Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка по неколкумесечно непојавување на работа - Канал 5

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка по неколкумесечно непојавување на работа

Вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, кој веќе подолг период не се појавува на работа, денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата и ја доставил до премиерот Христијан Мицкоски.

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка по неколкумесечно непојавување на работа

Во објавата на Фејсбук во која информира за оставката, Фетаи вели дека од функцијата заминува со крената глава и чиста совест. Изрази благодарност за укажаната доверба да ја врши функцијата вицепремиер за добро владеење, но додава дека во сегашните околности, повеќе не постојат неопходните услови за функцијата да ја извршува со потребната ефикасност и од тие причини се повлекува од должноста.

-Ова е добро смислена одлука, донесена со уверување дека во моменталните околности е најправедниот и најдостоинствениот чекор. Дали сум целосно задоволен со постигнатото? Секако дека не. Секогаш има место за повеќе и за подобро. Но, дали работев со најголема посветеност да поставам цврсти темели на кои може да се гради понатаму? Без двоумење, да“, пишува Фетаи на Фејсбук.

YouTube video

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во изјава за медиумите ја потврди оставката на Арбен Фетаи и најави дека реконструкцијата на Владата ќе биде во текот на овој месец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Квартет „Сигнум“-индивидуална харизма споена во заедничко музицирање

Четворицата извонредни саксофонисти Михал Кнот, Јакопо Тадеи, Алан Лужар и Едоардо Зоти, обединети во квартетот „Сигнум“  беа вистинско летно освежување на „Охридско лето“ со својот концерт што го одржаа вчеравечер во црквата „Света Софија“.

Квартет „Сигнум“-индивидуална харизма споена во заедничко музицирање

Преку нивните импресивни виртуозни вештини публиката уживаше во музика од Хенри Персел, еден од најзначајните англиски композитори од епохата на средниот барок. Магичната вечер продолжи со гудачки квартет од Антони Дворжак аранжиран за квартет саксофони од страна на „Сигнум“, а заврши со двајцата великани во американската уметност, Џорџ Гершвиш и Леонард Бернштајн.

Тенор саксофонот Алан Лужар потсети дека овој ансамбл биле дел од програмата на „Охридско лето“ во 2015 година.

-Многу се радуваме што по толку години повторно се враќаме во Охрид. Овде се чувствуваме прекрасно и драго ни е што ја делиме музиката со публиката. Квартетот саксофони е формиран пред 15 години, едноставно во студентските денови. Светот на саксофонистите е мал и така се запознавме. Свириме од 60 до 70 концерти годишно на сите континенти, рече Лужар.

Стилот што го негуваат како квартет „Сигнум“ претставува еден вид спој на повеќе жанри, со особена посветеност на музиката оригинално напишана за гудачки квартет, но и со афинитет кон рок- класиците на модерното време.

Веќе од првите тонови на нивната изведба, овие музичари започнуваат со вистински „огномет“, кој надополнет со емоции и постојана љубопитност да се преминуваат границите на музиката, прави тие да создаваат необично и уникатно ансамблово музицирање. Без разлика дали станува збор за оригинални композиции напишани за квартет саксофони или пак аранжмани на оркестарски дела, барокни композиции или рок-музика – љубовта со која „Сигнум“ им пристапува прави да можат убедливо да изведуваат музика од сите епохи и жанрови. Честопати се вели дека е тешко со зборови да се опише нивното мајсторско свирење – единствен начин е тоа да се доживее при изведбата во живо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Африм Гаши: Честит 2 Август – Ден на Републиката!

По повод 2 Август – Ден на Републиката, во име на Собранието на Република Македонија и во мое лично име, ви упатувам најискрени честитки. 

Африм Гаши: Честит 2 Август – Ден на Републиката!

Овој ден нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност.

2 Август нè потсетува на идеалите за слобода и самоопределување, поставени врз двата столба на нашата историја: Илинденското востание (1903) и Првото заседание на АСНОМ во Прохор Пчински (1944). Овие два историски настана го претставуваат континуитетот на стремежот кон држава изградена врз слободата, демократијата и одговорноста кон граѓаните.

Но, тежината на овој ден не се состои само во историјата што ја наследуваме, туку и во примерот што го даваме секој ден. Тој нè повикува да размислиме како ги живееме идеалите врз кои е изградена Републиката, нè мери според начинот на кој ги почитуваме институциите, како ја штитиме демократијата, како се слушаме едни со други и како заедничкиот интерес го ставаме над поделбите.

Затоа, да го искористиме овој ден за да ја обновиме нашата заедничка посветеност: институциите да бидат пример за интегритет, медиумите глас на јавната одговорност, граѓаните активни учесници во демократијата, а секој од нас промотор на довербата, правдата и соживотот.

Убеден сум дека, зачувувајќи го духот на соживотот и промовирајќи дијалог, почит и институционална одговорност, ќе продолжиме да чекориме напред кон поразвиена, подемократска и попросперитетна држава, цврсто поставена на неповратниот пат кон европската интеграција. Тоа е најдостоинствениот начин да ја оддадеме почитта кон Република Македонија.

Африм Гаши

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми

Голем шумски пожар, кој од областа Виотија се прошири кон Атика и подрачјето на Порто Гермено, зафати голема површина, а во неговото гаснење од утринава се вклучени девет противпожарни возила и четири хеликоптери.

Видео: Драма во близина на Атина: Огнот голта куќи и шуми

Пожарот се ширеше на два фронта, а во близина на градот Псата беше издадено предупредување за евакуација на жителите кон Алепохори и Мегара, објави ЕРТ.

Како мерка на претпазливост, во текот на ноќта беа евакуирани и населбите Агија Параскеви, Агиос Нектариос и Крио Пигади.

За време на операцијата за спасување, припадници на крајбрежната стража и на противпожарната служба со чамци евакуираа 12 лица кои беа заробени на плажата во Порто Гермен. Сите беа безбедно пренесени во Алепо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер