Вицепремиерите Анѓушев и Османи на средба со Филип Рикер

Вицепремиерите за економски и за европски прашања, Кочо Анѓушев и Бујар Османи се сретнаа со Филип Рикер, идниот американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања.

На средбата, соопшти денеска владиниот Сектор за односи со јавноста, биле отворени темите за актуелниот политички контекст во кој се наоѓа Република Северна Македонија, особено по успешното имплементирање на Договорот од Преспа, како и останатиот напредок на земјата во отстранување на пречките за напредок во европските и евроатлантските интеграции, со фокус на економските перспективи на земјата.

– За само 20 месеци успеавме да ги затвориме практично сите отворени прашања со соседите, да го финализираме легислативниот дел од Охридскиот рамковен договор, притоа, во ниту еден момент не напуштајќи ја и реформската агенда за враќање на земјата на европскиот пат, истакнал Османи на средбата, презентирајќи ги резултатите од имплементацијата на реформите од Планот 18, во пресрет на претстојниот извештај на Европската Комисија, како и на јунските самити на Европскиот Совет.

Протоколот од НАТО, истакнал тој, го отвори патот за нашето членство во евроатланската Алијанса, и согласно динамиката на ратификацијата, рекол дека е оптимист оти до крајот на годината Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на Алијансата. Османи потенцирал дека сличен напредок очекува и во европските интеграции, почнувајќи ги преговорите за полноправно членство со ЕУ оваа година.

Вицепремиерот Анѓушев говорел за потенцијалите на земјава од овој политички напредок, правејќи осврт и врз потенцијалите на т.н. „Конективити" агенда на Берлинскиот процес, очекуваниот инфраструктурен инвестициски бран, како и потенцијалите од најавените странски инвестиции.

– Перспективното отворање на преговори со ЕУ, а особено членството на Република Северна Македонија во НАТО, даваат стабилност и сигурност на земјата, што е силно охрабрување за домашните и странски инвеститори. Во 2018 година, сведоци сме на рекордно ниво на странски директни инвестиции од над 624 милиони евра, додека Владата дополнително овозможи поддршка на околу 250 компании преку мерките од Планот за економски раст. Тоа значи дека станавме атрактивна дестинација за реномираните странски компании, но и за проширување на деловните активности на домашните компании, а позитивниот политички контекст ни дава за право да веруваме дека и во наредните години резултатите ќе бидат позитивни. Работиме на создавање на стабилни партнерства со соседните земји, преку меѓусебно инфраструктурно поврзување. Поддршката од САД е особено значајна, и на политичко и на економско ниво. Станува збор за земја-стратешки партнер на Северна Македонија, која даде недвосмислена поддршка за реформите, за што сме вистински благодарни, рекол вицепремиерот за време на средбата со Рикер.

Рикер, како што стои во соопштението, ги поздравил реформските процеси во Република Северна Македонија, притоа нагласил дека со потпишување на договорот од Преспа и договорот за добрососедство со Република Бугарија, се надминуваат сите отворени политички прашања за земјата и дека со тоа се овозможува вистински правец за реализација на евро-атлантските аспирации.

На УФЦ легенда му се заканува повеќегодишна робија- Хабиб Нурмагомедов должи милиони за данок

Легендарниот УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов е во центарот на голем скандал, кој според светските медиуми би можел да заврши во затвор.

Имено, Дагестанецот бил обвинет за затајување данок во Русија, поради што му биле замрзнати средствата на банкарските сметки.

Како што е наведено, можните казни се: Затвор до три години за кривични дела извршени од физичко лице; и казна затвор до шест години за вработени во правни лица; забрана за вршење одделни работи три години; парични казни во износ од 200.000 до 500.000 рубли или во износ еднаков на заработката или сличен приход на сторителот во текот на една до три години.

Руски „Маш“ и „РТ“ велат дека Нурмагомедов станал цел на руските даночни власти откако се откажал од сопственоста на неколку фирми, а неговите роднини и блиски соработници, наводно, останале на раководни позиции во одредени случаи.

Руската Федерална даночна служба на крајот започнала истрага против поранешниот шампион на УФЦ и откри неправилности во документите, што доведе до затворање на неколку фирми, тврди медиумски извор.

Неговата компанија за промоција на мешани боречки вештини, Eagle Fighting Championship, наводно ја очекува истата судбина во блиска иднина.

Според извештајот, руските власти се сомневаат дека Нурмагомедов можеби ги користел парите што наводно не ги уплатил во руската државна каса за купување хотели и стартапи во Турција и Обединетите Арапски Емирати.

Татко пријавил дека му било испратено видео материјал од физички напад над неговата ќерка

Татко на малолетна ќерка од скопско, во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје пријавил дека преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички.

– На 11.05.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје 45-годишен маж од скопско, пријавил дека околу 01.55 преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички, информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Според пријавеното, во октомври минатата година на подрачјето на Центар, во близина на средно училиште каде учела, двете малолетнички кои учеле во тоа училиште, физички ја нападнале, додека други две малолетнички кои исто така учеле во училиштето, настанот го снимиле со мобилен телефон.

Од МВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инцидент во Скопје поради улична трка (видео)

Денеска на подрачјето на град Скопје се одржуваше трка и поради тоа беа затворени неколку улици.

Поради трката и затворените улици, граѓаните не можеа да си ги извршуваат дневните обврски, па поради тоа имаше и нервоза кај некои од возачите.

притисни ентер