Манасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја
1Манасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историја
МакедонијаВицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото КралствоПотпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство.Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон. Како што се наведува во соопштението од Министерството за транспорт, тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство. Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор. Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји. Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена. Тагови: Александар Николоски НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
ФормулаФормула 1 останува во Лас Вегас сигурно до 2037 годинаФормула 1 објави дека Големата награда на Лас Вегас ќе биде дел од Светското првенство најмалку уште 11 години, бидејќи е потпишан нов договор со важност до 2037 година.„Воодушевени сме што Формула 1 ќе продолжи во Лас Вегас уште многу години. Отсекогаш верувавме дека Лас Вегас ќе биде камен-темелник на нашето присуство во САД и ова продолжување нè поврзува со овој важен пазар на долг рок“, рече претседателот и извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, пренесува официјалната веб-страница на Формула 1. ж Лас Вегас ја освои трката во 2023 година, а досега се одржаа три, Макс Верстапен победи на две, а Џорџ Расел на една. За да се обезбеди успехот на проектот, Формула 1 инвестираше околу 500 милиони долари во купување земјиште во центарот на Лас Вегас, каде што беа изградени нов комплекс во боксот и падок. Според податоците на Формула 1, Гран При на Лас Вегас генерираше вкупен економски ефект од 3,2 милијарди долари од 2023 година, додека само изданието во 2025 година му донесе на градот околу 43 милиони долари даночни приходи.Тагови: Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Додека ВМРО-ДПМНЕ носи дипломатски победи за Македонија, СДС навива за уставни измени и редефинирање на македонската историјаКај Венко Филипче и СДС е евидентна нервозата, затоа што Македонија конечно има позитивни резултати на меѓународен план.Нервозни се затоа што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека може да се води европска политика без понижување, без тргување со идентитетот и без прифаќање диктати на штета на македонските национални интереси. Во само една недела Македонија доби силни потврди за правилната насока во којашто се движи државата. Претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта, испрати јасна порака дека Македонија има опиплив напредок во исполнување на Реформската агенда. Македонија за првпат е избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК, за периодот 2027-2029 година. Ова е сериозен дипломатски успех што претставува доверба, препознаен капацитет како и меѓународна потврда за државата. Паралелно со ова, нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент испраќа важна порака дека Македонија останува јасно препознаена како европска држава која е посветена на реформите, регионалната стабилност и партнерството со ЕУ и НАТО. Да не го заборавиме и завршувањето на пост-мониторингот со Советот на Европа, со што Македонија ги исполнува сите демократски капацитети. Почитувани граѓани, Разликата е повеќе од јасна. Македонија денес е држава која гради партнерства, добива доверба и испорачува резултати. Тоа е разликата помеѓу СДС и ВМРО-ДПМНЕ, едните се прифаќаа, другите работат, едните би ја редефинирале македонската историја, а другите ја позиционираат Македонија како почитувана европска држава. Затоа Филипче и СДС се нервозни и затоа им пречи секој успех. Им пречи што Македонија конечно оди напред. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВашингтон пресече: Судбината на Иран на Светското првенство е познатаФудбалската репрезентација на Иран доби визи за влез во Соединетите Американски Држави пред Светското првенство во 2026 година, потврдија американските претставници. Одлуката доаѓа само девет дена пред првиот натпревар на Иран против Нов Зеланд, закажан за 15 јуни во Лос Анџелес. Американските претставници изјавија дека визите потребни за учество на Иран на Светското првенство се издадени, вклучително и за играчите и клучниот тренерски и логистички персонал. Тие, исто така, нагласија дека Вашингтон нема да дозволи злоупотреба на визниот систем за да им се дозволи на лица поврзани со тероризам да влезат во САД под лажни изговори. Иранската фудбалска федерација сè уште не коментираше јавно за одобрувањата на визите. Процесот е дополнително комплициран поради затегнатите односи меѓу САД и Иран и проверката од страна на САД на лица со можни врски со Корпусот на Исламската револуционерна гарда. Иран претходно ја премести својата тренинг база од Тусон, Аризона, во Мексико поради проблеми со визите. Претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, изјави дека одлуката е донесена поради неизвесноста околу влезот во САД. Светско првенство во кое учествуваат три нации Светското првенство во 2026 година започнува на 11 јуни и за прв пат ќе биде ко-домаќин на САД, Канада и Мексико. Турнирот ќе биде прв во проширен формат со 48 екипи, при што Иран ќе игра во групната фаза против Нов Зеланд, Белгија и Египет.Тагови: Иран САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“08:57