дешамбо.

Тоа беше доволно за да започнат шпекулации за нивната врска, но приказната дополнително ја разгоре американскиот „Ју-Ес Викли“, кој објави дека Демојтер и Дешамбо се во врска и дека се „многу среќни“ заедно.

- И двајцата се доста „затворени“ кога станува збор за врски - изјави извор близок до двојката, објавија странските медиуми.

Ни Демојтер ниту Дешамбо досега јавно не потврдија дека се заедно.

Демојтер некогаш беше голман на Блувотер Хокс во Онтарио, но повреда на предниот вкрстен лигамент ја принуди да ја заврши својата хокеарска кариера.

Оттогаш таа изгради успешна кариера како модел и инфлуенсер, и има милиони следбеници на социјалните мрежи. Таа, исто така, наплаќа речиси 17 долари месечно за своите услуги на мрежата „Onlyfans“.

ДеШамбо (32) оттогаш стана едно од најпознатите лица во светскиот голф. Тој освои два Отворени турнири на САД, а денес игра во голф лигата LIV како капитен на Крашерс ГЦ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најстарата жена на светот го прослави 117. роденден- „сменила“ шест британски монарси

Британката Етел Катерхам, која денеска полни 117 години како најстарата личност на светот, изјави дека со нетрпение очекува да го помине роденденот со пријателите и семејството во дом за стари лица во Сари.

Најстарата жена на светот го прослави 117. роденден- „сменила“ шест британски монарси

Британката Етел Катерхам, која денеска полни 117 години како најстарата личност на светот, изјави дека со нетрпение очекува да го помине роденденот со пријателите и семејството во дом за стари лица во Сари и „се радува да види што носи следната година“.

Катерхам изјави дека средбата со британскиот крал Чарлс III, кој ја посети минатиот септември, веднаш откако наполни 116 години, била на врвот на нејзината листа на животни искуства, објави Би-би-си.

Кралот Чарлс III е шестата личност што седи на британскиот престол откако Етел Катерхам е родена во Хемпшир на 21 август 1909 година, пет години пред почетокот на Првата светска војна.

Таа е последната преживеана поданичка на британскиот крал Едвард VII, кој почина во мај 1910 година, а оттогаш тронот го наследија Џорџ V, Едвард VIII, Џорџ VI, Елизабета II, а сега и Чарлс III.

Етел Катерхам стана најстарата личност на светот во мај 2025 година, по смртта на 116-годишна бразилска калуѓерка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер